Комисијата за избор на професор на професор на Факуклтетот за биотеннички науки јасно предолува дека од две кандидатки едната има јасна предност по сите основи во однос на тората кандидатка. Ана ја избира втората, инаку ќерка на финансовиот раковдител на УКЛО
ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ
За непотизмот и образовниот криминал на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола е пишувано многу често. Веќе на сите им е јасно како функционираат работите таму. И покрај интервенциите на институциите очигледно истиот продолжува и никој нема ниту слух, ниту желба да го сопре.
Најновите случувања на УКЛО-Битола го потврдуваат ова. Да се потсетиме, на 17.05.2023 година во дневен весник „Нова Македонија“ беше објавен ЈАВЕН ОГЛАС за избор на наставник во сите наставно-научни звања во наставно-научните области (50300) – Економска теорија и (50329) – Економика и менаџмент на претпријатија. На огласот е пријавена само кандидатката д-р Викторија Стојковски – ќерка на финансискиот раководител на УКЛО, Николина Неновска.
За ова беше пишувано уште тогаш.
НЕПОТИМОТ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Рецензентската комисија во состав: д-р Александра Патоска, редовен професор на Правен факултет- Кичево, Универзитет „Св. Климент Охридски- Битола“, д-р Дарко Лазаров, вонреден професор на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и д-р Николче Јанкуловски, редовен професор на Факултет за биотехнички науки – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола и воедно е и Претседател на Сенатот на УКЛО-Битола!
Овие рецензенти (спротивно на член 173 став 8 и 9 од ЗВО) имаа дадено позитивна рецензија и предлог до наставно-научниот совет на Факултетот за биотехнички науки Битола да ја избере канидатаката и покрај тоа што таа има докторат од друга област – менаџмент. По интервенција на Државен просветен инспекторат огласот е поништен.
На ден 07.09.2023 година објавен е нов ЈАВЕН ОГЛАС за избор на наставник во сите наставно-научни звања во наставно-научната област (50329) – друго (Менаџмент). На овој оглас пријавени се две кандидатки, меѓу кои повторно е пријавена ќерката на Николина Неновска – д-р Викторија Стојковски. Врз основа на Одлуката на Наставно-научниот совет бр.02-537/5 од 19.09.2023 година, формирана е Рецензентска комисија во состав: д-р Трајко Мицески, редовен професор во пензија на Економски факултет, при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, претседател, д-р Ирена Ашталкоска, вонреден професор на Факултет за Економски науки при Американски Универзитет на Европа (АУЕ ФОН) – Скопје и д-р Николче Јанкуловски, редовен професор на Факултет за биотехнички науки – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола и воедно е и Претседател на Сенатот на УКЛО-Битола!. Повторно како член на резентзентската комисија се јавува д-р Николче Јанкуловски кој претходно дал предлог да ја изберат д-р Викторија Стојковски и покрај тоа што не била од областа за кој е распишан конкурсот. Истиов овој Николче Јанкуловски (постапува незаконски и нестатутарно) кој е претседател на Сенатот на универзитетот на УКЛО-Битола!
ПАРАДОКС Рефератот за избор во звање е објавен во Билтен бр. 510 на 02.10.2023 година. Во рефератот комисијата има дадено извештај за двете кандидатки каде се вреднувани и оценувани наставно-образовната, научно-истражувачката и стручно-апликативната дејност, како и дејноста од поширок интерес на двата пријавени кандидати: д-р Викторија Стојковски и д-р Марија Мидовска Петкоска.
Согласно истите, кандидаката д-р Марија Мидовска Петкоска има исполнување на повеќе општи и посебни услови кои се предвидени за избор во звање во однос на кандидатката д-р Викторија Стојковски. И тоа: има остверен повисок просечен успех на студирање на сите три циклуси во однос на канидатаката д-р Викторија Стојковски; има објавено вкупно 13 научни трудови во последните 5 години, наспроти кандидката д-р Викторија Стојковски која има објавено само 5; цитираноста на трудовите објавени од кандидатаката д-р Викторија Стојковски е помала во однос на цитираноста на објавените трудови од канидатаката д-р Марија Мидовска Петкоска; бројот на учества на меѓународни научни конференции од страна на кандидатката д-р Марија Мидовска Петкоска е 14, а на кандидаката д-р Викторија Стојковски е 6, во однос на посебните услови кандидаката д-р Марија Мидовска Петкоска има освоено повеќе поени (20 поени за д-р Марија Мидовска Петкоска, 12 за д-р Викторија Стојковски); Кандидатката д-р Марија Мидовска Петкоска има објавено 7 дополнителни научни трудови, има учествувано на научно-истражувачки проекти и тоа на некои се јавува како раководител, била член во организациски одбор на меѓународни научни конференции, има реализирано меѓународни мобилности на странски универзитети, има одржано гостувачко предавање на странски универзитет, активен член е во здружение за наука, има учествувано во изработка на елаборати за втор и трет циклус стдуии, има учествувано во тела за вештачења, има објавено книга од областа, има објавувано стручни статии во списание, има реализирано обуки – посебни услови кои ги нема исполнето кандидатката д-р Викторија Стојковски.
Дополнително, по сите останати посебни услови кандидатката д-р Марија Мидовска Петкоска има реализирано повеќе во однос на другата кандидатка. Сите овие факти рецензентската комисија ги има наведено во извештајот. И покрај тоа на крај како предлог за избор и имаат дадено на кандидатаката д-р Викторија Стојковски, односно самите си противречат и ја потврдуваат нивната необјективност во дадениот предлог.
Со ова уште еднаш се потврдува дека во УКЛО-Битола, може да се вработат оние ќерки и синови на постојните раководители, функционери, а за останатите кадри нема место. За потсетување и сопругот на Николина Неновска е вработен на УКЛО – на Технички факултет Битола, синот на Николина Неновска е вработен во УКЛО – на Правен факултет. Од оваа фамилија остана уште ќерката Викторија Стојковски која еве сега ќе биде дел од Факултетот за биотехнички науки Битола.
Со тоа Битолскиот универзитет (УКЛО) можеме да кажеме дека е фамилијарен бизнис, а не државна високо-образовна институција!.
ДАЛИ ЗА ОВА ЌЕ СЕ СНОСИ НЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ? Го повикувам ректорот на УКЛО-Битола, професор д-р Игор Неделковски, да се одважи и доследно да го почитува и примени член 101 од Законот за високо образование, каде што цитирам: „Одговорност на ректорот за законитоста и одговорноста“, во истиот тој член став 1 стои: „Ректорот се грижи за законитоста и статутарноста на работата на универзитетот и на единиците во неговиот состав и има право и должност да запре од извршување, односно да укине акт на нивните органи, за кој смета дека не е во согласност со закон, статут, општ акт или одлука на универзитетот“ Ставовите 2, 3, и 4 од истиот член оставам да ги прочитаат сами, деканот, претседателот на Сенатот и ректорот.
Дали раководството на УКЛО-Битола, ќе дозволи и понатаму да владее непотизмот во оваа високо-образовна институција?
Истото, горенаведено ќе биде доставено до сите надлежни домашни и меѓународни институции, а од ДКСК ќе побарам дали УКЛО-Битола постапило по предметот бр12-3885/2 од 22.08.2023 година.
(авторот на писмото е виш просветен инспектор во пензија)