Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕБАР МАЛА, НИЈЕ ШАЛА

April 30, 2019 Filed Under: Ревија

Во саботата, по повод роденденот на починатиот драматург се посади дрво среде Дебар маало во чест на животот. Таму ќе се постави и споменик

Во чест на Горан Стефановски, на денот на  неговото раѓање, 27 април, в сабота напладне во паркчето спроти кафеаната Идадија, среде Дебар Маало беше засадено дрво, беа прикажани негови фотографии, интервјуа, предавања, се слушаше неговата најомилена музика, а сите што сакаат можеа на „отворен микрофон“ да кажат некоја приказна или анегдота поврзана со нашиот познат драмски автор.

Настанот е на иницијатива на МАНУ и организиран од семејството Стефановски и Општина Центар. Насловен е „Прослава на животот на Горан Стефановски“ и замислен како негово духовно враќање дома. Како и многу работи во животот на семејството Стефановски и овој пат настанот се одржи во Дебар Маало зашто токму покојниот писател и професор има удел во неговото креирање како култно место. Симболиката на Дебар Маало е во тоа што беше животно и духовно, а особено книжевно врзано со работата и животот на Стефановски.

– Прославата на животот на Стефановски е предвидена како мал увид во неговиот личен, семеен и творечки живот. Јавноста го знае како познатиот драмски писател, есеист и мудрец, кој низ град одеше пеш со насмеано лице, но ова ќе биде можност неговата фамилија и блиски пријатели да ја претстават неговата друга страна, како татко, сопруг, дедо и фанатик на „Битлси“, преку проекција на фотографии од неговото најрано детство до крајот на животот, проекции на видеоинтервјуа, говори и кратки семинари водени од него, видеа и фотографии од претстави по неговите текстови, во соработка со Драмскиот театар и ФДУ, соопштија организаторите на настанот.

Горан Стефановски (1952-2018) почина по кратко боледување на 66 години во Кентербери, Велика Британија. За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и  долгогодишен член на Македонскиот ПЕН-центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet