Четврти јули беше засега најтопол ден во земјава. Климите ги спасија сите бирократи. Бе оглед што целиот правен систем ни падна на земја, инатаму кај нас одговараа па и одат во затвор за баналности само најсиромашните граѓани
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Од ЕВН потврдија дека тој ден се потрошиле енормни количества на електрична енергија, наменета, се разбира, за разладувачите. Но тој ден не беше само жежок во една климатска смисла (знаеме нели, дека Северна Македонија се уште си ги држи своите 40 летни степени, што би рекол Заев). Но немаше сега возбуда заради тоа што надвор беше топло толку што – според мдицинарите – во човечкото тело започнуваат да се разградуваат белковините. Некои седеа во удобни канцеларии а некои дури во судници и упатуваа наокулу подбивни насмевки, уживајќи во фактот дека правосудството уште еднаш ќе покаже дека има овршен систем на селективно делење на правда.
Во само ден и пол, на трети попладнето и на четврти јули во правосудсвото, кај третата власт се случија серија на работи кои комлетно ја покажаа декласираноста на тој сегмент од општеството.
Најпрвин,, беше отфрлено барањето на Финансовата полиција против ексминистерката за култура Елизабета Канчевска Милеска. Се сомнева ли некој во стручноста на оваа институција или ова е некоја вратка за нејзиното гласање за промена на Уставот, со тоа и за државката во името Македонија?!
Вториот шок беше ослободувањето на Латас за трите хациенди во Зелениково, кои се без сомнение изградени без соодветна дозвола. Тоа го признава и судот кој го ослободува од вина. Но, се вели дека – речено на едне друг јазик – што знае дете што се тоа дивоградби. Надлежните органи требало да реагираат и да го сопрат или да го казнат. Тие не реагирале а Латас и неговите двајца браќа, по извесно време решиле сепак да си ги легализираат објектите. Сега се тие легални а обвинетите од СЈО можат во нив да си постават лигенштули. За овој случа излегоа низа повици на социјалните мрежи со кои се укажува на блиските релации на судијката во предметот со некогашниот секретар во Владата на Груевски. За блискоста на Груевски со Латас белким не треба да се докажува….
Третиот настан кој вознемирува е дека е одложена расправата на која требаше да уследи „дисциплинка“ во Врховниот суд против претседателот Јово Вангеловски. Како што можеше да се слушне на неодредено.
Претседателот на моќниот Врховен – Јово Вагловаки, кој на волшебен начин е дојден најпрвин во овој Суд, иако претходно, да се потсетиме и не беше судија ниту еден ден, потоа беше исто така реизбран на уште почуден начин, како и да е, има потив себе иницијатива за постапка за разрешување, за постапката околу пуштањето од притвор на подоцна избеганиот бизнисмен Сеад Кочан во мај 2017 година. Тој, според законите, иако претседател, не ни смее да ја води седницата со ваква точка на дневен ред, каде што е тој лично засегнат.
Инаку, за случајот Кочан, постапки за разрешување се водат за Вангеловски и за уште двајца врховни судии, кои биле дел од петчлениот кривичен совет и кои иако немале правна основа и начелен став од Врховниот суд, сепак гласале за укинување на мерката притвор за Кочан.
Во другата група се уште петмина врховни судии, предложени за разрешување за бегството на обвинетите во „Тврдина-Таргет“ Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Постапка се води и за уште две врховни судијки кои ги пријавил во Судскиот совет Вангеловски. Но ете седница нема а судиите внатре само се раскарале.
Врховните судии инаку не може да одлучуваат за тоа кој закон, дали поблагиот или построгиот ќе важи при разрешувањето на судиите, бидејќи имаат судир на интереси. Од 18 врховни судии, колку што има во моментов, против 9-мина од нив се отворени постапки во Судскиот совет за разрешување од функциите, пишува СДК
Кога сме кај споменатиот Кочан тој ден се спомена дека иако има извршна кривична пресуда и мора да оди во затвор најдоцна до 17 јули, тој поднел барање за одложување и тоа ја користел можноста дека има започната работа која мора најпрвин да ја заврши, инаку би настанала непоправлива штета. И стигна веста дека одговорниот за разгледување на барањето, го прифатил истото. Штета не смее да има…
Се чини дека некој сватил дека дури и за макеоднското правосудтво сето ова е премногу, чашата на трпението се прелева и се прелева, па одлуката за одложување на примена на казната затвор за Кочан сепак се брише а казната треба да се изврши.
Некаде пред две недели – го споменуваме случајот бидејќи е во овој констект – е сместено и судењето во битолска Апелација за случајот „Јустиција“ во кој беа своевремено уапсени судии и судски службеници од Основниот суд Скопје 1, носејќи пресуда со која, дел од обвинетите ги ослободи од вина, а за дел обвиението е одбиено поради застареност на кривичното гонење.
Со оваа пресуда на битолскиот суд, по повеќе од 4 години се затвори аферата најавувана како најголема во судството, каде што судиите и службениците дозволувале да застарат десетици предмети, а со тоа го оштетиле Буџетот за милионски суми.
На пресудата со која беа ослободени судиите и судските службеници на одделот за прекршоци на скопскиот суд се жалел битолскиот обвинител, но судиите Ружица Ивановска, Анита Милошевска и Александар Камбовски оцениле дека жалбата на обвинителот е неоснована.
Во пресудата, напишана на 28 страници, судот прифаќа дека обвинителот не докажал разумно сомневање за сторено кривично дело кај ослободените, а кај тие што е одбиено обвинението застарело кривичното гонење.
Обвинител во предметот беше Јован Цветановски, сега Виш обвинител во Скопје, кој во текот на истрагата со неколку судии склучи спогодби, тие признаа вина и добија условни казни, но другите кои не се спогодија беа префрлени на судење во Битола, каде што во текот на месец мај Апелациониот суд ја донесе оваа пресуда.
Врз основа на таквата пресуда, Судскиот совет ги повлече суспензиите за две судијки кои не беа разрешени до сега и ги врати на работа. Па така, судијката Шпреса Гринца Османи се враќа на судење, а донесена е одлука и за продолжување на мандатот на Станка Везенковска, екс шефица на прекршоци, која по новиот закон за судови бара да работи до 67 години. Ова барање и е прифатено. Другите судијки на кои им се судеше, веќе исполниле услови за пензија или биле пензионерки кога ги апсеа.
Судот определил трошоците за адвокати кои надминуваат 100.000 евра да паднат на товар на Буџетот.
Некаде во сенката на овие настани седи случајот со почнувањето на извршување на казната затвор за ексминистерката Јанкуловска, која исто така треба да оди во затвор, бидејќи бебето и наполни една година а тоа беше „квиското“ заради кое се одложуваше патот во Шутка! Но, неа ја нема во женското одделение во Идризово а тсму секако е полно со сограѓанки кои одговараат за далеку побанални дела, ако се споредат со ефектите на кариерата на ексминистерката во тотал.
Кај нас се по старо – штом правдата чукне на порта на која е закачено името на некоја повлијателна и поважна персона од претходната политичка или судска гарнитура, како да се менува климата и чувството за правичност.
Ние си остануваме држава која правадата главно се вежба врз стариците кои продаваат лозов лист на влезот во пазарчињата или лица кои крадат кебапи.од кујните на рестораните.