БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Мораме да си ја вратиме државата во полн капацитет. Не смеете да дозволите Вмро да не влече сите во бездната. Нивните намери се јани.
Јасни се и вашите одговорности за општата ситуацијa
Отворање на кафулињата и рестораните, на градинките и границите, олабавување на целокупниот режим кој беше воведен поради коронавирусот, вклучително и укинувањето на полицискиот час, не се работи што се преземаат поради немоќта на државата во однос на болеста и народот, туку поради моќта на државата и на народот да одговорат на единствената агресија, се разбира, со сите слабости на државата, на народот, посебно и на смртоносните политички злоупотреби на целата ситуација од страна на една злосторничка инсталација и на делови од верските заедници. Ова што е постигнато е неверојатен резултат. Амплитудите од последните денови се нормална последица на болеста во услови кога не само што општеството не беше единствено туку бевме единствени во светот со организирана прокоронска активност на разни скотови.
Во секој случај јасно е дека епидемијата е под контрола и дека дури и најидиотските поведенија на поединци, групи и цели структури во оваа фаза нема да можат да го оживеат вирусот во полна потенција, без да умрат.
Хахаха!
Мерките и односот на одговорното граѓанство се покажаа посилни од природната вируленција на вирусот и од неговите коалициски партнери во ликот на мпц и вмро-дпмне.
И на некои други лудаци.
Така што работите се одвиваат добро за сите освен за вмро. Само тешки злосторници можеа во услови на пандемија да колаборираат со агресорот надевајки се дека тој ќе ги оправи последиците на нивните скандалозни поллктики. И сега, добрите резултати во заштитата на здравјето на граѓаните ги доживуваат како сопствен пораз.
Нормално, нема ништо понормално од тоа чувство за луѓе како тебе, Мицика мој.
Ваквиот развој на настаните ќе го цементира вториот аспект на нивниот пораз, тој што се одвива околу датумот на изборите. Само идиот можеше партијата да ја внесе во губитнички мод со бегањето од изборите што самите ги бараа и кои беа основа на нивната политичка профилација, со смешни изговори. Тој мод сега ќе остане, но ќе биде засилен со пораз на идејата за одлагање на изборите. Многу е важно да се следат овој ритам и насока. Релаксирањето на режимите и кај нас и во светот и резултатите за кои зборувавме, ќе натераат многумина вморони да прашаат: Мицко, а бе, ти човеку, скроз не заеба!
Третиот пораз ќе се случи како резултат на изборите. Сеедно дали вмро ќе учествува на нив или ќе ги бојкотира или ќе се реши да ги саботира. Да се циркузира и да си го копа гробот.
Пред светот кој ќе има јасна слика кој е тука злото.
Така што, драги пријатели, од сдсм, од неговите партнери во власта и во распуштениот парламент, заедно со новите коалициони партнери, почитувани граѓани, драги соборци од Шарената револуција правните, здравствените, политичките, меѓународните, економските, здраворазумските и анкетните аспекти, се на страната на решението избори да има на 21 јуни.
Мораме да си ја вратиме државата во полн капацитет.
Не смеете да дозволите Вмро да не влече сите во бездната.
Нивните намери се јани.
Јасни се и вашите одговорности за општата ситуација.
Не смееме да ја пропуштиме и оваа шанса на злото да му стапнеме врз главата