Дексаметазон, евтин и широко достапен лек може да помогне во лекувањето на пациентите заразени со коронавирус кои се во тешка состојба – тврдат британските лекари. Венко Филипче вели – не трчајте во аптека без согласност на лекарот
Британски експерти, како што објавува Би-би-си, тврдат дека третманот со мала доза од овој стероид може да биде многу успешен во борбата против смртоносниот вирус. Лекот се покажал ефикасен при третманот на лица на респиратори, при што за третина го намалил ризикот од смртност, додека кај оние на кислородна поддршка за една петтина.
Лекот дексаметазон во моментов е дел од најголемите тестирања во светот за потенцијалниот третман за коронавирус.
Истражувачите проценуваат дека ако лекот се користел во Велика Британија од почетокот на пандемијата можеле да се спасат до 5 000 животи. А, бидејќи е евтин, може да биде од голема корист во сиромашните земји кои се борат со голем број заболени со ковид-19.
Според Би-би-си, 19 од 20 пациенти заразени со коронавирусот закрепнуваат без да доаѓаат во болница. Од оние што се хоспитализирани, повеќето исто така закрепнуваат, но на некои може да им треба кислород или механичка вентилација. Ова се пациенти со висок ризик кај кои дексаметазонот се покажал како успешен лек.
Дејството на лекот е во намалување на воспаленијата кај низа други состојби, и се проценува дека помага во спречување на оштетувањата што можат да се појават кога имунолошкиот систем е целосно насочен кон справување со коронавирусот.
Ваквата претерана реакција на имунолошкиот систем се нарекува цитокинска бура и може да биде смртоносна.
Во истражувањето, предводено од тим од универзитетот Оксфорд, околу 2 000 пациенти биле подложени на третман со дексаметазон и биле споредувани со речиси 4 000 други кои не го примале лекот. За пациентите на респиратор лекот го намалил ризикот од смрт од 40 на 28 проценти, додека кај пациенти на кои им бил потребен кислород, тој го намали ризикот од смрт од 25 на 20 проценти.
„Ова досега е единствениот лек што се покажа дека ја намалува смртноста и тоа значително. Тоа е огромен напредок“,
изјави за Би-би-си шефот на истражувачкиот тим, професорот Питер Хорби.
Главниот истражувач, професорот Мартин Ландреј, вели дека наодите сугерираат оти на секои осум пациенти на кои им треба респиратор би можел да се спаси еден живот. Кај пациентите на кислородна поддршка може да се спаси еден живот на секои 20 до 25 ако се третираат со лекот.
Дексаметазон се користи уште од раните 60-ти години на минатиот век за лекување широк спектар состојби, како што се ревматоиден артритис и астма. Лекот се дава интравенски на интензивна нега и во форма на таблети за помалку сериозно состојби.
Досега единствениот друг лек докажан во корист на пациентите со ковид е ремдесивир, антивирусен лек кој се користи за борба против ебола.
Тестирањата на овој лек покажаа дека тој го намалува времетраењето на симптомите на коронавирус од 15 дена на 11, но немаше цврсти докази дека ја намалува и смртноста. За разлика од дексаметазонот, ремдесивирот е нов лек, чија цена допрва треба да се оформи. Овој лек е ефикасен само кај оние паценти кои веќе се во критична фаза. Лекот што ќе ја смени играта треба да го запре преминувањето на умерените симптоми во тешка состојба кај луѓето
По огромниот наплив на оптимистички вести дека евтиниот лек „дексаметазон“ можеби е дел од решението за лекување на болните од корона вирусот, многу научници се јавија со предупредување дека јавноста е гладна по вести за спречувања на пандемијата на Ковид-19 ша можеби и се пребрзува со своите заклучоци. Еден од нив е и професорот Деви Сридар, кој е раководител на катедрата за глобално јавно здравје на Универзитетот во Единбург, Велика Британија. Тој го кажа она што погоре е цитирано без да се каже кој е изворот а тоа е Сридар во неговото интервју за „Гардијан“!
Но, не треба да размислуваме и за ‘дексаметазон’ како волшебен куршум. Овој лек изгледа ефикасен само кај оние пациенти кои веќе се во критична состојба. Вистинскиот менувач на играта ќе биде лек што ги спречува луѓето да преминат од лесни симптоми во тешка состојба. Со таков лек, заедно со широко распространето тестирање и рано откривање, пациентите може да се лекуваат во клиниките во заедницата и во амбулантите.
Исто така, тој не се осврнува на долгорочните здравствени проблеми поврзани со вирусот за оние со лесни и сериозни симптоми, со оглед на тоа што тој влијае на толку многу делови од телото, вклучувајќи го мозокот, белите дробови, срцето, бубрезите и крвните садови. НХС процени дека од сите пациенти со Ковид-19 кои се хоспитализирани, на 45 отсто ќе им треба постојана медицинска помош, на 4 проценти ќе им треба болничка рехабилитација и 1 отсто ќе бараат долготрајна акутна нега. Исто така, сѐ поголем е бројот на млади и претходно здрави луѓе кои, по Ковид-19, се борат со повторливи болки, треска, замор и гастро-интестинални проблеми, кои во САД се нарекуваат „долги превозници“. Овие се слични проблеми што претходно се идентификуваа со појавата на Сарс и Мерс, два смртоносни корона вируси.
Светот чека вознемирено да ги слушне резултатите од неодамнешните човечки испитувања на разни вакцини што би можеле да бидат готови во текот на следната година. Ние, исто така, сè уште учиме за природниот имунитет, и дали ако се заразиме со вирусот и развиваме антитела има некаков ефект во траење на време. Колку долго пред некој да може да се врати повторно со Сарс-КоВ-2?
Идентификацијата за подобар клинички третман на пациенти со Ковид-19 со сериозни симптоми не треба да ги менува основните стратегии за јавно здравје на владите за да ја запрат и сузбиваат оваа зараза. Тоа е уште едно клучно парче во загатката во управувањето со оваа пандемија, и уште еден чекор напред на долгиот пат на човештвото кое ќе учи да живее со овој вирус за наредните месеци и години“. (Гардијан)
Дексаметазонот, лекот за кој универзитетот Оксфорд неделава обзнани дека ја намалува смртноста кај пациентите со ковид 19 приклучени на респиратор или на кои им треба кислородна поддршка, кај нас и понатаму ќе се продава без рецепта.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека не се планира ваквиот лек да се ,,осигура”со тоа што ампулите би се продавале само на рецепт, како што тоа беше случај со лекот Сумамед.
Причината за ова е што Дексаметазонот не е лек кој како единечна терапија може и треба да се користи, туку се користи само во комбинација со други лекови.
– Прво, не треба луѓето воопшто да се снабдуваат со резерви или воопшто да го купуваат зашто тоа не е лек за домашна употреба и не се дава само како еден единствен лек, туку во комбинација со повеќе лекови. Тоа е во исто време лек кој како кортикостероид има многу несакани ефекти. Има противвоспалително дејство, но во исто време го намалува имунитетот. Во Америка е ставен на листата на лекови кај кои докторот треба да оцени дали бенефитот е поголем од ризикот и врз основа на тоа се дава. После детална анализа на клиничката слика и утврдување на комбинацијата на лекови, така се препишува. Апсолутно луѓето не треба да го користат на своја рака или да го купуват и да прават резерви. Станува збор за сериозен лек кој може да даде многу многу несакани ефекти, рече Филипче на својот последен лек.