Владата се нафати да ги преземе и доврши некои проекти кои едноставно се стопирани во Скопје од страна на актуелната градоначалничка. Меѓу нив е и Универзална сала
Неодамна на прес беше потв рдено дека Министерство за култура се договорило со градоначалничката на Данела Арсовска, на состанок на кој присуствувал новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.централната власт да го преземе проектот Универзална сала. Според извештајот на ТВ Телма иако претхоно Арсовка дала комоплетна согласност за таа рокада, таа на пресот упаѓала во збор и се карала со министерката за култура, архитектите и проектантот за реконстукцијата на Универзална сала. Наместо култура на дијалог и конструктивни забелешки – стои во извештајот на Телма.
Министерот Пенов потврди дека постои комплетна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура, кој патем побарал објаснување и за други проекти, како што се подземниот премин кај „Рамстор“, мостот во Карпош кај Љубљанска улица и оној мост меѓу Аеродром и Керамидница кој едносрана остана недовршен проект. „За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска“, рече Пенов.
Во февруари годинава градоначалничката Арсовска доцнењето на реконструкцијата на Универзална сала го препиша на грешки во проектната документација и опасност по безбедноста на граѓаните. Според неа новопроектираните конструктивни елементи било предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која постои проблем да се дислоцира. Според неа ( а Глобус м,оже да потврди од разговор со првиот проектант на Универзална – Ангел Ситновски Бојс) новопроектираните конструктивни елементи било предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која постои проблем да се дислоцира, додава таа.
На 7-ми октомври минатата година е одржан состанок во Град Скопје на кој покрај претставници на фирмите проектант, изведувач и надзор на градежните активности присуствувале и тогашниот секретар на Град Скопје и секторски претставници кои заклучиле дека постојат сериозни технички проблеми и недостатоци во процесот на реконструкција на Универзална сала, за што е потребно да се направат измени во проектот. Но стигна реакција на констатацијата за „небезбеден проект“ од СДСМ, каде беше речено дека за таквата констатација се бзира на мислење на Градежниот факултет, потоа и од ИСИС, како и од организацијата одобрена за надзор Нема процедура што е пропуштена а стопирањето на изведбата е исклучива „заслуга“ на градоначалничката Данела Арсовска. Ама, затоа ги примиле парите од државата во висина од 120 милиони денари наменети за Универзална?!
Инаку, Владата во рамките на своите надлежности истакна дека ќе направи се’ што може да доврши од сите големи проекти кои се почнати во Скопје.
– Обврска на оваа Влада предводена од СДСМ, како политичка партија која се грижи и која има вредности во својот фундамент за грижа за сите граѓани, е дека мора да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите кои ги има. Во тој дух беше и посетата на Градот Скопје на министерот за локална самоуправа и на министерката за култура. Мислам дека сме пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за да може тој објект да биде завршен и даден на користење на граѓаните на Скопје, рече Ковачевски по отворањето на ЈОУДГ „Мило мое“ во општина Чучер Сандево во одговор на прашањето дали Владата ќе ги преземе ингеренциите во јавниот градски превоз во Скопје по хаосот што настана денеска.
Нагласи дека пред само една година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одеше по градот и кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најдобриот и најмодерен град во светот. Потоа, како што кажа, на прес-конференција Мицковски бил тој кој повторувал пред изборот дека новата градоначалничка ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје и дека ќе купел нови електрични автобуси и (дури) дека ќе се изградела фабрика за електрични автобуси.
– Од тоа не само што нема ништо, туку и превозот којшто го имаше во Скопје го нема, посочи Ковачевски.
Постојат, додаде, и други проекти што требаше да се реализираат, а не се реализирани како пречистителната станица за Градот Скопје, огромен проект кој практично беше камен на сопнување за она што се случи во градот, бидејќи очигледно се обвинуваа за поделба на провизии меѓу себе членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Потоа имаме брз автобуски превоз во Градот Скопје кој е одобрен проект со финансирање од меѓународни финансиски институции и кој едноставно не се реализира, клучката на Момин поток – огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово како исклучително важна сообраќајница што треба да ја поврзе индустриската зона Визбегово, но и Чучер Сандево, подвозниот под зградите на Лимак кој е скоро готов, а обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија – ни милиметар од тоа не е направено, прецизира Ковачевски.
По најавата дека ќе ѝ бидат одземени ингеренциите за реконструкција на Универзалната сала и предадени на Министерството за култура и дека Владата ја разгледува можноста да го преземе и реализирањето и на останатите големи проекти почнати од Град Скопје, градоначалничката Арсовска упати остра порака до Ковачевски, па дури му посочи да си гледа што треба да сработи тој како Влада, а не да и ги одзема нејзините ингеренции.
Но, таа секако може да изјави што сака ама нека не однесе до некој проект кој го почнала и го завршил?! Дури и онаму каде од Владата веќе доби финансиски средства како помош, како во случајот со Универзалка. Дури може да ја нарекуваат и „градоначалничка Нула проекти“.
(Р.Г.)