Мицкоски е новиот лидер на старото ВМРО ДПМНЕ
СЕФЕР ЦАНОВСКИ
Се сретнавме во еден скопски ресторан и му честитав, му велам се надевам дека нема да ги правите истите грешки кои ги правеше вашиот претходник Никола. И очекувам дека барем вие јавно ќе се извините за сите злодела што ги напрви врз нас и многумина други.
Но до ден денес такво нешто не се случи. Еве драг пријателе Мицкоски, сметам дека ако се извините јавно ќе се ослободите од товарот кој 11 години ја уништуваше и државата и вашата партија. Не знам дали сте свесни дека наследивте лидерска позиција на еден човек кој со истата партија практикуваше политика на деструктивност и едноумие.
Дозволете ми да ве потсетам зошто треба да и се извините ако не на јавноста, тогаш на мојата фамилија. Не само поради исмејувањето и изживувањето со прв ден рамазан, ниту пак она што денеска на истакнати ваши високи функционери им „тече низ ногавици”. Туку поради денешниот ден. Да потсетам. Точно 8 години поминаа од кога одекнаа динамитите во Космос!
Среќа во несреќа беше што не беа изгубени невини човечки животи, иако од тогаш наваму Груевски уништи бројни човечки судбини.
Со детонирањето на ТНТ среде Скопје беше всушност пратена пораката од власта дека диктатурата е и официјално дојдена. Кој не слуша ќе го снајде исто и дури и полошо. Јасната порака беше потврдена и со тоа што бевме сведоци на затворања, притвори, гасење на медиуми и целосна контрола врз полицискиот и судски систем. Се переа и крадеа многу пари. Таа енергијата на семоќност која беше пратена со јасни сигнали траеше контролирано до 27 април 2017 во собранието. Тоа беше последната издишка на диктатурата. Сега добивме СЛОБОДА !
И за тоа сите ние треба вечно да му бидеме благодарни на Заев, Верушески и останатите кои беа дел од спасување на државата од пеколот на Груевски. Иако денес има дел и незадоволни од владеењето и од оваа власт, разочарани кои не добиле посакувана позиција или некое место, разочарани што не добиваат тендери и слично. Има дел кои ја продолжиле приказната на Груевизмот посебно кај парите и тендерите.
Кој сака може да каже било што но лидерство и свест за државност која го покажа Зоран ЗАев никој друг не успеа да го покаже цела транзиција. За само за две години владеење решија стратешки и тешки прашања кои беа вистинската кочница на прогресот и иднината на земјава, заробената држава се отвори кон светот. Лажниот и погрешен национализам, позади кој беше скриена криминална структура на организирани и неорганизирани криминалци заврши.
СЈО Требаше сето тоа да го расчисти, но очигледно не го стори тоа како што очекуваше народот. Затоа сега ја имаме македонската Маковеј! Истата онаа од времето на владеење на Груевски. Истата онаа која водеше клучни предмети во тоа време, истата онаа која и во овој период покажа дека не прави компромиси. Но, господине Мицковски, дури и сите да ги стигне правдата, сепак, без извинување од највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ не може да сметате на сериозна ревитализација на македонското општество каде е потребна здрава и општествено одговорна опозиција.
Заев покажа лидерство и зрелост, онаков изврзан со завои, претепан – да прости. Верушески 11 месеци помина во притвор – ви прости!Покажете доблест и капацитет за лидерство и извинете се за сите сторени злодела на Партијата која ја предводите а и е потребна на Северна Македонија. Да, Северна. Прифатете ја новата реалност поддржана од целиот демократски свет и да продолжиме заедно напред.
А ние ќе продолжиме да се бориме и после 8 години за ПРАВДА, затоа што сме во право и затоа што си ја сакаме својата држава.
И не заборавајте – НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР !