Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕЛ ОД ГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ПРИЗНАА ВИНА ЗА ШИРЕЊЕ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ

September 10, 2018 Filed Under: Свет

Демократската партија во САД особено остро ја критикуваше Фејсбук за ширењето на лажните вести, како и продавањето на податоците на корисниците што ги собира Фејсбук, за поразот на Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година.

ПРИЗНАНИЕ Шерилк Сандберг во името на Фејсбук ги призна нивните гревови за ширење на фејк вестите

Претставници на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер Vminatata sreda  сведочеа пред Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат за начинот на кој овие мрежи се злоупотребуваат од странски разузнавачки служби за да се оствари влијание во американската политика.

Твитер беше претставен од директорот Џек Дорси, а Фејсбук ја испрати оперативната директорка Шерил Сендберг, кои признаа дека нивните организации направиле пропусти кои дозволиле ширење на лажни вести од странство.

– Тргнавме стотици страници и профили кои вршеа координирано неавтентично дејствување, односно лажно ги наведуваа другите корисници околу тоа кои се и со што се занимаваат, изјави Сендберг за постапките на Фејсбук, признавајќи дека компанијата бавно реагирала и рече дека е соочена со „трка во вооружувањето“ со факторите кои сакаат да го искористат Фејсбук.

Демократската партија во САД особено остро ја критикуваше оваа компанија, обвинувајќи го Фејсбук и ширењето на лажните вести, како и продавањето на податоците на корисниците што ги собира Фејсбук, за поразот на Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016 година.

И Дорси изјави дека Твитер ја засилил контролата врз корисниците на социјалната мрежа по изборите во САД, а посочи и случај минатиот месец кога пријавил појава на корисници од Иран.

ЖЕСТОКО Џек Дорси од Твитер жестоко ја бранеше својата фирма во Сенатот на САД

– Се покажа дека не бевме подготвени за сериозноста на проблемот со кој се соочивме и преземаме целосна одговорност за тоа, изјави Дорси откако сенаторите порачаа дека ризикот на кој овие компанија ја изложиле американската политика е неприфатлив.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, ги обвини големите социјални мрежи и особено Гугл, дека не се позиционирани далеку на левицата и замолчуваат десничарски коментатори во пресрет на конгресните избори во ноември. Гугл реши да не го испрати директорот Лери Пејџ, кој исто така беше повикан да сведочи, а место тоа компанијата испрати соопштение за јавноста. Акциите на Фејсбук и Твитер паднаа за време на сведочење.

Контроверзниот коментатор Алекс Џонс, познат по тврдењето дека убиството на децата во Сенди Хук во 2012 година е лажирано, неодамна беше координирано тргнат од повеќе социјални мрежи. Џонс присуствуваше на сведочењето на Дорси и Сендберг, по што ги обвини овие мрежи дека вршат цензура. Џонс воедно се конфронтираше со сенаторот Марко Рубио, што за малку ќе прераснеше во тепачка.

Според сенаторот Ричард Бур, Конгресот е загрижен оти тоа не е доволно и дека проблемот нема да исчезне. Тој изрази загриженост и дали проблемот се решава во вистинскиот правец. Во минатата година Конгресот упати остри критики кон компаниите за социјални медиуми, бидејќи доказите покажаа оти тие биле искористени во наводните напори на Русија да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet