Штрајкот кој го поведоа организирани сили во тогашна Рудници и железарница пред 36 години ја сруши економската реформа на Милка Планинц и тогашна Југославија се стрмоглави кон амбисот
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Столиците кои се поставени пред Парламентот неделава нема сомнение дека ја имаат стратегијата која се крои во Шампитата. Да се прави неред, да мириса на уцена, да им се прават практични проблеми на граѓаните, ама да не се троши сопствен „материјал“. Па тој штоф и го нема – гледаме и самите дека протестите на јавни места се одбегнуваат, нема доволно приврзеници, се’ се тоа „големи“ настани без доволно учесници. Се гледа тоа по јадниот одѕив, како кај синдикатите (ССМ и оној на пајтон-клубот КСС) за време на наводниот масовниот протест за Први мај!
Но заради сите околности во кои живееме – од се уште незавршената здравствена криза (која започна пред две и пол години), проблемите со можните масовни отпуштања на работниците во голем број сектори во тој период, војната во Украина со сите познати реперкусии, меѓу нив и големата инфлација која го зафати целиот свет (!), овие поставени столици сепак, со својата вградена демагогија, потсетуваат на едни други, драматично тешки денови (да, имало такви и порано) кога наводен синдикален протест пред истиот Парламент предизвика големи реперкусии. Многумина би рекле и фатални во она општество што сметаше дека сите сме горе-долу еднакви и дека економските процеси можат да се контролираат преку простиот баланс на производството и потрошувачката.
Имено, тогашната сојузна премиерка Милка Планинц (1983-86) по кој знае кој пат, се обиде да воведе, пред спиралата на инфлацијата
која голташе се пред себе и се бараше решително спречување на дивеењето на цените, донесе одлука за замрзнување на цените и платите. Во условите во кои се одвиваа процесите во земјата со големи регионални нееднаквости, тајната за тој чекор лесно беше пробиена и некој одлучил таа мерка да ја торпедира. Беше одлучено, некаде погоре и потоа се покажа, не во Македонија, тоа да го направат вработените во Рудниви и железарница, како извршители на поширок процес на расточување на сојузните институции. Тоа не се виде во мигот кога илјадници железарци пеш дојдоа од кругот каде работат (после појадокот во 9-10 часот!) и лесно ги прегазија политичарите, пред се оние градските кои се обидоа да ги натераат протестантите на разумен дијалог „како другари“, но на нив беа фрлани главно празни конзерви од појадокот кој беше нели претходно косумиран. Работниците беа упорни и влегоа во зградата и држеа говори како во Хајд парк во главната сала. Кога после многу часови се заморија ним им се обрати претседателот на републичката влада Глигорие Гоговски. И да не одиме во историја, но остана релативно непознат основниот факт – се открија потоа во просториите на ССМ отпечатени плакати – повици од претходниот ден, кога одлуката за замрзнувањето не беше јавно објавена, Значи веќе го имаме комплотот – летоците беа потпишани од Комитетот за ОНО и ОСЗ (за одбрана и самозаштита) со кое јасно се бара од работниците да излезат на штрајк и да не дозволат замрзнување на „скромните плати“. Овој орган не беше наивен, најмалку надлежен и секако не без контрола на самиот врв во фабриката (директор на Топла валавница беше Минчо Јорданов а тој потоа стана и генерален директор на гигантот, кој во негово време се раситни и конечно се затвори)!
Овој протест одекна силно во тогашна Југославија. Милка Планинц како сојузен премиер ја даде својата оставка и многу работи во земјата во која требаше да се среди инфлацијата отидоа по ѓаволите. Впрочем, ако им се попушти на железарци, зошто не и на другите во земјава? Најмногу од се’ секако настрада куповната моќ на тие работници кои добија со протестот зголемување од десет отсто, но ја срушија сета архитектура на борбата, меѓу другото и за нивниот стандард. Да не навлегуваме секако дали тој модел беше успешен, бидејќи после Титовата смрт на Планинц и се достави меморандум на ММФ со кој се бараше итно враќање на кредитите, претходно одложувани со авторитетот на доживотниот претседател, па се создаде огромна дупка во девизните резерви и т.н.
Со други зборови се потроши огромна енергија, се отвори широк простор за незадоволства во државата а преку затворањето на Рудници и железарница, на крајот се виде кој го извлече најдебелиот крај. Погодувате – работници во чие име се протестираше. Директорите брзо влегоа во транзицијата, кога фабриките немаа цена и ја отворија – на сегменти – Железарницата како нови газди.
Овој пример само покажува како се злоупотребува провоцираното работничко незадоволство за цели кои на членовите на Синдикатот и не им се согледливи. Да речеме ако го прашате членот дали сака зголемување на плата од 50 евра тој ќе се согласи. Но ако го допрашате дали сака со тоа зголемување да предизвика по еден месец или два вредноста на тие 50 евра да се поништи во инфлацијата што ќе ја зголеми, барателот може и да се замисли.
И не мора да има таква процедура, прашање е како и зошто сево ова го организираа синдикалните лидери кои до вчера ја фалеа Владата за кооперативност и добри резултати од неа? Кога во тек е носењето на ребалансот на буџетот со свои барања и логики, како и во 1986 година. И која „случајност“ – кога после многу обиди и делумни успеси (штрајкот на СОНК) Мицковски успеа да се „закачи“ за некаков синдикат како спасоносно острово во морето на неуспеси последните години, се јавија нови доброволци. Лидерот на црвено-црните, се разбира, така делумно прави надомест на приврзеници и при очевидната ерозија да добие активни членови кои би го следеле во секој негов обид да ја урне Владата и од улица.
Но, да се вратиме на овој штрајк – тој е предизвикуван од линеарните барања за зголемување на нето платата за близу 50 евра по секој вработен во јавната сфера. Што велат во Владата? „Фискалните политики за време на тековната криза треба да се планираат согласно веќе постоечкиот систем на социјална заштита кој се практикува во земјата…за да ја надминеме инфлаторната криза потребни се храбри и одговорни економски одлуки, кои нема да се водат од дневно-политичката агенда. Тие ќе се засноваат на економските закони, силна анализа и јасна цел – стабилизација, надминување на кризата и економски раст“ е најкусата анализа на министерот Фатмир Бесими.
Не сме ние нешто посебни буџетски „стипси“ – во извештаите и анализите на меѓународните институции, препораките се сведуваат на исто, а тоа е дека земјите треба да дејствуваат со таргетирани мерки, односно мерки со кои ќе се утврди точно кон која категорија на граѓани и фирми се однесуваат. Ова, како што посочува, е во интерес и во насока на одржување на фискалната и макроекономска стабилност на економијата.Ова што го бара ССМ не е таков таргет, бидејќи се однесува на најширок круг на корисници што може да се замисли во една земја – целата јавна управа и услуги. Просто да не можеш да ја доброиш колку се тоа лица на платен список.
Јасное е дека тоа што владата во време на пандемијата стана најголем работодавач (па ги змаени грижите за плати и на газдите во приватниот сејктор) како да ги направи синдикалците еднонасочни во проценките. Но, тоа владата на Заев го направи во услови кога фискалниот простор за реакција е намален, имавме вонредна здравствена состојба па имавме и големи задолжувања. Но и ССМ треба да се навикне на тоа дека не може да биде поддржувач на потрошувачка од типот „дупка без дно“, односно мора да свати дека во услови на неминовно земање на големи и тешки финансиски обврски надвор сите општествени субјекти се соодговорни за економсиките состојби.
При креирањето на фискалните политики мора да се земе предвид и овој момент, со оглед на растот на цената на пазарите на капитал, кој се очекува. „Фискални мерки треба да има во секој случај, но фискалниот одговор за време на пандемијата и во текот на оваа ценовна криза, во секој случај, треба да се различни, бидејќи, различна е и природата на кризата и тековните услови за финансирање и спроведување на мерките“ – коенетира министрот за финансии…
Па, оној кој сега штрајкува во јавната управа и јавните услугио треба да земе во предвид и дека е прекуброен, дека добива работа за која нема соодветно враѓање со услугите, енма квалификации за таа работа, дека државата се обидиува да му ја субвенционира струјата (преку оние категоризации), дека на друга страна добива бенефициран јавен сообраќај и уште што ти не, бидејќи и ние, како и целито свет сме во криза Или да напишеме со големи букви КРИЗА.
За најголем дел од елементите на таа криза (подобро би се рекло – кризи) земјава не е одговорна. Тоа е секако нешто за што мора да постои сеиопшта одговорност а субјекти кои не се однесуваат така (како во случајов лидерите на ССМ) се одговорни пред јавноста, ако не пред свиојата совест. Да потсетиме дека инфлацијата, која ги загрозува сите сегменти на потрошувачката направи земјава (власта) да се концетрира на два сегменти – енергија и храна и дека на тоа се користат најголем дел од ресурсите во држава, која, сепак и онака има широк фронт на социјални мерки!
По завршувањето на минорниот митинг од 18 јуни (изброени 12 илјади учесници) Мицковски и неговата камарила најавија дека сега ќе продолжат со користење на – да симплифицирам – туѓи, позајмени штрајкови во низа за правење на постојан хаос во државата. Почна до понеделникот со полицијата во судовите, потоа дојдоа на ред дуќанџиите во ГТЦ, па сега штафетата премина на ССМ…
Да се вратиме на почетокот на текстот – во средата вечер во Кремљ веројатно отвораа шампањско. Ја срушија владата на Петков во Бугарија, а така ја одложија и можната разрешница за приемот на земјава во одаите каде се рпеговара со ЕУ, продолжуваат вознемирувањата на македонската Влада (оваа Влада, да појасниме, која ја сметаат за свој непријател), па нека биде тоа за привремен крај за тој ден спречија еден елитен македонски клуб да биде дел од ЛШ, бидејќи, еден руски тајкун кој тука имаше широк избор на заработувачки а мали „вратки“, уште понавреме се повлече од таквите свои мали финансиски екскурзии.
И да не заборавиме – и работниците на Железарница не беа свесни дека некои далечни конци ги тераа да бидат кукли во покрупни стратегии. Цената која тие – па и сите ние – на крајот ја плативме беше преголема во однос на формалните барања кои некој друг им ги скроил на некаков валкан кафеански чаршав.