Многу работи ги сакаше и ги започна, доста работи ги доврши и заокружи, иако нинекогаѓш не одеше до крај за да дојде до израз она што го поседуваше – огропмниот вулкански писателски талент
ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ
Благословени се оние што отсекогаш не биле на чисто кој и каков беше оној Денис Куљиш: тие сигурно еднаш ќе заминат на рајот, каде нема да го сретнат него. Сепак, кој знае? Бидејќи ние кои го знаевме и секогаш имавме проблем каде да го сместиме, бидејќи секаде и нам и него ни беше тесно, знаевме и други работи. На пример, Куљиш е веројатно единствениот новинар во историјата на занаетот, негиран на хартијата, црно на бело, од страна на неговиот татко! Тој убав убав човек, шјор Куљиш, старец од Сплит, зеде хартија и напиша дека неговиот син лаже како куче! Повторно, од друга страна, знаевме нешто друго, она што деновиве го пишува Ненад Полимац: дека Куjис беше најталентираниот новинар од својата генерација, оној што правеше / го направи„Полет“, го трансформираше „Старт“, подоцна ги создаде „Глобус“ и „ Јутарњи лист“, накратко, што – во добра и помалку добра смисла – го создаде рбетот на хрватското печатено новинарство, со значајни одгласи и влијание насекаде кажано и напишано „по нашки“ за времето пред и после Југославија. И дали треба да потенцираме дека во таа генерација надарени луѓе во никој случај не недостасуваше?
Тој е фиданка на „младинскиот печат“ од седумдесеттите и раните осумдесетти, а само оние постари од педесеттите се сеќаваат колку беше голем и важен младинскиот печат во Југа, во Загреб дури и повеќе од каде било на друго место. Во 1980-тите се пресели во „големите“, тогаш сè уште државни списанија, со различен авторски и уреднички успех, за потоа да го да го стартува неделникот „Глобус“ во самракот на социјализмот и на Југославија („Глобус“ и „Време“ се врсници речиси во ден!), а подоцна и зачна цела прес-империја, која се викаше Еуропапрес Холдинг, и од која летна некоја година потоа, исфрлен на глава, па го основаше „Национал“; потоа е разиде со Пуканиќ и се врати „дома“ и повторно основаше весници, списанија и портали, па се враќаше во нив кога тие започнуваа да се гаснат. Пишуваше и книги, жовијални и разбуфтани, кои личеа само на него, ама и на разулавеното време на Балканот во 90-тите и почетокот на векот многу слично на измамените хрватски и балкански реалности од 90-тите и 2000-тите. Ако некогаш имал пристоен српски двојник тоа би можело да биде само Александар Тијаниќ. Иако Тијаниќ и Куљиш беа сосема различни личности, кои само поврзуваа едно нешто: тие повторно повеќе личеа едни на други од однос на некој трет во познатиот космос. И тие се одговорни за истите работи, секој во свој контекст и се виновни за истите работи. И слични се и оние кои не ги сакаат и не ги ценат, и од лево и од десно.
Куљиш беше, би рекол, хедонист и елитист, кој заради толку профитаблни мотиви, некогаш само инаетџиски заради својот сензибилитет, се заврте кон хиперкомерцијалното новинарство во поволно време како симбол и предвесник на новата, капиталистичка зора. И нема такво новинарство без калкулативно повладување на вкусот на масите, како и нивните понекогаш смртоносни предрасуди … Раниот „Глобус“ падна во виорот на „татковинската војна“ и таму тој јасно држеше страна, што не е проблематично – проблемот е што понекогаш го одржувањеа на страна подразбираше и повикување на добри и не толку добри Хрвати, почесто Хрватици како што беа т.н. Вештерки од Рио (Дубравка Угрешиќ, Славенка Дракулиќ, Рада Ивековиќ, Јелена Ловриќ, Весна Кесиќ), што по принципот на „командна одговорност“ му се припишуваше на душата на Куљиш а тој залудно се вадеше потоа дека кога таа лигава чорба била зготвена тој не бил во Загреб…
Таа сенка ќе го следи до крајот како упорна дамка на кошулата. Тоа мора да се каже, но тогаш мора да се запомни дека Глобус ќе направи сериозни новинарски пробиви од друга страна, во истрагата и документирањето на воените злосторства на хрватската страна, што ќе ги стави Куљиш и некои негови колеги трајно пред пушка, така што ќе имаат неволји со како што тој го вели – домашните „мајмуни и гангстери“. Новинарството што потоа тој ќе го создаде ќе биде висок мејнстрим на тогашното а богами и сегашното новинарство иво основа беше „антиуѓмановско“, но и стратешки попустливо кон т.н. сратешки „национални основи“. Така тој стана парадигма на спротивната страна која ја држеше оној Ферал, создаден во неговиот роден град, со чиј „медитерански дишпет“ тој никогаш не го идентификуваше, напротив. Во тој вид на конфронтација, секое сочувство на оние како мене, секако, одеа на страната на Ферал, немаше тука со што да се глуми неутралност.
Во декември 2000 година Куљиш ме повика – не се познававме претходно – редовно да пишувам за неделникот „Глобус“, што го рабоев до пролетта 2002 година. Таа рубрика потоа замре бидејќи Куљиш одново замина а новото уредништво не знаеше што со мене. Потоа пак се појави Куљиш и ме повика да дојдам да седам во Загреб, во луксузниот хотел „Палас“ и да пипувам свои впечатоци. Седев таму,ужас еден, ништо не напишав и денес не знам зошто. Нема врска, никогаш не ме прекори потоа за таа работа,.Пари во „Глобус“ имаше, во „Време“ ги немаше и пред и потоа… Беше тоа време пред кризата и епохата кога Интернетот го изеде печатот а потоа пак Фејсбукот го изеде Интернетот и сега ќе чекаме продолжување на канибалскиата алка…
Денис Куљиш (1951 – 2019) многу работи ги сакаше и ги започна, доста работи ги доврши и заокружи, иако никогаш не одеше до крај за да дојде до израз она што го поседуваше – огропмниот вулкански писателски талент. Или можеби како и Тијаниќ го потроши тој талент на нискокласни луѓе и појави, пишувајќи за или против нив. Но итоа е судбината на новинарското животно на Балканот и на нив треба да се умее да им се одаде признание. Вие кои сте над тоа и кои рајот ги чека зад аголот, не се секирајте- може во тој рај Куљиш да ви прави ѕидни весници.