Низ џиновски пространства на САД и Канада, се раздвижуваат милиони луѓе со цел расфрлените членови на едно семејство еднаш во годината да се соберат и заеднички да вечераат, обично наведнати над чинијата со печена ќурка
Во светот поврзан со милион официјални и приватни канали при крајот на ноември вообичаено се следат реките луѓе во земјата со џиновски пространства- САД, кои се раздвижуваат со цел расфрлените членови на едно семејство еднаш во годината да се соберат и заеднички да вечераат, обично наведнати над чинијата со печена ќурка. Сепак
САД не се единствена држава која го слави Денот на благодарноста. Слични прослави има и во Канада, Гренада, Либерија, Јапонија и во Германија.
Во Канада овој празник се слави вториот понеделник во октомври, а во Гренада на 25-ти октомври, кога се одбележува годишнината од американската инвазија која почна во 1983-та година, и заврши со враќање на политичката стабилност на државата.
Во Либерија, пак, се празнува првиот четврток во ноември, и ја следи традицијата на Денот на благодарноста во САД.
Во Јапонија Денот на благодарноста секогаш паѓа на 23-ти ноември, и е во чест на јапонските работници.
Германија го слави во првата недела во октомври. Почна како празник на жетвата, а денес се слави главно како религиозен празник.
Сепак Денот на благодарноста е празник во чест на жетвата кој главно се прославува во САД и Канада. Традиционално, тоа било период за искажување благодарност за богатата жетва. Иако првобитното прославување имало религиозна основа, во денешно време Денот на благодарноста пред сѐ се идентификува како световен празник.
Во денешно време, во Канада, Денот на благодарноста се прославува на вториот понеделник од октомври, а во САД се прославува на четвртиот четврток од ноември. Денот на благодарноста во Канада се паѓа на истиот ден како и празникот во чест на Кристофер Колумбо во САД.
Во Северна Америка, Денот на благодарноста води потекло од мешавина од европски и домашни обичаи. Карактеристично за Европа е тоа што празниците се прославувале пред и по жетварската сезона за да му се заблагодарат на Бог за добрата жетва и да се радуваат заедно со останатите од заедницата по напорната работа. Во тоа време, северноамериканските Индијанци исто така го прославувале крајот на жетварската сезона. Кога Европејците првпат дошле во Америка, со себе ги понесле нивните обичаи од Европа за празникот во чест на жетвата, прославувајќи го нивното безбедно патување, мирот и добрата жетва.
Зачетокот на првиот Ден на благодарноста во Канада, води потекло од еден истражувач, Мартин Фробишер, кој се обидувал да пронајде северен премин до Тихиот Океан. Фробишер не го прославувал Денот на благодарноста во чест на жетвата, туку во чест на враќањето дома. Тој безбедно се вратил од потрагата по Северозападниот премин избегнувајќи ја подоцнежната судбина на Хенри Хадсон и сер Џон Френкли. Во 1578 година, Фробишер приредил свечена церемонија во Њуфаундленд, за да искаже благодарност за преживувањето на долгото патување. Многу години подоцна традицијата на празникот ќе продолжи бидејќи повеќе доселеници започнале да пристигнуваат во канадските колонии.
Зачетокот на канадскиот Ден на благодарноста исто така води потекло од француските доселеници кои дошле во Нова Франција со истражувачот Самуел де Шамплен во почетокот на XVII век и почнале да ги прославуваат нивните богати жетви. Француските доселеници во областа вообичаено приредувале гозби на крајот од жетварската сезона и продолжувале за време на зимскиот период. Тие дури ја делеле нивната храна со локалните народи во областа. Шамплен исто така во 1606 година предложил да се создаде Редот на добрата волја.
Како што пристигнувале сѐ повеќе доселеници во Канада, така и прославувањата за богатата жетва станувале сѐ почести. Нови доселеници во земјата, како што се Ирците, Шкотлаѓаните и Германците исто така ќе ги додадат нивните обичаи за жетвата. Поголемиот дел од американските карактеристики на Денот на благодарноста (како што е мисирката) биле вклучени кога британските лојалисти почнале да бегаат од САД за време на Американската војна за независност и се населувале во Канада.
