ДЕРХАН МУРАТОВ
Еден од честите ширачи на лажни вести, говор на омраза и дезинформации е и активистот и поддржувач на Левица, твитер налогот Капетански Дневник, по најавата на ЈО и МВР дека секој што јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува геноцид
Македонските поддржувачи на Путин и оправдувачите на руската агресија, војната и масакрот на цивили, меѓу кои жени и деца во Украина, продолжуваат со засилено темпо да шират руска пропаганда и дезинформации и покрај најавите на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи дека интензивно ќе ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.
„Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик“, соопшти МВР и ЈО по повод изјавите и коментарите на социјални мрежи по случувањата во Буча, Украина, каде беа убиени стотици цивили од страна на руската војска.
„Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години“, нагласија од ЈО и МВР.
По предупредувачкото соопштение на ЈО и МВР на Твитер, се јави еден од поддржувачите на партијата Левица, твитер профилот Чиз, кој шири дезинформации дека масакрот во Буча не го извршиле руските војници, и дека тоа всушност се „лажни вести“. Стотиците мртви и маскарирани тела на Украинки и Украинци, жени и деца, кои ги виде и се згрози цела светска јавност, за овој лик (кој е со лажно име) се само обични „лажни вести“ како болницата во Мариупол. Всушност, бремената Украинка чија евакуација од бомбардираната гинекологија во Мариупол беше овековечено од фото репортери на фронтот роди здраво девојче. Маријана Подгурскаја го преживеа руското бомбардирање на детската болница во Мариупол, а ги преживеа и нападите од руската пропаганда која преку амбасадата на Русија во Лондон тврдеше дека Подгурскаја е актерка и не е повредена, односно имаше неуспеша руска пропаганда да го убеди светот дека не гранатираа болница со бремени жени во Украина.
Исто така еден од честите ширачи на лажни вести, говор на омраза и дезинформации е и активистот и поддржувач на Левица, твитер налогот Капетански Дневник, по најавата на ЈО и МВР дека секој што јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства, ќе се казни со затвор од една до пет години, иронично пишува „А смееме да мафтаме со знамиња на НАТО“…
Но, покрај ваквите јасни поддржувачи на руската агресија и оправдувачи на масакрот, има и такви кои ја релативизираат војната во Украина. Извесна „Црвенкапа“ на Твитер „потсетува“ на пожарот во Тетовската ковид болница и дека никој не одговарал за тоа. На ваквиот коментар твитер налогот „Антагонист“ и коментира дека не треба да релативизира, бидејќи Тетово беше несреќен случај, а Буча е свесно убиство.
Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население. ЈО и МВР со апел до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на мејлот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување“.