Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕМОГРАФИЈА: БАЛКАНОТ СТАРЕЕ

October 22, 2026 Filed Under: Македонија

Најмладата популација на Балканот живее во Албанија, најстарата во Грција. Ние пред десет години сме биле меѓу најмладите нации а денес сме поблизу до најстарата!

МЛАДИТЕ СЕ ИСЕЛУВААТ Место нив доаѓаат мигранти од Централна Азија

Просечната старост на населението во Македонија изнесува 42,21 години, според најновите податоци на Евростат. Земјата се соочува со процес на интензивно демографско стареење, што се забележува преку постојаниот пораст на средната возраст, која во 2015 година изнесуваше 37,4 години.

Ова значи дека пред една деценија, со тоа мерење на просечната старост ние би имале најмладо население на Полуостровот!

Албанија е зсега емјата со најмладо население на Балканот, со средна возраст од нешто над 37 години, додека Црна Гора е веднаш зад неа со помалку од 39 години. На другиот крај од скалата е Грција, чие население, според податоците на ОН, е најстаро во регионот, со средна возраст од речиси 47 години.

Србија е на четвртото место меѓу деветте анализирани земји, што го поставува прашањето дали демографската слика на земјата е сè уште поповолна отколку што често се мисли.

Инаку повод за овој текст е анализата мна демографот Мирослав Додеровиќ кој поаѓа од тоа дека средната возраст е важен индикатор за старосната структура на населението, но тоа само по себе не значи дека една земја нема сериозни демографски проблеми.

Според средната возраст, Србија е во поповолниот дел од балканската скала, но тоа не значи дека ја избегнала демографската криза, бидејќи населението старее, младите се иселуваат, а бројот на раѓања останува недоволен, оценува демографот Мирослав Додеровиќ.

А зошто Албанија има најмлада популација: Според Додеровиќ, Албанија влезе во процесот на демографска модернизација најнова меѓу земјите од Западен Балкан.

„Традиционалното семејство и традиционалниот модел на раѓање се присутни долго време, па затоа Албанија влезе во транзицијата по 1990-тите како изразито традиционално општество“, објасни тој во емисијата „Отвори ги очите“.

Како што објасни тој, ваквите трендови создаваат долгорочни проблеми со недостигот на работна сила, одржливоста на социјалните системи и економскиот развој.

Иако Србија е во поповолниот дел од балканската скала, Додеровиќ смета дека нема причина за прекумерен оптимизам.

„Србија се справува подобро од некои земји во регионот, но сепак се соочува со пад на бројот на жители, недоволно раѓања и стареење на населението“, истакна демографот.

Тој особено ги истакна големите регионални разлики, наведувајќи дека демографската слика на Белград е значително различна од онаа на одредени делови од внатрешноста.

Според него, во наредните децении, земјата ќе се соочи и со потребата од увоз на работна сила за да го компензира недостигот на работоспособно население.

Додеровиќ предупредува дека стареењето на населението директно влијае на одржливоста на пензискиот систем. „Бројот на корисници на пензија се зголемува, додека бројот на оние што плаќаат придонеси се намалува. Ова е предизвик со кој Србија ќе се соочува сè повеќе во наредниот период“, нагласи тој. Да но и кај нас пензискиот систем е во криза за што говори дека државата да го одржи системот годишно покрива од буџетот една милијарда евра!

Демографот додава дека зголемувањето на бројот на лица над 80 години дополнително ќе го зголеми товарот и врз здравствениот систем.

Затоа, верува тој, ќе бидат неопходни понатамошни реформи и на пензискиот систем и прилагодување кон новите демографски околности.

Може ли миграциите да ја подобрат сликата?

Зборувајќи за миграцијата, Додеровиќ истакнува дека земјите од Балканот истовремено губат млади луѓе и увезуваат странска работна сила.

„Најчесто младите луѓе заминуваат во својот најдобар репродуктивен период, додека работниците од земји како Индија, Бангладеш и Непал доаѓаат“, рече нашиот соговорник. Притисокот на коморџиите и кај нас  роди со плод и овозоможи постојан влеез, легален или илегален ма дојденци од азиските држави.

 

Filed Under: Македонија

СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
ПAТЕКИ  И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА
СВЕТСКИ РЕКОРД НА МАТКА: ВРЕЛО Е НАЈДЛАБОКАТА ИСТРАЖЕНА ПОДВОДНА ПЕШТЕРА
ИРАН ЈА УНИШТИ ГЛАВНАТА АМЕРИКАНСКА БАЗА ВО КУВАЈТ

Најново

  • СЕДУМ ТОНИ МАРИХУАНА ШТО ЈА МИНАА ГРАНИЦАТА СО СРБИЈА ОСТАНАА ПРАКТИЧНО БЕЗ ЕФЕКТИВНИ ОБВИНЕНИЈА
  • MАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА
  • ПAТЕКИ И ЗАБОКОЛУВАЊА НА ПОЛТИЧКОТО СОЗРЕВАЊЕ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet