Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДВЕТЕ СЦЕНАРИЈА НА АМЕРИКА ЗА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

January 23, 2024 Filed Under: Колумни

ДЕНКО МАЛЕСКИ

Информацијата дека заменикот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О Брајан повторно се враќа во Македонија кажува дека Америка одлучила да се замеша и да повлијае врз изборите во насока која им одговара на нивните геостратешки интереси

Во претходните изданија на списанието „Фокус“ спомнав две можни сценарија на Америка за изборите кои не очекуваат. Првото е Америка да се замеша со сопствено влијание врз исходот на изборите, типичното поведение на големите сили од памтивек до денес. Второто е да не остави самите да се вариме во сопствениот македонски сос. Што ќе одлучат е вон нашето влијание како држава. Конечно, затоа зборуваме за НАДВОРЕШНА политика.

Информацијата дека заменикот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О Брајан повторно се враќа во Македонија кажува дека Америка одлучила да се замеша и да повлијае врз изборите во насока која им одговара на нивните геостратешки интереси, како на пример: Македонија во ЕУ сега. Интерес кој е идентичен со оној на бројни партии и на нивните гласачи дома. Да влијаеш врз некого во меѓународните односи значи да примениш притисок преку кој ќе ја принудиш другата страна да направи нешто што не би го направила без тој притисок. Во случајот, другата страна е партијата наречена ВМРО-ДПМНЕ. Притисокот, како што убаво гледаме во светските настани денес, може да биде во форма на хартија со потписи или на уништувачка ракета која сее смрт и деструкција: од „нон-пејпер“ за обединување на околу посакуваниот исход на македонските избори, ЕУ сега, до „нон-стејт“ какви се руските планови во Украина.

Реакцијата на нашите недоучени политолози и аналитичари во стилот што ќе ни се тогаш избори ако во нив се меша големата сила, зборува за тоталното непознавање на меѓународните односи. Страшни можат да бидат последиците од недоучени, ништо повеќе од професионални анкетари на јавното мислење, кои веруваат дека светот се врти околу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Или дека, стиснати меѓу Водно и Гази Bаба, ние сме свет за себе врз кој не се влијае од надвор. Ни судбината на Украина не ги освестува за реалностите на меѓународната политика во која пливаат и китови и сардини.Напросто, најгласните и најприсутните во јавноста ништо не разбираат од сферата на нашето живеење, надворешната политика, во која се носат одлуки за војна и мир, за живот и смрт. Ги бива само за броење гласови

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet