Споменикот на Андон Лазов-Ќосето повторно да се постави откако на денешната седница на Советот на Град Скопје тоа го изгласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица
Иако екипата на Трајко Славевски (ВМРО ДПМНЕ) повеќе од една година никако да го спојат својот интерес со градоначалничката Арсовска, кога се работи за враќањето на споменикот на крволокот Ќосето на стариот пиедестал, но на ново место. Промената на локацијата воопшто не е сушстинска и таа значи ревизија на потегорт што претходниот градоначалник Шилегов со поддршка на прогресивните граѓани го стори кога го тргна тој симбол од пред комплексот на судовите.
Непосредно пред Новата година Данела Арсовска по третпат ја стави на дневен ред точката за поставување на Ќосето на кружниот тек кај хотел „Континентал“ и сега таа одлука беше изгласана. За враќање на Ќосето гласале 15 советници од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од Левица, по еден од Демократски сојуз, Гром и советничката Ирена Витина која излезе од ВМРО-ДПМНЕ и ја поддржува Арсовска. Ова секако е само зкан колку градоначалникот на Карпош Стевче Јакиновски се обидува да се прогласи „проевропскиот“ на речиси нанеговиот Канал 24 последните месеци ама бизнис интерсите му се сепак врзани за Арсовска. За другите ретро стилот не е и за чудење! Да потсетиме само накусо дека контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953) на споменикот е прикажан со кама в раката, што секако е соодветно на неговиот живот. Имено, тој е познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, кој си го убил и брата си, го отстрани ексградоначалникот Петре Шилегов во 2018 година. Оваа задача Арсовска му го должи на својот налогодавец од Будимпешта. Дали фласањето покажало дека Мицковски повеќе не се плаши Груевски да му се врати и да го исмне од партискиот престол? Најверојатно – опасноста, по него, поминала.
За чудење е сепак фактот де ка истите тие кои беа „умњетнички расположени“ не гласаа да мине буџетот на градот, со реперркусии што не треба да се објаснуваат. За него гласаше опозицијата во Градското собрание и на тој ги спаси скопјани од многу проблеми што можеа да се јават уште во првиот ден на Новата година.
Да се потсетиме дека со 25 гласа „за“, еден „против“ и двајца „воздржани“, Советот на град Скопје го усвои градскиот буџет за 2024 година. Во салата присуствувале минимал број на советници неопходен за да се изгласа буџетот на Град Скопје за наредната година, односно присуствувале само 28 од вкупно 45 советници.
Евидентно беше дека во салата недостигаат најголемиот број од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, иако дел од нив останаа за да го обезбедат кворумот за усвојување на градскиот буџет за 2024 година.
Веднаш по гласањето, со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека Арсовска го донела буџетот за 2024 година со помош на СДСМ, ДУИ и Левица.
„Мнозинството СДС, ДУИ и Левица и изгласа буџет на Арсовска за да ги укине капиталните инвестиции, намали субвенциите и парите да завршат во приватни џебови на пајташите на Арсовска. Медарката Арсовска си обезбеди полни раце мед со гласовите на Левица, ДУИ и СДС. Честито за коалицијата, жалење за новата загубена година“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, како што и вообичаено бидува во изминатиов период, денешната седница на Советот на град Скопје мина во атмосфера на постојани префрлања и тензија. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амандмани за измени на дел од ставките за градскиот буџет за 2024 година.
За време на самата седница, дел од амандманите од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го поминаа филтерот на гласање, дел беа отфрлени и од градската администрација и со гласањето од самите советници, но дел од амандманите на буџетот беа повлечени од самите советници.
.