Покренато обвинение против Јанакиески и Јанушев за набавката на кинеските автобуси
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, поднесе обвинителен акт против четири лица до Основниот кривичен суд Скопје, меѓу кои и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и актуелниот пратеник и ексдиректор на ЈСП Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што соопшти Јавното обвинителство, при спроведување постапка за јавна набавка, обвинетите како соизвршители ја искористиле својата службена положба и овластување и спротивно на Законот за јавни набавки, прибавиле корист за економскиот оператор од Република Кина. Обвиниетите незаконски го фаворизирале и со него склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Со извршените дејствија нанеле штета на Буџетот во износ од 293.773.226,00 денари или 4.772.920 евра.
По три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка.
„При отворање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот М.Ј.(43), постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор, кој до денот на отворањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000, како што било пропишано во тендерската документација, стои во соопштението.
Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Република Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него.
Првообвинетиот, како што се наведува, иако знаел за недостатоците на избраната понуда, наместо да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти, тој донел Решение за избор на најповолна понуда и склучил Договор за купопродажба на автобуси на износ од 35.425.410 евра.
Со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидени и казниво по член 353, став 5 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.
Своевремено на аферата со автобусите алармираше членот на Обеддинети за Македонија, потоа и директор на Фондот за здравство Ден Дончев.
Поранешниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев си поднесе оставка на таа функција од лични, односно од приватни причини, не така одамна. Ова своевремено го призна на прес конференцијата пред партиското седиште, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Иако пред новинарите Мицкоски не образложи повеќе детали за оставката на Јанушев, сепак во дискусиите на седницата на Централниот Комитет од некои било споменато дека Јанушев го примил ударот ( „куршумот” како што било речено ) за да се спаси сегашното раководство!?
Претходно подолго време односите меѓу Јанушев и Мицкоски не беа на завидно ниво. Есента минатата година на седница на ЦК на партијата Јанушев беше избран да биде Претседател на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ. Меѓутоа, пролетта оваа година без одлука на партиските тела Мицкоски го смени Јанушев од Претседател на РИШ и на таа функција се именува самиот себе. Односно освен шпицен кандидат за премиер на овие избори Мицкоски беше и шеф на РИШ на сопствен предлог и без одлука на ЦК на партијата за разрешување на Јанушев.
Така што сценариото да биде сменет генералниот секретар и тој да биде жртвено јагне и виновник за поразот на изборите на 15 јули лани не може да биде реализирано поради две причини. Прво, Мицкоски не прифаќа дека ги има изгубено изборите на 15 јули. И второ, Јанушев не беше шеф на РИШ, туку тоа беше Мицкоски. Што ќе се рече Мицкоски како претседателот на партијата може да го предложи Мицкоски, шефот на РИШ, како жртвено јагне за губењето на изборите, но не и Јанушев.
Инаку, 1998 година по губењето на изборите Бранко Црвенковски, тогаш претседател на СДСМ го смени како жртвено јагне, Благоја Ханџиски како генерален секретар на партијата поради изгубените избори.
Но, Јанушев на овие избори беше само носител на изборната листа во третата изборна единица. И само во таа изборна единица ВМРО ДПМНЕ победи на изборите, односно освои еден пратеник повеќе од СДСМ. Значи единсвениот победник на изборите од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев во тројката, сега се повлекува од партијата, а другите кои изгубија ќе продолжат да владеат со партијата. Или што би се рекло-тимот што губи не се менува.
Постојат многу шпекулации за заминувањето на Јанушев. Веќе долго време има лоши односи со луѓе во партијата. Од таму протекоа оние фотографии дека Јанушев се подновил со скап автомобил лексус.
Но, во последно време се повеќе се говори за откривањето на одредени проневери на партискиоте пари во кои наводно се замешани луѓе блиски на самиот Мицкоски. Па се до обвинувањата на Филип Петровски дека во ВМРО ДПМНЕ на функции се доаѓа преку сексуални афери, посебно асоцирајќи на одредени пратенички од источниот дел на државата!? Дали се тоа причините за оставката на Јанушев не покажа времето!? Обвинението е капак на една кариера.