Дали се реални барањата на власта за предвремени избори во такви околности – праша пред неколку дена Филипче, по најавата во таа насока на премиерот во републичкото Собрание
СДСМ е подтовен за какви било избори, но тоа што има најава за предвремени избори само 5 месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата навистина не ѝ оди, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во понеделникот во одговор на новинарско прашање.
– Нашата теренска анкета покажува дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца испитаници од граѓаните не се задоволни од животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на европскиот пат. Ова кокетирање со ДУИ би рекол дека е пред се порака до ВЛЕН и до ЗНАМ коишто очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка. Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно – изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Христијан Мицкоски немоќта да се справи со водењето на државата, ги затскрива со измислени состојби и лаги. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, ја потести јавноста за серијата измислени ситуации пласирано во јавноста од сегашниот премиер.
„ На собраниска седница, Мицкоски одбегнувајќи да одговори на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Филипче поврзано со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ, рече дека кога било ВМРО ДПМНЕ во опозиција, безбедносните го следеле со дронови. Познатата теза на претходникот на Мицкоски, Груевски „вистината е како шило“, сега Мицкоски ја преиначи во „вистината е како црвче“. Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека договорот со „Бехтел и Енка“ е историски криминал, за пред некој дена да каже дека е супер проект. Премиерот пред неколку месеци говореше и дека за Коридорот 8, секција 3 за железницата, му понудиле мито, но и од тој случај не излезе ништо на видело. Мицкоски исто така гледаше и најавуваше опасност од дестабилизација.
„Би рекол дека тој измамнички пристап е карактеристичен само за луѓе кои што не можат да се носат со функцијата и бегаат во лага тогаш кога имаат сериозен предизвик и не може да изреагираат, немаат што да направат“-изјави Филипче, претседател на СДСМ.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повторно ја повика Владата веднаш да почне да го применува Законот за нефер трговски практики, со кој ќе се заштити буџетот на граѓаните и ќе го намали самоволието на трговците и добавувачите. СДСМ со овој закон создаде системско решение со кое воспостави јасни правила за да не може да се манипулира со цените на производите, а од друга страна и со законското решение се воспоставува ред во односите меѓу трговците и добавувачите на прехранбени производи.
„Владата да престане да тактизира со Законот за нефер трговски практики и веднаш да почне неговата примена. Овој закон опфаќа над 2.600 земјоделски производи кои се веќе дефинирани и готово применливо решение што го донесе Владата на СДСМ“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со законот се регулираат 26 нефер трговски практики, со кои над 2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничени маржи од 10%. Тоа значи дека нема да има неосновано покачување на цените и создавање на дополнителни трошоци кои директно ги погодуваат граѓаните.
СДСМ создаде системски закон за разлика од владата на ВМРО ДПМНЕ која носи половични мерки кои не даваат резултати. Ограничувањето на маржите за 73 производи, кое го наметна власта, не ги намали цените и не донесе олеснување за граѓаните.
Венко Филипче, на прес-конференцијатасоопшти дека СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра. Овој закон, беше одбиен од владината коалиција со образложение дека нема фискални импликации.
„СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој владината коалиција го одби со образложение дека нема фискални импликации. А, во исто време прифати други закони поднесени од ВМРО-ДПМНЕ без фискални импликации. Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот“, рече Филипче.
При тоа имаше потсетување дека Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и подобрување на животниот стандард на работниците. Растот на минималната плата беше приоритет за Владата на СДСМ и се зголеми од 8.000 денари на сегашните 22.567 денари. Оваа плата не само што го зголеми стандардот на работниците, туку влијаеше и на порастот на просечната плата во целата земја.