Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕЛЧЕВСКИ НИВИ „ПОЗЛАТЕНИ“ ВО ЕВН ПРЕД ИЗБОРИ

February 15, 2022 Filed Under: Македонија

Проширена предистрагата за нивите на „ЕВН Електрани“ – дали претресот во станот на О.Т. е потрага по „мозокот“ на шемата?

ШЕМИ Како да се дојде до „мозкот“ на трговијата „купи њевтино- продај скапо на ЕВН“

Крајот на минатата година ја одбележа и случајот на финансиската полиција за сомнителни купопродажни зделки на ниви, кои на крај завршиле во сопственост на ЕВН Електрани. По трагите од јавно достапните податоци, екипата на, „360 степени“ дојде до сознанија дека повеќе лица во Делчево и Берово, во септември купувале или добивале ниви на подарок за речиси веднаш да ги продадат и за 40 пати поскапо од пазарната цена на „ЕВН Електрани“ – фирма која сака да гради фотоволтаици.

Она што засега е непознато е кој е „мозокот“ на шемата, но и клучно – каде завршил ќарот кога, на пример, ниви проценети од локалните власти дека вредат 20 денари за метар квадратен, беа продавани за 800 денари.

„Постои основано сомнение дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец“, изјави претходно пратеничката на СДСМ,

Славјанка Петровска. „Јас ја охрабрив јавноста, Обвинителството и органите на прогон до детали да го истражат овој случај“, рече неодамна во гостувањето на „360 степени“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Клопчето продолжува да се одмрсува. Три месеци откако почна предистражната постапка за случајот со нивите за „ЕВН Електрани“, надлежните органи ги прошируваат дејствијата и на нови лица. „360 степени“ дознава дека пред неколку дена бил извршен претрес во стан во Скопје, сопственост на делчевец чиј идентитет и е познат на редакцијата, но во сторијата ќе го објават само со иницијалите – О.Т. На директното прашање до Управата за финансиска полиција – дали кај О.Т. е извршен претрес и од кои причини, добивме одговор кој индиректно ги потврди нашите сознанија.

„Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција презема дејствија во насока на обезбедување на дополнителни докази, а со цел докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела во предистражната постапка која е предмет на Ваш интерес, но во оваа фаза на предистражната постапка не сме во можност да споделиме повеќе информации“, ни одговорија од Управата за финансиска полиција.

Нема детали каква е улогата на лицето О.Т. во случајот и што е пронајдено или одземено при претресот кај него. Според јавно достапните податоци, О.Т. не е непознат за јавноста – неговите име и презиме ги има во повеќе јавно достапни бази на податоци.

ИСТРАГА Мицковски бара истрага а засега мнопгу имиња од предистрагата се негови блискисоработници

Во речиси сите примери, и приватно и професионално, има директни релации со партијата ВМРО-ДПМНЕ. – О.Т. бил бизнис-партнер на Христијан Мицкоски.

Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од основачите на фирмите кои потоа ќе изградат мали-електрани, бизнис од кој Мицкоски се повлече во 2019 година. О.Т. во медиумите е споменуван и како советник на Христијан Мицкоски. Близок е до ВМРО-ДПМНЕ и преку сопругата. Таа е високопозициониран член на Унијата на жени. О.Т. е на листата донатори на кампањата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Иако е очигледна врската меѓу О.Т. и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, молкот од Финансиската полиција засега не ја открива и неговата улога во процесот „купи евтино – продај скапо на ЕВН“.

Но, индиректната потврда или поточно отсуството на демант од Финансиската полиција дека лицето е дел од предистрагата, е уште една линија што случајот го води до опозициската партија.

Неспорните факти што досега ги објавивме се дека застапници на ЕВН Електрани во договорите за купопродажба на парцелите и во Делчево и во Берово се Мирослав Митровски и Игор Гиевски од Скопје. Гиевски е човек со политичка кариера – беше претседател на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, а беше и советник во Град Скопје од редовите на оваа партија.

За Митровски не е познато дека имал политичка кариера, но неговиот татко, Сокол Митровски, беше долгогодишен градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ИГОР ГИЕВСКИ Политички кадфар кој пали и гаси во ЕВН, го викаат Ферари

Во Делчево и продавачите се луѓе со тесни врски со ВМРО-ДПМНЕ. Едниот е поранешен или актуелен член на обезбедувањето на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, а другиот – поранешен советник во Делчево од ВМРО-ДПМНЕ. И во случајот во Берово можеше да се најде политичка поврзаност кај продавачот.

Според јавно достапните податоци, Дарко Ќ. е сопственик на бензинска пумпа во Делчево, но е овластено лице во уште една компанија, за чиј правен застапник се јавува адвокат – член на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на лидерот на партијата.

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet