Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА ТРИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ВО ПЕКИНГ – ПОТКОПУВАЊЕ НА ПОЗИЦИЈАТА НА УКРАИНА

September 10, 2025 Filed Under: Свет

На парадата во Пекинг беа и тројца  претставници на ЕУ: Роберт Фицо, премиер на Словачка, Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија и Атанас Зафиров, вицепремиер на Бугарија. Нивното присуство не беше само симболично – туку беше срамнo.

РАКУВАЊЕ ЗА ШОКИРАЊЕ Заменик премиерот на Бугарија Зафиров се ракува со кинескиот лидер Си на аеродромот во Пекинг

ДРАГАН МИШЕВ

Додека Северна Македонија јасно ја поддржува Украина на политичко поле, нема индикации дека земјата е вклучена во оваа конкретна рамка на повоена поддршка, иако во август 2023 година земјата се приклучи на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина и стана 15-та земја што го направи тоа

Додека Владимир Путин маршираше на чело на парадата за Денот на победата во Пекинг заедно со Си Џинпинг, Ким Џонг Ун и Лукашенко, таму беа и тројца  претставници на ЕУ: Роберт Фицо, премиер на Словачка, Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија и Атанас Зафиров, вицепремиер на Бугарија.

Нивното присуство не беше само симболично – туку беше срамнo. Стоејќи покрај автократи, воени злосторници и брутални диктатори, тие ги предадоа демократските вредности за кои тврдат дека ги претставуваат како членки на ЕУ. Истовремено, тие ги поткопуваат напорите на ЕУ за изнаоѓање некаков иден мировен договор во Украина, како и напорите да обезбедат распоредување војници за одвраќање на руската агресија во Украина по примирјето, на што формално се обврзале 26 земји, како што објави францускиот претседател Емануел Макрон по самитот во Париз на кој присуствуваа повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Иако Макрон не наведува кои се тие 26 земји кои се обврзаа за пост-воена поддршка, речиси сигурно е дека  меѓу нив не се наоѓаат Унгарија или Словачка, имајќи ги предвид нивните досегашни позиции — Унгарија се повлече од некои заеднички формати, а Словачка има спротивставени изјави во врска со директна помош — изгледа дека тие не се дел од оваа нова иницијатива, додека и двете влади се противат на санкциите на ЕУ кон Русија, а нивните лидери важат за најблиски пријатели со Путин помеѓу лидерите на земјите членки на ЕУ.

Бугарија, од друга страна, континуирани пружа политичка поддршка, но и воена помош на Украина, и според последните информации, таа е меѓу 26-те земји кои ветија поддршка за повоената безбедност на Украина во рамките на самитот на „Коалицијата на волни“ во Париз.

Бугарија, иако не испраќа војници, изрази волја да допринесе преку морски активности во Црното Море, како на пример чистење од мини.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков рече дека неговата земја нема планови да испрати војници во Украина, но дека е подготвена да придонесе во поморските напори во Црното Море, како што е деминирањето.

„Ќе останеме во рамките на поморскиот домен“, рече Жељазков во Софија по средбата со Антонио Коста, шефот на Европскиот совет.

Бугарија, исто така, сака да формира регионален безбедносен сојуз со соседните Романија и Турција, рече тој.

OДГОВОРНОСТ Пратенипчката од Продолжуваме со промената – Елисавета Белобрадова побара остацвка од вицепремиерот

Токму затоа , донекаде зачудува посетата на воената парада во Кина на неговиот заменик премиер, Атанас Зафиров кој ја предводеше делегацијата на БСП во официјална посета на Кина, додека во делегацијата беше и министерот за регионален развој Иван Иванов.

Ова доведе до жестоки реакции во Бугарија, каде во четвртокот беше прочитана декларација во Парламентот од партијата „Продолжи ја промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) која побара оставка од Атанас Зафиров како вицепремиер во врска со неговото присуство на воената парада во Пекинг на 3 септември, на која присуствуваа и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Декларацијата ја прочита од собраниската говорница пратеничката Елисавета Белобрадова од ПП-ДБ.

Повикот до Зафиров да се повлече прв дојде во средата од пратеникот на ПП-ДБ, Ивајло Мирчев, кој рече дека премиерот треба самиот да побара оставка од Зафиров „ако не сака ва понижување да продолжи“.

„Навредени сме од целосниот недостаток на принципиелност што го покажа Атанас Зафиров: како член на владата, како претставник на државата, како јавна личност, па дури и како Бугарин. Ако си дозволи, во личен капацитет, да заземе антибугарски и антизападен став, тоа мора да остане строго лично и да не ја имплицира нашата земја. Затоа бараме негова оставка од функцијата вицепремиер во врска со неговата посета на Кина“, рече Белобрадова

(civilmedia.mk – опремата е на Глобус)

 

 

Filed Under: Свет

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet