Нови директорски имиња во јавните градски претпријатија.- прва задача на секоја вмроовска управа!
Како и кај секоја нова управа по смени после избори и онаа чие чело е Данела Арсовска, лордмерката на Скопје не пропушти веднаш да поставува свои кадри во претпријатијата што се под неа. Таа во рок од неколку недели ги смени старите директори со нови.
Кога пред некој ден си поднесе оставка еден од најуспешните менаџери во градот – директорот на зоолошкас градина Ѓорги Гаалетановски. Тој тоа го стори пред да биде сменет, се разбира, за да не и даде заоволство на градоначалничката Арсова.
За оставката, тој информираше на неговиот Фејсбук профил.при што истакна дека „во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрва и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби Зоо и направивме живеалишта за фламинга и пингвини по светски стандарди. Организиравме многу хуманитарни акции, помагавме секаде каде што можевме и тоа беше нашата најголема сатисфакција за успех. Зоо Скопје стана прва дигитализирана зоолошка на Балканот, со своја апликација и онлајн продажба на билети.“
Тој имаше силна медиумска поддршка, но по смената немаше ама буквално ниту еден коментар или осврт на нашите „независни медиуми“!
Кој е новиот в.д. директор на зоолошката? Е тоа е актуелен негивател во ЗОО Скопје од 2011 година. Нерговата мајка Татјана Стаменов била директорка на таа институција (кога градоначалник беше Коце Трајановски)) што се разбира тогаш мирисало на некаков непотизам негова десна рака е Тина Мицковска (!). Таа главно работела како пи-ар на разни манифестации (Пиволенд, Вино Скоп), па и во ТВ 24 кусо време.
Освен што е „мамино синче“ новиот директор на ЗОО Скопје се поврзува и со одметнатиот Румен Стаменов, кој уште во време на премиерот Груевски заработи кривична пријава и деновиве пишуваше декапобегнал и наводно живее во Димитровград (на границата на Србија и Бугарија, нели).Стаменов бил директор на Републипчкиот инсопекторат за земјоделство.
Имаат ли другите новоизбрани директори на јавни установи од градоначалничката Арсова некакво семејно педигре? Инаку тоа сер следните: Иван Илиевски за в.д. директор на ЈСП „Скопје“, на местото на досегашниот Кристијан Чушков. Новоименуваниот работел во АСМ а бил и инструктор за шофери кои работата во фирми од меѓународен транспорт. Ништо така значајно како менаџирање на многу ком0плексен систем на јавен транспорт, особено кога неговата шегица нема поим како да се води оваа форма на масовно користеа форма на транспорт! Или можеби тоа го прави и деален директор на ГСП?
Јане Мицевски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште, е именуван за нов директор на депонијата „Дрисла“. Тој го замени Коста Начевски. Нерма назнаки кои се квалитетите на овој политичар за оваа важна функција која претходниот градоначалник Шиолегов по 10 години ја врати под капа на градот.
Арсовска инаку го разреши Бобан Црничиќ од функцијата директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје и го назначи Борис Настов за нов в.д.директор на јавното претпријатие.. Настов работел во градежни фирми и во Министерство за финансии.
И ЈП „Лајка“ има нов директор веќе десетина дена. На местото на Тина Петрушевска за в.д. Директор е поставен Воислав Димитровски..
Списокот засега тука застанува. Тоа е секако засега. Лицата се именувани за в.д. за да се заобиколат другите форми на избор (конкурс) и би требало да е времена (до 6 месеци) ама кај нас пшо одомаќена практика тоа трае ли трае Нема да има и се чиони и расправа на седница на Советот на градот?!
За размила од кадровските промени, кога е во прашање Арсова, доста прав се крева околу нејзината одлука, најпрвин да се штеди и да не се украсува градот пред Новата година. Потоа излезе дека украсување ќе има, ама бесплатно! Но ова е засега за Гинис – ем бесплатно, ем невидливо. Фирмата која беше „ангарија“ – како што разбравме – ја украсува Приштина. Ама не без пари.
Реакција на граѓаните се слева во следните наслови – „Мрачно“, „Тмурно“, „Катастрофално“, „Како да не е Нова година“, „Можеби бесплатното украсување е невидливо“, вака граѓаните на социјалните мрежи реагираат на моменталната слика во Скопје. Затоа рестораните и кафулињата покрај шетачката улица на Кејот 13 Ноември и на улицата Македонија веќе се накитени со новогодишни украси и светилки и ја поседуваат препознатливата предновогодишна еуфорија. Исто така, украсени се и моловите низ градот. Претходно градоначалничката Данела Арсовска најави бесплатно разубавување на градот, но засега нема ништо од тоа.
Арсовска на првиот брифинг и засега единствениот со новинарите, на три дена по стапувањето на функцијата рече дека е неприфатливо да се дадат околу 240.000 евра за новогодишно украсување на градот, а притоа да се најавува дека ќе има можни рестрикции на струјата и со тоа да нема светло на улиците.
– Неприфатливо Градот е секоја година да плаќа 240.000 евра за новогодишно украсување. Сметам дека тоа може да се постигне со помалку пари, како што претходно чинело и по 80.000 евра, а може и за многу помалку. Кој вели дека градот ќе биде тажен затоа што нема да има такво новогодишно украсување? Мислам дека нема потреба да се дадат толку пари, затоа што како ќе светат светилките кога ќе нема струја? Јас се надевам дека фирмата со која е склучен договорот ќе биде општествено одговорна и ќе има разбирање да се раскине договорот – објасни Арсовска.
Арсовска прво се пофали дека успеала да го раскине првичниот договор со компанијата „Линк медиа плус“ во вредност од околу 240.000 евра, потоа градоначалничката повторно се пофали дека истата фирма ќе го украсува Скопје, но овој пат без пари. Првично според информациите кои беа споделени во јавноста, новогодишното украсување на главниот град требаше да започне на 10 декември, но во моментов единствено што светка се уличните светилки.
– Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк медиа“.
Сепак, и покрај сите најави, доколку прошетате низ плоштадот „Македонија“, улиците во централното градско подрачје ќе забележите дека нема никакво разубавување на Скопје, нешто по што е препознатлив Градот во овој период од годината, нешто на коешто се радуваат најмладите, но и повозрасните..