Многу бугарски историчари си мислеа дека со бугарските учебници сѐ е во ред и Македонците треба да ги препишат до 1944 г. Мислам дека таа убеденост е веќе силно расколебана. Тоа се мали и, општо земено, доста скромни стапки, но ете, сепак се некакви стапки во правилната насока.
Професорот Стефан Дечев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека бугарскиот премиер Кирил Петков игра сложена игра со цел да ги привлече сите политички партии во обединување и на некаков начин да се направи потребното за подигнување на бугарското вето за почеток на преговорите за влегување на Република Северна Македонија во Европската Унија .
„Посетата на Битола го разгледувам како дел од играње на една мошне сложена дипломатска игра. Во врска со тоа дека постојат многу по соодветни политички фигури од еден Ванчо Михајлов, не за именувањето на некаков политички клуб, друштво или организација, а имено културен клуб или клуб за култура, има Глигор Прличев, Браќа Миладиновци, Кузман Шапкарев, како што кажавте Пејо Јаворов, фигури кои можат да бидат посоодветни, ако бараме взаемно прифатливи и за бугарското и македонското општество“, вели Дечев.
Според него, идејата на Ванчо Михајлов за независна македонска држава, што е водечка идеја во 20-те и 30-те години, го прави дел од македонската историја.
„Бидејќи на тоа на што денешна Македонија се темели е фактот дека е независна и суверена држава, независна и суверена држава признаена и од Бугарија во 1082 година и во оваа смисла тој е дел од онаа македонска историја до толку бидејќи се борел за оваа независна македонска држава. Во истото време, бидејќи се идентифицирал како Бугарин, тоа претпоставува дека македонските Бугари го ценат и сакаат да му изразат почит и поради тоа е важен и за некои во Бугарија, кои се попристрастени кон македонската тема“, посочи тој.
Историчарот Делев стана познат кај нас по изјавата дека „речникот од Договорот „Борисов-Заев” од 2017 година отсекогаш оставал отворена врата за бугарското тврдење дека ’македонскиот јазик’ е само термин на правен мир, а не ’објективна реалност”,.Инаку тој кој го следи текот на бугарско-македонските односи многу пред дебатираниов и за многумина спорен Договор за добрососедство од 2017 година, се прашува зошто би било невозможно денес да се препознае постоењето на посебен, стандарден македонски литературен јазик кога јазикот има граматика, речник, писателите создаваат литература на него, која е преведена и ценета низ целиот свет, користен е во владините институци. Дечев смета дека во тој случај тој јазик, македонскиот, не може да биде само едноставен дијалект или регионална норма.
Во интервјуто за МКД.мк тој ќе рече – јас не сум лингвист, но тоа што го знам од историјата на нациите и националните идентитети ме тера да мислам дека тоа е еден целосно излишен спор. Но, фразата од Декларацијата Костов-Георгиевски од 1999 г. и договорот Борисов-Заев од 2017 г. „според уставот на Република Македонија“ секогаш ја оставале отворена вратата за бугарското тврдење дека „македонски јазик“ е единствено термин од правниот свет, а не некаква, да кажеме, „објективна реалност“. Инаку, во светската лингвистика има различни мислења. За Хајнц Клос бугарскиот и македонскиот се две стандардни норми, кои во нивниот предлитературен период се практично еден јазик. Во некои лингвистички енциклопедии навистина се говори за дијалектна разновидност на бугарскиот. На трети места се опишува една заедничка бугаро-македонска дијалекта средина. Има и лингвисти кои тврдат дека, макар и да е поблизок до бугарскиот отколку до српскиот, македонскиот сепак е различен и од двата јазика. Како посебен и самостоен јазик низ годините го сметале Петар Драганов, Антоан Меје, а од 1930-тите Андре Вајан, Самоил Бернштајн и др. Има и специјалисти кои сметаат дека јазикот треба да се нарече „бугаро-македонски“ со две посебни и рамноправни норми. Сите тие странски авторитети БАН и МАНУ ги читаат целосно селективно.
Запрашан како историчар какво е неговото мислење дали минатото може да се денационализира или деполитизира, тој вели:
– Се разбира дека може. Професионални историчари од Франција, Германија, САД и други земји одамна го постигнале тоа. Но во Бугарија и Македонија, и во моментот на потпишувањето на договорот во 2017 г. и сега, националната рамка во осмислувањето на минатото, вклучително и за периоди кога немало нации, здраво го приклештила мислењето и очевидно доста тешко се прекинува врската со неа. Но сепак, како да имаме и некаков позитивен развој. Кога во јуни 2018 година бев во Скопје, тогаш сѐ уште на сите нивоа се говореше дека учебниците по историја „нема да се пипаат“. Сега барем и во двете општества се знае и отворено се зборува дека едно од нештата кои ги прави комисијата е да ги преразлгеда и бугарските и македонските учебници по историја. Т.е. можеме да кажеме, дека дебата веќе не е дали треба да се пипаат и менуваат нашите учебници, туку какви точно треба да се тие промеи. И во Бугарија нештата се многу различни исто така. Многу бугарски историчари си мислеа дека со бугарските учебници сѐ е во ред и Македонците треба да ги препишат до 1944 г. Мислам дека таа убеденост е веќе силно расколебана. Тоа се мали и, општо земено, доста скромни стапки, но ете, сепак се некакви стапки во правилната насока.