Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДАЛИ 5.000 ВОНИЦИ НА КОСОВСКАТА ВОЈСКА МОЖЕ ДА ЈА ИСПЛАШАТ СРБИЈА?

December 25, 2018 Filed Under: Фељтон

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

За мисијата на КФОР на Коово во моментов се ангажирани 28 земји. Меѓу нив е Хрватска, а другите земји се исто така во мнозинство членки на НАТО. Во моментов, околу 4.000 луѓе се ангажирани во мисијата, само малку помалку отколку во задачата за зајакнување на фронталното присуство во Балтичките земји, што е насочено кон Русија!

ЈАН ИВАЊЕК

ХРВАТСКИ УНИФОРМИ Новата воска на Косово носи униформи израбоени во Хрватска

Секогаш затегнатите односи меѓу Србија и Косово во последниве месеци се неколку пати над нивото од ескалација на „обичната” нетолеранција. Апсењето на лидерите на Канцеларијата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ за време на посетата на Косово, напорот за демаркација и размена на територии, но и неодамнешното пристигнување на полицијата на Косово на браната Газиводе, во северниот дел на Косово, иако само како придружба на претседателот на Косово, Хашим Тачи, се најдраматичните инциденти. Некои потези меѓу нив се досега најважни: донесувањето во собраниска процедура на Косово на трите закони за регулирање на трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС),која има 3.300 членови, во вистинска државна војска.

Актуелните Косовски безбедносни сили на прв поглед и изгледаат како војска, опремени ни се и обучени според стандардите на НАТО од страна на КФОР, носат свои карактеристични борбени униформи, инаку од хрватска продукција. Главните компоненти се две бригади: бригадата за брза реакција со три пешадиски баталјони, како и бригада за работна помош која вклучува и полк за цивилна заштита. Но, всушност последната единица е првенствено наменета за организирање на задачите на цивилната одбрана, да помогне во текот на природни катастрофи, пребарување и спасување и слично, со додадена компонента на вооружени безбедносни операции.

Ограничувања кои беа поставени пред КСС се важни, но најважно е ограничување на користење само на лесно пешадиско оружје. КСС е опремен со пушки G36 и М4 со калибар 5.56mm, но ништо потешко од тоа не беше дозволено, како што се средни и тешки митралези, а камоли артилерија, оклопни наведувани ракети и друго оружје. Од тактички возила се користат само лесното оклопно производство SUV од турско производство Отокар Кобра и помал број на американски HMMWV, додека останатиот дел од возниот парк отпаѓа на различни логистички возила.

БРОЈНОСТ Силите на КФОР бројат 4.000 војници

Со трансформацијата на Армијата, која би требало да значи зголемување на моќта на вкупно 5.000 војници и 3.000 резервисти, Косово ќе има одврзани раце за набавка на воено оружје, од тешки митралези кои можат да им овозможат монтирање на постоечките тактички возила, преку оклопни возила со различни видови на ракетни системи. Бидејќи, тоа ќе биде релативно мала армија, само малку помоќна од КФОР, армијата на Косово тешко ќе може да се одржи пред целиот спектар на можности, кои значат користење на авиони, оклопни и механизирани сили и слично. Сигурно може да се очекува хеликоптерска компонента, со можно помало количество оклоп и тешка артилерија. Но, покорисна инвестиција ќе биде модерен антиоклопен ракетен систем и лесно преносни ракетни системи, ПЗО. Во случај на војна ќе се закануваат со користење на асиметрични тактика против надмоќна армија, за што косовските сили веќе имаат искуство.

КАМП БОНД СТИЛ Американската база може да прими седум илјади војници

Секако, на формирањето на косовската армија сериозно се спротивставуваат претставниците на косовските Срби, како и на самата Србија. Причината, секако, не е во потенцијална воена закана. Српската војска се многу поголема и посилна вооружена сила, со релативно добро надополнета од страна на опсег на способности, иако има застарени платформи, ама никако не мопже да ја загрози армија од 5.000 мажи. Главните проблеми се српската загриженост се можни агресивни акции на север од Косово, населено со српско население, како и фактот дека националната армија е уште една карактеристика на суверенитетот на државата, која не се согласува со актуелната српска политика која категорично одбива да ја признае независноста на Косово. Изјава на командантот на КБС Раман Рама за преземање на границата на Србија со идната војска на Косово, исто така ги загрижува Србите. Скептицизам кон формирањето на Армијата изрази и Русија, истакнувајќи дека таквиот потег ќе ја поткопа стабилноста на Балканот и дека е во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, според кој на Косово е дозволено присуство само меѓународните воени сили, што се прави со КФОР.

МАЛИ ЕДИНИЦИ Српската армија се трансформира во мали единици за брзи интервенции

(продолжува

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Фељтон

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet