Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДВЕ ТРЕТИНИ ОД ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗА ЕВРОАТЛАНСКИ ИНТЕГРАЦИИ А ЕДНА ЗА – САМОИЗОЛАЦИЈА

September 22, 2018 Filed Under: Македонија

Анкетата на ИФИМЕС од Словенија кај нас во врска со референдумот покажува дека постои континуитет на расположението за спогодбас со Грција од пред потписите во Нивице и сега! Тоа е една речиси вкочанета поларизација

ИЗЈАСНУВАЊЕ Големата нервоза пред референдумот според ИФИМЕС не е потребна – се е јасно

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти од нив се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор, покажува испитувањето на јавното мислење што го спроведе Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана. Во мигот на пишувањето на овој текст, во петокот, на осум дена пред референдумот, ова е последна спроведена анкета со објавени резултати. Според објава на ДИК, последните анкети можат да се објавуваат само до пет дена пред референдумот, значи до вторник, 25 септември, термин кој секако ќе биде искористен од агенциите кои прават вакви испитувања на јавното мислење и тој ден може да ги имаме и повеќе од една таква анкета.

Според анкетата на љубљанскиот ИФИМЕС, направена од 1 до 10 септември годинава врз 1.218 испитаници во сите шест изборни единици, на референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција. Ова значи дека активната опозиција на референдумското прашање го сочинуаат нешто под 34 отсто од глаачкото тело. Или, би се рекло, една третина. Инаку Институтот смета дека иако земјава има регистрирано над 1,8 милиони гласачи, објективно тие се за барем сто илјади помалку!

Дали ова значи дека „про“ референдумското прашање се две третини? Секако не. Имаме и граѓани кои се мислат или кои нема да излезат од други причини. Тоа ја прави атмосферата се уште неизвесна и нервозна и во двата табори. Но, јасно е дека и според оваа анкета има доволен цензус (63,3 отсто) и сосема доволен број на гласачи меѓу нив кои ќе гласаат „за“ на референдумот (67,3 отсто).

КОНСТАНТА И во февруари и во септември бројот на приврзениците за Договорот со Грција е речиси идентитчен!

Од испитаните, 86,7 отсто сметаат дека македонските граѓани независно од етничките и политичките разлики, треба да покажат единство кога е во прашање полноправното членство во ЕУ и НАТО, додека 79,8 проценти мислат дека евроатлантската интеграција е правилна стратешката ориентација на државата.

Најголем процент од анкетираните, 74,2, го оцениле негативно работењето на претседателот на државата Ѓорге Иванов, позитивно се изјасниле 9,4 проценти, а став по ова прашање немаат 16,4 отсто.

Високи 79,2 отсто од испитаниците сметаат дека СЈО под водство на Катица Јанева добро си ја врши работата, 14,4 проценти имаат спротивно мислење, додека 6,4 немаат став.

Испитувањето на јавното мислење е дел од анализата за актуелните случувања во Македонија што ИФИМЕС ја наслови: „Македонија бира меѓу (само)изолација и евроатлантска иднина?“. Анализата најпрво потсетува на склучувањето на Преспанскиот договор, потоа се навраќа на историјата на македонската државност, а посебно поглавје посветува на поддршката од меѓународната заедница за референдумот, нарекувајќи ја „досега невидена во регионот“.

Во анализата има посебно поглавје за канонското признавање на МПЦ и како тоа да се спречи.

ЌЕ ЗЕМАТ УЧЕСТВО Ова е графички преглед на излезноста на референдумот

ИФИМЕС инаку направи анкета за тоа колку нашите граѓани ги подржуваат напорите на Влаата во преговорите со Грција и тоа . Истражувањето на јавното мислење е спроведено во период од 19 до 28 февруари на примерок од 998 лица.

Мнозинство од граѓаните на Република Македонија ги поддржуваат напорите на премиерот Зоран Заев и Владата во однос на решавањето на спорот со Грција во врска со името. Шеесет и три отсто од испитаниците во анкетата што ја спроведе  Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана изразиле поддршка. Единаесет отсто не даваат поддршка, додека 26 отсто се изјасниле дека немаат став. Паѓа во очи дека  постои голема сличност во изјавите и расположението на граѓанството во февруари и сега по истото прашање.

Повеќето граѓани ја сметат Грција за пријателска земја. На прашањето дали Република Грција ја сметаат за пријателска држава – 41 отсто одговориле потврдно, 33 одговориле со „не“, додека 26 проценти немаат став.

Педесет и девет отсто од анкетираните позитивно ја оценуваат работата на Владата на Заев, 25 проценти дале негативна оценка, а 16 отсто изјавиле дека немаат став.

Работата на претседателот на државата Ѓорге Иванов позитивно ја оцениле 14 отсто од анкетираните граѓани. Седумдесет отсто ја оцениле негативно, а 16 отсто изјавиле дека немаат став. Тука имаме видлив пад во рејтингот на Иванов.

Големо мнозинство ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство, предводено од обвинителката Катица Јанева.

Седумдесет и осум проценти ја поддржуваат работата на СЈО, 14 отсто не ја поддржуваат, а осум проценти немаат став.

Педесет и осум проценти од анкетираните сметаат дека Заев треба да изврши реконструкција на сегашниот состав на Владата, 24 се на спротивното мислење, додека 18 отсто немаат став.

ЌЕ ГЛАСААТ Еве како ќе се изјаснат гласачите на референдумот

Педесет и седум отсто го поддржуваат донесувањето на законот за унапредување на употребата на албанскиот јазик и јазикот на малцинските етнички заедници.

Дваесет и осум проценти не даваат поддршка, а 13 отсто немаат став.

Шеесет и шест отсто имаа оптимистички поглед на иднината, 24 проценти немаат таков поглед, а десет отсто изјавиле дека немаат став.

Големо мнозинство од граѓаните на Република Македонија (83 отсто) го поддржуват влезот на земјата во Европската унија. Шест отсто не дале поддршка, додека 11 проценти се изјасниле дека немаат став.

Седумдесет и еден отсто од испитаниците го поддржале влезот на Македонија во НАТО.

Осум отсто сметаат дека земјата не треба да влезе во Алијансата, додека 21 процент немаат став.

Ги предадовме бројките од двата референдуми заради фактот дека во земјавата двата табои се зацементирани на своите позиции. Ова е сенка врз цензусот ама и голема сенка врз ВМРО ДПМНЕ кои ќе бидат заглавени во калта на сите идни опции. Како што изјави во петокот ексминистерот Никола Тодоров, кој лично е за излегување на гласање – ако референдумот не успее ќе има брзи парламентарни избори на кои неговата партија ќе биде целосно изолирана и би доживеала целосен дебакл. Има и други негативни предзнаци за судбината на партијата, според Тодоров кои не се поволни за неговата органзиација. (Љ.К.)

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet