Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДВЕ ГОДИНИ ОД АГРЕСИЈАТА НА РУСКАТА АРМИЈА ВРЗ УКРАИНА: НАПАД ШТО ГО ОБЕДИНИ ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД СВЕТОТ

February 28, 2024 Filed Under: Македонија

Во Музејот на македонската борба за независност, се одржа мултимедијална конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина а во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ

ЈУРИШ ШТО БЕШЕ СОПРЕН На првиот ден од војната – овој тенк бргу би ги собрал

Во понеделникот во Музејот на македонската борба за независност, се одржа мултимедијална конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, во организација на Амбасадата на Украина а во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ.

Војната во Украина е најголемата закана за мирот и за европската безбедност, чиj исход ќе влијае врз поредокот, не само на нашиот континент, туку и во меѓународните односи низ годините што доаѓаат. Војна којашто ќе покаже дали годините на демократски развој во Европа, по крајот на Студената војна, се залудно потрошени за реализација на една апстрактна идеја или, пак, демократијата сè уште е жилава и доволно силна да покаже отпорност кон ретроградните и авторитарни режими и предизвиците коишто тие ги создаваат, истакна претседателот Стево Пендаровски, како прв говорник на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода.

ПРВ ГОВОРНИК Уште од првиот ден на агресијата се солидаризиравме и сочувствувавме со страдањата на милионите Украинци и бевме меѓу првите земји, коишто понуди воена, техничка и хуманитарна помош – рече Пендаровски

Пендаровски истакна дека оваа војна ќе покаже дали примената на сила ќе стане основниот принцип што треба да ја одредува природата на односите меѓу државите и во ова столетие или ќе остане на сила она што е запишано во Повелбата на Обединетите Нации дека земјите членки се рамноправни меѓу себе, независно дали се мали или големи.

Ние, додаде тој, уште од првиот ден на агресијата се солидаризиравме и сочувствувавме со страдањата на милионите Украинци и бевме меѓу првите земји, коишто понуди воена, техничка и хуманитарна помош, којашот гласно се спротивстави на погазувањето на независноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина.

„Нашата позиција не е променета и две години од почетокот на агресијата. Заедно со сојузниците во НАТО Алијансата постојано вложуваме напори, помошта за Украина, којашто и е повеќе од потребна, да не се одлага заради внатрешнополитичката динамика во државите сојузнички“, рече Пендаровски.

Според него, успесите на Украина денес не зависат само од волјата и од потенцијалите на украинската армија, туку и од финансиската, логистичката и, пред сè, воената помош којашто таа мора да ја добива.

.„И пред две години гледавме како ужасната и бруталната инвазија почна врз Украина. Путин и многу други сметаа дека руската воена моќ ќе го прегази Кијив за една една недела, и ќе ја заземе земјата за еден месец. Но тоа не се случи“ Украинците, со САД, НАТО и други партнери вклучувајќи ја и Европската унија застана на отпорот и рекоа не, рече американската амбасадорка во земјава Агелер. „Украинците не се предадоа, се бореа. Председателот Зеленски не избега од државата, туку остана и ја водеше државата. Западот не го сврте грбот, ние се обединивме и ги здруживме силите, а НАТО наместо да се распадне, порасна. Денеска, две долги години подоцна, украинските херои продолжуваат да се борат“ – констатираше таа.

ОБЕДИНУВАЊЕ Туската агресија ги обедини демократските земји – копментираше американската амбасадорка Агелер

– Вистинската граница на Украина денес со Русија е првата линија на фронтот, не само на боиштата, таа е политичката линија меѓу светот воден со закон и слободата, и онаа каде моќните луѓе ја наметнуваат својата волја во своето општество и без почит кон третото земји. Тоа е првата линија помеѓу демократијата и авторитарното владеење. Ништо помалку од тоа“. Затоа нашата поддршка е итна и суштинска денес како и пред две години. Затоа нашата поддршка мора да продолжи онолку долго колку што е потребно – рече Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во земјава на конференција „Украина- две години хероизам“ што во пионеделникот се одржа во Скопје.

 

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet