Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ ГО КИДНАПИРААТ ТЕКСАС ОД ТРАМП

September 23, 2019 Filed Under: Свет

„Тексас е состојба на умот, Тексас е опсесија …“: Место за пресметување, место каде Доналд Трамп е најтенок, велат релевантните анкети. Причина се – гласовите на латиносите

МАРКО ПРЕЛЕВИЌ

БИ ПОБЕДИЛ Демократот Џо Бајден би победил лесно во најрепубликансата сојузна држава

Неколку месеци пред да умре во херојската битка на Аламо во 1836 година, Дејв Крокет, првиот меѓу големите американски народни херои, трапер облечен во мечкино крзно, се бореше за уште еден мандат во Конгресот. Тој веќе беше републикански политичар, а неговиот противник во тоа време беше Адам Хантсмен, адвокат и демократ (белешка: термините републиканци од 19 век и демократ од тој период имаат многу мала сличност со денешните позиции на овие партии). И, што е уште поважно за самољубието на Крокет, тој имал дрвена нога.

Изборите, како што тоа го сака Америка, биле изненадување: Хантсмен бил избран, а Крокет, лут и бесен, ја изрекол реченицата што станала користена со векови, со која жителите на најголемата сојузна држава и натаму се китат кога треба и не треба.

„Јас завршив со политика. Бидејќи, решивте да одберете човек со дрвена нога место мене, сите можете да одите по ѓаволите, а јас заминав за Тексас “.

Државата на осамената ѕвезда ќе биде последното патување на Дејви Крокет, а неговото „Вие може да отидете по ѓаволите а јас ќе одам во Тексас“ ќе остане неофицијално мото на јужњаците а стана неочекуван лајтмотив на претстојните избори и камче во чевелот на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Не случајно последната расправа за потенцијалните кандидати на Демократската партија за изборите кои же се одржат есента 2020 година се случи пред само неколку дена во Хјустон. Демократите беа учтиви и може да се рече дека кандидатите се задржаа на своите програми а не се караа и спореа меѓу себе. Каква разлика, забележуваат коментаторите, од времето кога републиканците се спореа пред последните избори во Далас и летеа пердуви а катранот се загреваше… а Доналд Трамп од ноќ до ноќ, имајќи целосна поддршка од Фокс њуз, удираше по рејтингот на ривалите, но пораката беше јасна: Тексас, црвениот Тексас, постојано и без исклучок републикански Тексас, стана ненадејно бојно поле, место каде, како еднаш во Аламо пред налетот на Мексиканците, место што може да го Трамп подалеку од политиката и да ја навести неговата смена.

ТРАПЕРОТ Дејвид Крокет се разочара во политиката и замина за Тексас

Демократите ја нарекуваат оваа појава – успехот на претедателските избори и пензионирањето на многу републикански конгресмени – „тексодус“, иако дури десет демократски кандидати од „широкиот список“ вклучуваат двајца сина на оваа државата, Бето О’Рурк и Хулијан Кастро .

Бето О’Рурк, со неговата кенедиевска насмевка и кампањата што беше речиси најголемото изненадување од минатогодишните „полугодишни избори“ – не беше далеку од победата над сенаторот Тед Круз (разликата беше 200 000 гласови) – и е меѓу најзаслужнште што Тексас од место на сигурна победа стана најголем кошмар на републиканците, иако се чини дека оваа трка дојде прерано за него, како и за Кастро.

Да, О’Рурк би можел да го победи Доналд во неговиот Тексас – со 3,5 милиони гласачи – латиноси кои при последните избори беа воздржани и следниот ноември ќе излезат на гласање – но прашањето е дали во други држави, многу полиберален од Тексас, неговиот демократски „текс – мекс“ би имал пас.

КЕНДИЕВСКА НАСМЕВКА Бето О Рурк имаше добар настап на изборие за конгресмени

Затоа е тука „старото школо“. Според релевантните анкети за мислење спроведени во последните месеци, поранешниот потпретседател и сегашен лидер на демократите Џо Бајден би го победил Трамп во Тексас.

Според некои истражувања, таа победа може да се очекува и од некои други кандидати, особено од Берни Сандерс, но за разлика од балканските политички анкети, каде и примерокот и процентот на погодување се во голема мерка сокриени, тука нив ги водат специјализирани агенции со голема доверба како што се FiveThirtyEight и RealClearPolitics.

НЕМА ДА МОЛЧАТ Латиносите од Тексас ќе ги одлучуваат иборите во иднина

Ако се потпираме на нив реално е само Сандерс и Бајден да можат да сметаат, барем во овој момент, на „киднапирањето на Тексас“ од републиканците. Да се потсетиме дека во оваа сојузна држава од 1976 година секогаш победувале републиканците. Пред три години, Трамп тука доби 36 електораки гласови со 52,23 проценти гласачи за себе, додека Хилари Клинтон имаше 43,24 проценти.

 

 

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet