Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕМЕНЦИЈАТА КАЈ СТАРИТЕ ЛУЃЕ – КАЈ КОЈ ПОЛ Е ПОСМРТОНОСНА?

September 17, 2025 Filed Under: Ревија

Исражување предводено од Медицинскиот факултет на Универзитетот. „Дјук“, открива дека мажите со деменција имаат повисоки стапки на смртност и поголема употреба на многу здравствени услуги, особено престој во болница, во споредба со жените. Но инциденцата на деменцијата кај женските пациенти е многу почеста

ДЕМЕНЦИЈАТА БАРА ЧЕСТИ КОНТАКТИ СО ЛЕКАРИТЕ
Жените во постара возраст одат почесто на лекар за разлика од мажите

Товарот на деменцијата не го носат подеднакво жените и мажите. Инциденцата на деменција е поголема кај жените, а жените со деменција може да имаат побрз пад на когницијата и извршната функција од мажите. Некои фактори на ризик, од метаболички и кардиоваскуларни заболувања, се чини дека се посилни фактори на ризик за инциденца на деменција кај жените, отколку кај мажите.
Жените го носат товарот на смртноста од деменција на ниво на популацијата во САД, со 72,7 смртни случаи прилагодени според возраста што се припишуваат на деменција на 100.000 лица – во споредба со 56,4 на 100.000 кај мажите (податок од 2017 година“. Не е добро разбрано дали овие нееднаквости се предизвикани од зголемените стапки на смртност кај женските пациенти со деменција, или од поголемата инциденца на деменција кај жените.
Во студијата „Разлики во морталитетот и користењето на здравствената заштита по дијагноза на деменција“, истражувачите користеле податоци од запишувањето во „Медикер“ (програма за здравствено осигурување за лица на возраст од 65 години или постари и помлади лица со попреченост), за да ја разберат поврзаноста помеѓу полот и морталитетот и користењето на здравствените услуги по дијагнозата на деменција.
Периодот на студијата траела од 2014 до 2021 година, со следење до осум години. Кохортата се состоела од 5.721.711 пациенти (3.302.579 жени и 2.419.132 мажи) на возраст од 65 години или постари, со дијагностички кодови за деменција по Меѓународна статистичка класификација на болести и најмалку една година претходно запишување во „Медикер“.
Примарниот исход бил опасноста од морталитет од сите причини, проценета со Кокс пристапот (најчесто користениот мултиваријантен пристап за анализа на податоците за времето на преживување во медицинските истражувања). Секундарните исходи вклучувале опасности од хоспитализации од сите причини, престој во установа со квалификувани медицински сестри, примање услуги за невровизуелизација, физикална или работна терапија и хоспитализација за дијагноза на невродегенеративна болест или нарушување на однесувањето. Коваријациите за прилагодување вклучувале возраст, раса и етничка припадност.

ЗАЧЕСТЕНОСТ Жениоте со деменција почесто одат на лекар ама помалку лежат во болница

Прилагодениот ризик (ја опишува очекуваната смртност на група пациенти во однос на видот и сериозноста на болеста, како и возраста на пациентот и претходните болести) од смртност бил за 24% повисок кај мажите. Пациентите од женски пол имале пониски стапки на едногодишна смртност од машките пациенти, 21,8% наспроти 27,2%, и пониски стапки на хоспитализации од сите причини, 46,9% наспроти 50,5%.
Прилагодениот ризик од смрт поврзан со машкиот пол бил 1,24 или 24% повисок. Прилагодениот ризик од хоспитализација од сите причини бил 1,08 или 8% повисок. Ризикот од хоспитализација за дијагноза на невродегенеративно заболување или нарушување на однесувањето бил 1,46 или 46% повисок. Ризикот од услугите за невровизуелизација бил за 4% повисок.
Асоцијациите за можноста за престој во установа за нега и за физикална или работна терапија, биле еднакви. Мажите поминале 8% помалку денови во болница и 3% помалку денови во установи за нега од квалификувана медицинска сестра.
Авторите заклучуваат дека половите разлики во смртноста на ниво на популација од деменција, веројатно не се припишуваат на повисоката смртност по дијагнозата и веројатно се должат на зголемената инциденца на деменција кај жените.

Извор: medicalxpress.com

 

Filed Under: Ревија

ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ
АЛШАР КАКО РУДНИК ОД КАДЕ СЕ ГЛЕДА СОНЦЕТО
КАКО ГИ ЛАЖАТ ЛУЃЕТО ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ЗА УБИЕНИТЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА

Најново

  • ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
  • КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ
  • ОРБАН СО КОМПЛИКУВАН ИЗБОРЕН СИСТЕМ ПРОТИВ УНГАРЦИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet