Долго сокриените и необјавени дела од Франц Кафка можеби ќе го ја видат светлината на денот. Прашање е дали тука ќе има нешто спектакуларно
Долго скриени и необјавени дела од Франц Кафка наскоро ќе може да ја види светлината на денот, по децениски долги судски борби околу неговото книжевно наследство, кампања, која често можеше да се споредува со неговите надреални приказни за дминистративно-суските лавиринти, известува белградската телевизија N1.
Окружниот суд во Цирих ја подржа неодамнешната одлука на израелските судови и нивните пресуди со кои се дозволува отпечатување на книжевни содржини чиј автор е Кафка а кои стоеле, недопрени, во израелската Националната библиотека.
Тоа е документ кој може да фрли нова светлина врз еден од најмрачните фигури на литературата, Франц Кафка, чешки Евреин од Прага, кој зборувал германски и чие културно наследство се бара истовремено од страна на Израел и Германија и тие жестоко се расправаат за тоа.
Иако никој не знае точно она штосодржат сефовите, експертите веруваат дека ова може да бидат краевите на многу познати дела, кои, го виделе своео издавање без вистинската и целосна содржина. Ова се должи на фактот што многу од нив се објавенми откако пшисателот умрел!
Кафка бил болен од туберкулоза и починбал млад, во 1924 година, а своите ракописи му ги доверил на долгогодишниот пријател, уредник и издавач Макс Брод, наредувајќи му да ги изгори непрочитани.
Брод не ја исполнат желбата и ги објавил повеќето од она што го имал, вклучувајќи ги и романите „Процес”, „Тврдина” и „Америка”. Овие изданија направиле од Кафка постхумно еден од најпознатите и највлијателните писатели на 20 век.
Сепак, Бенјамин Балинт предупреди дека содржината на скриена архива можеби не ги исполнува очекувањата.
„Малку е веројатно дека тука ќе откриеме непознато ремек-дело, но сепак овие работи се вредни. Во целата работа има нешто од аурата на Кафка “, смета тој.
Франц Кафка (германски: Franz Kafka; 3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена) е еден од водечките писатели на германски јазик од 20 век. Најголемиот дел од неговите дела се објавени посмртно. Во неговите најпознати дела, романите„Процес“ (германски: Der Process) и „Замок“ (германски: Das Schloss), како и новелата„Преобразба“ (германски: Die Verwandlung), пишува за бирократијата, за алиенацијата и за немоќта на поединецот да влијае врз општествените случувања
Таткото на Кафка, Херман Кафка (1854–1931) бил трговец. Тој имал двајца браќа Георг и Хајнрих кои умреле уште како деца, пред Кафка да наполни седум години. Имал и три сестри: Габриела (Ели) (1889–1944), Валерија (Вали) (1890–1942) и Отилија Кафка (Отла) (1892–1943). Сите сестри умреле за време на холокаустот во Втората светска војна. Вали била депортирана во Полска во 1942, и тоа е последната документација за неа. Отилија му била најомилена сестра.
Иако неговиот мајчин јазик е германски, Кафка одлично знаел и чешки, бидејќи неговиот татко бил чешки Евреин, кoj потекнувал од Прага и сакал неговиот син одлично да ги зборува и двата јазика. Кафка имал познавање и од францускиот јазик и култура, а еден од неговите омилените автори му бил Флобер.
Од 1889 до 1893, Кафка одел во основно училиште во Прага. По основното училиште се запишал во гимназија каде учел 8 години, на германски јазик. Матурирал во 1901, со високи оценки. Истата година се запишал на студии на Карловиот универзитет во Прага. Отпрвин бил запишан да студира хемија, но по две недели се префрлил на право. На крајот на првата година се запознал со Макс Брод со кого ќе остане близок пријател до крајот на својот живот. Кафка многу читал и заедно со Брод го читале Платон на оригинален грчки и делата на Флобер на француски. Ги сметал Фјодор Достоевски, Флобер, Николај Гогољ за свои „браќа по крв“. Освен тоа, го интересирала и чешката книжевности го сакал делото на Гете. Кафка станал доктор по право на 18 јули 1906 а потоа една година неплатено работел како приправник во граѓанскиот и кривичниот суд.
После приправничкиот стаж работел како службеник во осигурителна компанија. Тогаш започнала неговата писателска кариера. Тој ја опишува работата во оваа компанија како нешто што го прави само за да заработи пари.
Во 1917 година се разболел од туберколоза а неговото семејство му помагало да се опорави. Најчесто била присутна сестра му Отла со која имал одлична комуникација.
Уште додека учел тој активно организирал литературни и социјални случувања, промовирајќи ги во Еврејскиот театар и покрај негодувањата на неговиот најблизок пријател Макс Брод, кој вообичаено го поддржувал во работите кои ги правел. Откако ја видел театарската изведба на еврејската театарска трупа во октомври 1911, Кафка се посветил целосно на јидишот и на еврејската книжевност. Овој интерес бил појдовна точка за тој длабоко да го истражува јудаизмот. Наспроти стравот дека е физички и ментално антипатичен, луѓето биле импресионирани од него, од неговиот момчешки, чист и аскетски надворешен изглед, неговата интелигенција и чуден смисол за хумор
Врската со неговиот доминантен татко е честа тема во она што го пишува. Во 1920 доживеал многу интензивна љубовна врска со чешката новинарка и писателка Милена Јасенска во 1923. Писмата што ѝ ги пишувал подоцна биле објавени како Писма до Милена. Во Берлин ја сретнал Дора Диамант, 25-годишна учителка во градинка која потекнувала од ортодоксно Еврејско семејство. Тој се преселил во Берлин обидувајќи се да се оддалечи од влијанието на неговото семејство и да се фокусира на пишувањето. Дора станала негова љубовница и поради неа Кафка пројавил интерес за Талмудот.
Општо е прифатено мислењето дека Кафка страдал од клиничка депресија и социјална анксиозност целиот свој живот. Страдал од мигрена, несоница, цревни заболувања, напади на бес и други оболувања создадени од прекумерен стрес и напор. Тој се обидувал да ги контролира овие заболувања преку природни методи, држејќи вегетеријанска диета и конзумирајќи големи количества непастеризирано млеко (кое се смета за главниот причинител на туберкулозата). Туберкулозата се влошила и тој се вратил во Прага, а оттаму заминал во санаториумот Кирлинг во Клостернојбург, во близината на Виена, со надеж дека ќе се излечи. Таму, тој умрел на 3 јуни 1924 година, а причината за неговата смрт најверојатно е изгладнувањето. Болките во грлото му оневозможувале да јаде, а бидејќи интравенозното хранење во тоа време не било развиено не постоел начин за негово хранење. Исто така се претпоставува дека Кафка страдал од некој вид атипична анорексија. По смртта, неговото тело било донесено во Прага, каде на 11 јуни бил закопан на Новите еврејски гробишта во Страшница, Жижиков (кој две години претходно бил припоен кон Прага).
Кафка во својот живот објавил само неколку раскази, само мал дел од неговото творештво и поради тоа неговото творештво не привлекува значајно внимание додека бил жив. Пред да почине му рекол на својот пријател Макс Брод да ги уништи сите ракописи. Неговата љубовница Дора Диамант делумно ги извршила неговите претсмртни барања. Голем дел од неговите последни ракописи, вклучувајќи 20 тетратки и 35 писма таа тајно ги задржува сè додека не се конфискувани од Гестапо во 1933. Се уште се во тек неколку меѓународни барања кои се спроведени за да се пронајдат овие изгубени текстови на Кафка. Брод ги прекршува упатствата на Кафка и ги прегледува публикациите на поголемиот дел од текстовите што ги поседувал, и наскоро овие текстови започнуваат да привлекуваат внимание и високи критички оценки.
Сите објавени дела на Франц Кафка, со исклучок на неколку писма што ѝ ги упатил на Милена Јасенска се напишани на германски јазик.
Книжевното дело на Кафка му припаѓа на германското експресионистичко движење. Врз него делувале делата на Сигмунд Фројд, а егзистенционалистите го сметаат за свој претходник. Пишувал со едноставна, речиси фактографска техника, изобилно употребувајќи ја филозофската и религиозната симболика, често на граница на алегорија. Неговиот логичен, збиен стил му овозможувал совршено природно да ги изнесува своите фантастични визии.
Во своите дела ја изложува идејата за бесплодноста и немоќта на човекот да ги сфати принципите и механизмот на светот. Малите луѓе кои се покоруваат без прашање, секогаш се во милост на „власта“, додека оние кои се бунат, се осудени.
Постојат повеќе критики кои се обиделе да го објаснат и да ги толкуваат делата на Кафка интерпретирајќи ги преку одредени школи на литературната критика – како што се модернистите, магичните реалисти. Очигледната безнадежност и апсурноста кои се врежани во неговите дела се сметаат за симболичен егзистенцијализам. Други пак се обидуваа да лоцираат марксистичко влијание во неговата сатиризација на бирократијата во делата како „Процес“, „Замок“, итн., а некои критичари пак сметаат дека главната инспирација на Кафка е анархизмот и антибирократскиот индивидуализам. Дури и денес постојат интерпретации на неговите дела преку јудаизмот (поради фактот што бил Евреин и пројавувал интерес за еврејската култура). Борхес прави неколку перцептивни забелешки во однос на ова стојалиште за јудаизмот: преку Фројд (поради семејните несогласувања) или како алегорија на метафизичко барање на Бога (Томас Ман се согласувал со оваа теорија).
