Како се штитеа правата на осуденичката Емел Рамковска која одлежа шест години во затвор, без никакво помилување а нејзиното гледање со децата може да се мери во минути. И како во еден тлефонскии разгофор меѓу Протуѓер и ексминистерката Јaнкуловска се планира а се ништи семејство
Mи одредија притвор од 30 дена и мислевме дека ќе заврши лудилото, но следуваше и уште еден, па уште еден притвор. Толку беше страшно тоа што се случи што бевме среќни што сме живи.
Ова се дел од зборовите на Емел, ќерката на Велија Рамковски и менаџерка на А1 Телевизија, која неодамна во Топ тема на Телма ТВ зборуваше за тортурата низ која поминала како една од осудените во контроверзниот случај „Пајажина“. Затворската казна што таа ја издржа беше шест години.
– Кога се разбудив прв пат во затвор реков: „фала богу, само јас сум тука“. Во таква ситуација мораш да издржиш, да најдеш и да се фатиш за нешто добро – вели Рамковска.
Вели, успеала да преживее бидејќи верувала и знаела дека не направила ништо лошо и оти најголема сила и давало тоа што нејзините деца се добро.
– Во затворот во Шутка поминав 28 месеци и не ми дозволи да ги видам моите деца. Имав некои лекарски прегледи и тогаш само можев да ги видам. Морав да им ја кажувам приказната дека ние сме јаките и се бориме против лошите – раскажува Рамковска.
Потоа, раскажува, била префрлена во Идризово каде можела два пати месечно да се види со семејството, да ги допре децата.
– Кога ме префрлуваа во Идризово, кога го видов ходникот во еден момент како да ми се избриша се. Се појави тотална сива страница. Не верувавме дека ќе го видиме Идризво, секој март и секој септември се надевавме дека судовите ќе ја увидат грешката, дека ќе се смени нешто во државата – вели Рамковска.
Со татко и Велија откако завршија во затвор, првпат се видела во судница. Таму успевале, како што вели, да се видат и да се изгушкаат и со него и со останатите обвинети.
Рамковска, вели, биле свесни дека некој сакал да ја затвори А1 Телевизија, дека на народот требало тоа да му се прикаже како криминал, но никој не предвидел која ќе биде цената.
Најавува, дека сега кога работите се смениле и се најавуваат промени во судството односно враќање на независноста и професионалноста, ќе ги бараат истите докази што биле користени против нив за да се отвори случајот повторно и да ја истераат правдата на виделина.
Емел Рамковска, ќерката на бизнисменот Велија Рамковски излезе од затвор без ден помилување. Во судскиот процес „Пајажина” беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на улицата „Перо Наков” за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
Рамковски доби највисока затворска казна од 13 години, а другите обвинети беа осудени на затворски казни во траење од две до седум години.
Еве и една друга сторија, битна како потсетување за ексминистерката Јанкуловска за начинот на кој таа се грижела за човечките и родителски права на политичките противници.
Лидерката на Партијата за економсии промени 21 (ПЕП21) и директорка на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска на Фејсбук ја потсети поранешната министерка Гордана Јанкулоска на нејзините зборови „Да ги сотреме“, однесувајќи се на Јовановска и нејзиниот сопруг Томче.
„Се најубаво посакувам за нејзиното дете. Но жалам, не можам да жалам. Простете, но никогаш нема да простам. Јанкулоска, кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите две деца не помисли на правата на мјаката и правата на децата. Кога моите две деца на возраст од нешто повеќе од 1 годинка ги остави без приходи, со кредити и долгови не помисли дека ќе имаат стресови и трауми. Кога не маплтретираа со полиција, судски процеси, не беше загрозување на правата на една жена, мајка и малолетни деца? Кога моите шестгодишни деца ги слушаа како ќе не кренеле на клоци беа збунети, потресени, вознемирени“, напиша Јовановска.
Во една од „бомбите“ кои ги објави премиерот Зоран Заев како тогашен опозиционер, а која се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски, се слуша разговорот на Јанкулоска со Мартин Протуѓер, во кој планираат што ќе прават по изборите, а Јанкулоска сугерира „да ги сотреме“.
Екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку отворено писмо им се обрати на министерките Рената Дескоска и Мила Царовска, барајќи заштита на нејзините права. Таа во писмото тврди дека се интензивира бројот на рочишта за случајот „Тенк“, а таа е во крајната фаза од својата бременост.
„Во период од само еден месец закажани се осум термини за рочишта во овој предмет, кој по својата природа по ниту еден законски критериум не би можел да се смета за итен. Термините на закажаните рочишта го опфаќаат периодот помеѓу 38 и 42 недела од бременоста, што е дури 2 недели после крајниот термин за породување. Ваквото постапување на судијата и на СЈО го покажува нивното вистинско лице на бескрупулозен извршител на политички нарачки“, пишува во отвореното писмо од Јанкулоска.