Иако денес САД ја форсираат приказната за првиот Ден на благодарноста прославен во 1621 година во Плимаут, Масачусетс. Во почетокот, додека колонијата во Плимаут немала доволно храна за да прехрани половина од сто и двајцата колонисти, северноамериканските Индијанци од Вампаног им помогнале на првите англиски пуритански доселеници во Масачусетс да ја обработуваат земјата и да ловат риба, спасувајќи ги од гладување. Сепак, обичајот да се прославува ваков годишен празник во чест на жетвата не прераснал во редовен настан во Нова Англија сѐ до доцните шеесетти години на XVII век.
Според историчарот Џереми Бенгс, директор на Музејот во Лајден за доселеници во Америка, врз првите англиски пуритански доселеници влијаело гледањето на годишните служби на Денот на благодарноста за ослободување од опсадата на Лајден во 1574 година.
Тврдењето за тоа каде се празнувал првиот Ден на Благодарноста во САД, па дури и во двата континенти Северна и Јужна Америка, често било предмет за дискусија. Писателот и професорот Робин Гиоја и Мајкл Генон, од Универзитетот во Флорида, тврделе дека најраното прославување на Денот на благодарноста за кое има докази, се одржало на денешната територија на САД од страна на Шпанците, на 8 септември 1565 година во местото денес познато како Сент Августин, Флорида.
Исто така, многу историчари посочуваат дека првото прославување на Денот на благодарноста во САД, било во Вирџинија, а не во Плимаут. На територијата каде се формирала државата Вирџинија, службите за Денот на благодарноста биле рутина веќе во 1607 година.
Причината за поранешното прославување на Денот на благодарноста во Канада му се припишува на раниот почеток на зимата на запад и како резултат на тоа и жетварската сезона завршувала порано. Денот на благодарноста во Канада немал одреден датум до крајот на XIX век. Пред Канадската Конфедерација, голем дел од владетелите на одделните колонии од канадските провинции сами одредувале кога ќе се слави Денот на благодарноста. Првиот официјален Ден на благодарноста во Канада се прославил на 15 април 1872 година, кога народот го славел закрепнувањето на Принцот од Вал од сериозна болест. До крајот на XIX век, Денот на благодарноста обично се прославувал на 6 ноември. Сепак, по завршувањето на Првата светска војна, Денот се славел истата недела. За да се избегне поклопување на двата празници во 1957 година Парламентот на Канада прогласил Денот на благодарноста да се слави на датумот на кој се паѓа вториот понеделник од октомври.
Денот на благодарноста се славел на различни датуми во САД, во текот на историјата. Првиот Ден на благодарноста кој бил прославен на одреден датум, бил во 1863 година, како обид на претседателот Абрахам Линколн да поттикне чувство за американство единство помеѓу северните и јужните држави. До средината на XX век, последниот четврток од ноември станал вообичаен ден за Денот на благодарноста во повеќето држави во САД. Во 1939 година, претседателот Франклин Рузвелт предложил да се премести датумот порано, со цел да ѝ се даде на земјата економски поттик. На 26 декември 1941 година, Рузвелт потпишал предлог-закон со Конгресот прогласувајќи го Денот на благодарноста за државен празник и утврдил неговото прославување да биде на четвртиот (а не на последниот) четврток во ноември.
Постои исто така традиција – листата на прехранбени продукти да е позната и таа треба да е евтина, согласно на традицијата!
Вечера за десет луѓе на Денот на благодарноста ќе чини околу 48.90 долари, соопшти Американската федерација на фармери.
Традиционалната трпеза опфаќа мисирка, фил од трошки леб и печурки, сладок компир, грашок, сос од боровинки, пита од тиква, кафе и млеко, и уште неколку типични специјалитети за овој ден.
Еве ги дел од цените на производите потребни за подготовка на празничната вечера:
– Мисирка (7.2 килограми) – 21.71 долар
– Сладок компир (1.3 килограми) – 3.39 долари
– Грашок (450 грама) – 1.47 долари
– Боровинки (340 грама) – 2.65 долари
– Млеко (3.8 литри) – 2.92 долари
– Кафе и зачини – 3.01 долари
Во принцип славениците се ставаат во кожата на оние први доселеници кои славеле што се живи и знаеле дека во тоа помогнала традиционалната штедливост.