Темите на оттуѓеноста и прогонувањето се повеќепати нагласени, и посебен акцент е ставен во делото на Марти Робер – кое делумно е инспирирано од делото на Жил Делез и Феликс Гуатари кои расправаат дека кај Кафка нема стереотипи на осамени фигури напишани од мака, туку неговото дело е многу повеќе промислено, субверзивно и на крајот на краиштата повеќе „весело“ отколку што тоа се чини. Биографите рекоа дека често Кафка им ги читал поглавјата од книгите на кои работел на своите најблиски пријатели, и овие читања биле концентрирани на самите себе, со константна, но често пати игнорирана, хумористична линија во неговата проза.
Милан Кундера упатува на есенцијалниот надреалистичен хумор на Кафка како главен претходник на идните артистички дела на Федерико Фелини, Габриел Гарсија Маркес, Карлос Фуентес и Салман Ружди. Во есејот „Отворени дела“ од 1962 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале ги карактеризира делата на Кафка како отворени, поради нивните многубројни значења.
Во поговорот кон полскиот превод на „Процес“, Бруно Шулц го опишува Кафка како писател со „неверојатно чувство за одговорност“ и „религизона умереност“ и „творец од голем формат, кој посегнува по највисоките задачи, кој се бори за разрешување на најдлабоките битови прашања“, истакнувајќи дека „творештвото на Кафка е богато и интензивно, од самиот почеток готово и зрело“. Притоа, според Шулц, Кафка е воспевач на божествениот поредок, но тоа го прави со карикатурална деформација, во навидум компромитирачки и апсурдни форми. На тој начин, Кафка ги исмејува проблематичноста и безнадежноста на човековите дела во однос на божествениот поредок. Во продолжение, Шулц го определува методот на Кафка како создавање паралелна, двојничка ралност којашто ја постигнува со помош на псевдореализам, т.е. Кафка ја гледа реалноста изострено и ја познава нејзината гестикулација. Неговиот однос кон реалноста е ироничен и префиден како односот на магионичарот кон својата апаратура и тој само ја симулира точноста и прецизноста на реалноста за да може подетаљно да ја искомпромитира. Книгите на Кафка не се алегорична слика или интерпретација на некоја доктрина, туку претставуваат самостојна поетска реалност што се мотивира и пронаоѓа во самата себе. Неговото дело живее со сопствен поетски живот – многузначно, бескрајно длабоко, неисцрпено од ниедна интерпретација.
Според сопственото признание, Петер Хандке повеќепати ги читал делата на Кафка за кого вели дека му значи многу. Според него, со својата чистота на јазикот Кафка секогаш ќе значи многу и тој го нарекува Кафка пример за писател од 20 век. Хандке смета дека, во однос на јазикот, не може ништо да му се префрли на Кафка, но неговите реченици се „панично назапчени“, т.е. во нив нема празнина, нема мир ниту тивок опис на природата, што е карактеристика на големата книжевност. Напротив, во делата на Кафка постои само клаустрофобичен внатрешен свет што тој го создава со најголема сугестивност, а можеби и во воодушевување за очајот. Оттука, Хандке вели дека не го прифаќа Кафка како писател на овој век, а еднаш во младоста напишал: „Го мразам Франц Кафка, вечното дете!“ Исто така, тој вели дека за Кафка чувствува презир, љубов, пријателство и сè можно, нарекувајќи го „пријател-непријател“. Меѓутоа, според Хандке, пропаст е Кафка да се нарече најсветла појава во книжевноста на 20 век, велејќи дека Кафка ќе биде проголтан и потрошен од 20 век.
Делата на Кафка се пренесени и на филм.
Во 1962 година, Орсон Велс го напишал и го режирал сценариото кое всушност е адаптација на романот “Процес” од Франц Кафка, (Тhe Trial, 1962). Во филмот на Велс, Ентони Перкинс го толкува ликот на Јозеф К, а се појавуваат а други улоги толкуваат Жана Моро и Роми Шнајдер. Велс ова остварување го сметал за свое најдобро, после Граѓанинот Кејн.
Стивен Содерберг во 1991 го режирал полубиографскиот филм Кафка во кој се меша неговиот живот и фикцијата од неговите романи. Сценариото претставува комбинација на многу негови дела, вклучително и делата „Процес” и „Замок”. Во филмот глуми Џереми Ајронс.
„Прекрасниот живот” на Франц Кафка е краток филм од 1993 година во којшто се меша и делото „Преобразба”.
Во 1993 снимен е филм на Би-би-си (Процес) во режија на Дејвид Џонс каде ликот на Јозеф К. го толкува Кајл Меклахлан, сценариото е на нобеловецот Харолд Пинтер.