Марија Груевска „из Битољ“ го освои осмото место во финалето на Гранд продукцијата и потпиша договор нејзината музичка кариера ќе буиде спонзорираана. Но, ѕаа несомнено е шампионот на шоуто со внесување на сериозни шоу елементи последните месеци, метод кој потоа беше следен од други имитатори, но секако безуспешно. Нејзината појава со бел питон околу вратот и телото секако ќе остане во меморијата на милионскиот аудитоериум
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Македонskata естрада во подогото од една година натпреварување за избори на ѕвезди на Гранд продукцијата, секако најголем музички продуцент на Балканот, во финалето имаше двајца кандидати. Едната беше Марија Груевска од Битола која го освои осмото место, на листата од 16 имиња, додека скопјанецот (по раѓање струмичанец) Мите Стпилков стигна ди високото четврто место. И обајцата со своите позиции и претходно сигнаа до точката на потпишување на договор за спонзорирање од страна на Гранд продукција во следните години (речиси една деценија), но и на обврска, како кај фудбалерите, на верност кон белградската куќа. Последното, дознаваме, напшравило нервоза кај многу успешни натпреварувачи кои не ги прифатиле таквите договори. Но за тоа – друг пат…
Појавата на Марија Груевска е значаен исчекор во сваќањето нна она што е тоа музичко шоу – најмалку е тоа само некаква „кукумјавка“ пред камерите, па и во тесна облека кај дамите, Груевска излегуваше во секој настап со специјална костимографија, усогласена со песната со која се претставуваше. Таа знаеше дека шоуто е и порака до гледачите, но и изложување на нешто многу повеќе од својот глас. Директорот на шоуто – познатиот Мили (Александар Милиќ) изјави дека не верува дека во следните 20 години ќе се појави таква шоуменка како Груевска и нагласи дека во овој натпревар не се бира само „добар глас“. Така што за еазлика од огромното мнозинство на натпреварувачи – па и шампионот и вице-шампионот – се беше со многу скромен визуелен впечаток и генерално го задржа шоуто во стерилното корито на поп музиката (инаку главно тоа беа фолкери).
Кандидатката на која се чини кариерата ѝ оди од рака, од круг во круг, дефинитивно е нашата Марија Груевска, која во една од последните настапи се појави со голем албино питон, кој чини ни помалку ни повеќе туку 150 евра, изнајмување за еден ден. јавија медимуите.
– Најважно што треба да го имаш за ова натпреварување, а и за сѐ во овој естраден свет, барем според мене, е да бидеш професионалец во секоја смисла и да си дел од еден одличен тим, во кој секој си го знае својот занает. Плативме 150 евра за изнајмување на змијата. За реализација на сѐ досега, дел од финансиите се од наши добри другари, кои засега ќе останат анонимни, a ќе ги посочиме кога ќе дојде време, затоа што без нив, тешко ќе се реализираше сѐ – им изјави на новинарите Марија.
-Од самиот почеток имаме концепт. Првично мислевме круг, два… Но кога видовме дека публиката, пред сѐ продукцијата, е „гладна“ за нешто ново и различно, го надоградивме концептот и искрено имаме план за до самиот крај, без разлика кога ќе завршиме со ова натпреварување – искрена е Груевска во изјава за „Слободен“.
Интересно е дека таа рече дека и помогнало што нема суета во себе и во настапите, со што на жирито му олесна, бидејќи од тоа зависеше конечниот избор а тој не секогаш беше непристрасен, особено како се приближуваше последниот круг! Еднаш таа се провлече само со помош на гласот што го дава менаџментот на продукцијата, која сакаше токму да добие во свежина токму со визуелниот сегмент на настапите на Марија.
Ова беше четврта сезона на ова шоу и нема анализи што стана со претходните финалисти. Од кандидати од Македонија имаше неколку кандидати кои беа целосно неправедно исфрлени како рокерот Александар Јосифовски од Охрид (за кого пеачката од жирито Карлеуша изјави дека е најдобар натпреварувач во тој жанр и девојчето со лирски глас и невина појава Мими Јовановска од Велес.
Секако дека бројот два како „количество“ на кандидати во финалето за земјава беше однапред планиран од менаџментот. Во последниот дел од финалето имаше по еден натпреварувач од БиХ, Македонија, Црна Гора и Србија. Ова беше битно да има гледаност и доволно гласови кои се разбира Гранд ги дели со телефонскиот оператор. Тоа што по вака национално поделени кандидати Македонија има многу мали шанси во телевоутингот – кој и е виновен!
Марија студира Музичка академија и неодамна откри дека има уште само два испита до дипломирањето.
„Музиката е нешто кое не се меша со омраза. Како маслото со водата. Некој можеби од незнаење ќе се обиде да ја обезвредни, ама таквиот не ја обезвреднува музиката, туку себе си. Музиката е израз на чувства, запазувања и визија. Немаме сите исти чувства. Сакам сѐ што е популарно, таков смер и изучувам. Музиката и омразата не одат заедно“, раскажа таа во едно интервју.