Докорот Чадиковски и неговиот тим се искористени како параван на една сомјнителна оперција смета дел од печатот. Деновиве постоеше интерес на јавноста како клиничката болница „Жан Митрев“ ја добила дозволата за детска кардиохирургија. Смее ли да оперира Жан Митрев мали бебиња?
Клиничката болница „Жан Митрев“ има дозвола за работа за продолжување со вршење болничка здравствена дејност за кардиоваскуларна хирургија за возрасни и детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна кардиологија за пациенти до 18 години во мрежата на здравствени установи, потврдија неодамна од Министерството за здравство.
„Со Решение на Министерот за здравство бр. 22-665/3 од 01.03.2019 приватната здравствена установа Клиничка болница „Жан Митрев“–Скопје има дозвола за работа за продолжување со вршење здравствена дејност како клиничка болница – надвор од мрежата на здравствени установи и за продолжување со вршење болничка здравствена дејност за кардиоваскуларна хирургија за возрасни и детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна кардиологија кај осигурени лица до 18 години во мрежата на здравствени установи.
Министерство за здравство потврдува дека во состав на ова решение има дозвола за вршење здравствена дејност на секундарно ниво (специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност) за внатрешни болести меѓу кои и за кардиохирургија за возрасни и детска кардиохирургија со исполнети условите во однос на простор, опрема и кадар“, се вели во одговорот од Министерството за здравство, за НОВА.
Од Министерството за здравство нема детали, ниту објаснување дали во март кога е издадена дозволата имало распишано Оглас за концесија за детска кардиохирургија и дали конкурирале и други болници. Како е добиена дозволата за вршење на дејност кога таму нема ниту еден лекар со лиценца за детска кардиохирургија, освен Чадиковски.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои извршиле вонреден инспекциски надзор во болницата „Жан Митрев“, утврдиле дека здравствената дејност се врши согласно решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 12.08.2019год. изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница„ Жан Митрев“ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019 година. При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“, се вели во соопштението.
Неодамна Антикорупциска комисија отвори предмет за случајот со болницата за кардиохирургија на Жан Митрев од каде отказ си даде доктор Владимир Чадиковски, заедно со уште тројца анестезиолози и еден педијатар кои се дел од тимот што од Клиниката за детска хирургија, преку прокетот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.
Антикорупцинерите ќе испитуват и дали е законски болницата „Жан Митрев“ да оперира бебиња до една година по заминувањето на Чадиковски кој е единствен лиценциран лекар за детска кардихиругија во државата. Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија.
,,Клиниката е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината”, се вели во соопштението.
Министерството за здравство не одговара на прашањето дали постои договор за јавно приватно партнерство со болницата „Жан Митрев“. Според информации на НОВА, не само што таков договор не постои, иако проктот беше спектакуларно најавен на прес конференција во Влада, туку и Чадиковски не фигурира во ниту еден документ во ФЗОМ и во Министерство, заедно со неговиот тим.
Цените на операциите на срце кај бебиња по ДРГ се зголемени за 35 отсто и тоа веднаш по објавата за јавно приватно партнерство. Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев објаснуваше дека 25 проценти се додаток (услуга за операции) за деца и 10 проценти за терцијална услуга. Тој кажа дали Клиничката болница „Жан Митрев“ е во категорија на терцијално здравство.
Нејасно е и зошто енормно зголемениот буџет е доделен на болницата по доаѓањето на тимот на Чадиковски, а не претходно. Дали средствата се префрлени врз основа на неговата лиценца за детска кардиохирургија. И она што исто така треба да го одговори ФЗОМ е зошто Првостепената и Второстепената комисија во ФЗОМ, кога одлучуваат за лекување во странство на деца бараат одобрение од Чадиковски, а не од други лекари.
Меѓу познавачите на состојбите во здравството, како и во лекарските кругови се коментира дека Чадиковски и неговиот тим се искористени како медиумски марионети за да го промовираат проектот за јавно приватно партнерство, кој сега останува да биде само приватно.
Антикорупциска ќе утврдува дали кај Жан Митрев може да се оперираат бебиња по отказот на Чадиковски
Антикорупциска комисија отвори предмет за случајот со болницата за кардиохирургија на Жан Митрев каде отказ си даде доктор Владимир Чадиковски, единствениот леценциран детски кардиохирург во државата. Предметот е отворен по допрен глас, односно по пишување во медиумите. Антикорупцинерите ќе собираат документација од сите инволвирани институции за да се види дали се постапува според законската регулатива.
Како што рече Биљана Ивановска, претседателка на Антикорупциска, ќе се испитува дали било законски болницата на Жан Митрев да добие лиценца (се мисли на дозвола за дејност) за детска кардиохирургија и дали има законски основ таа да остане по оставката на доктор Чадиковски које е единствен лиценциран лекар за детска кардихиругија во државата.
„Слушнавме деновиве како министерот за здравство кажа дека без проблем болницата ќе придолжи да врши операции кај бебиња до една година. Ова е дискутабилно по оставката на Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург и наша задача е да утврдиме дали има законска основа болницата да ја задржи леценцата понатаму и да се вршат операции на срце кај бебиња “, изјава Биљана Ивановска, претседателка на Антикорупциска.
Како што веќе објави НОВА, Чадиковски во четвртокот и официјално го доставил отказот и спогодбено го раскинал договорот со приватната болница на Жан Митрев. По двајцата анестезиолози кои заминаа после него, денеска отказ си даде уште еден анестезиолог и еден педијатар, а по нив најверојатно ќе следи заминување и на другите членови на тимот кои од Клиниката за детска хирургија, преку проектот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.
Но, остана да виси прашањето како ќе тече проектот понатаму, како што најави министерот Филипче, кој ќе ги оперира бебињата до една година ставајќи го својот потпис на тие операции на срце, кога таму веќе детски кардиохирург веќе нема, а Чадиковски е единствениот лиценциран во државата.
Од Министертвото за здравство не одговараат за каква дејност е регистрирана кардиохиргија на Жан Митрев, односно каква е дозволата за дејност што ја издава самото Министерството. Што се однесува до лиценците на лекарите, како што потврдија во Лекарската комора доктор Жан Митрев е кардиоваскуларен хирург, тој специјализирал во Германија и неговата стручност од оваа област не е доведена во прашање, но Чадиковски единствено се стекнал со лиценца за детска кардиохиругрија.
Според информации на НОВА, не постои ниту договор за јавно приватно партнерство меѓу Министерството за здравство и специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ иако здравствените власти проектот спектакуларно на прес-конференција го најавија во Влада во декември минатата година, што е исто така многу зачудувачки.
Од тие причини несајно е како Министерството за здравство планира да го продолжи проектот и најави дека операции кај деца таму ќе се изведуваат непречено и без Чадиковски.
Станува збор за сериозни операции на срце кај многу мали бебиња, недоносени новороденчиња, бебиња со срцеви маани која е многу специфична патологија во кардиохирургијата. Затоа овој проект на т.н јавно приватно партнерство кој сега очигледно останува само приватно треба многу сериозно да се сфати од надлежните во здравството и Владата, за да нема негативни последици.
Секако, треба да се поднесе извештај за тоа кој е бенефитот од овој проект и што во ваква ситуација да направат родителите на децата кои чекаат за операција, а чии очи во моментот се вперени во власта и нивната одлука.