Добро е оранизирана работата во рамки на тоа што би означувало еден сигурен процес за сите гласачи. Се се спроведува така како што пропиша Комисијата за заразни болести. Има услови да се спроведат превентивните мерки. Верувам дека на самиот ден на гласање, граѓаните ќе излезат не стравувајќи за своето здравје – вели министерот Филипче
Една недела пред вонредните парламентарни избори, Државната изборна комисија спроведе симулација за текот на гласањето идната среда во согласност со здравствените и безбедносните протоколи воведени поради Ковид-19.
Протоколите предвидуваат носење маска која ќе се вади само при идентификација, одржување дистанца, влез во просторијата за гласање на само на толку граѓани колку што има места за гласање.
„Ќе се осигураме дека на изборите на 15 јули сите подзаконски акти и препораки за заштита на здравјето на граѓаните ќе бидат испочитувани“ вели Дитмире Шеџу, потпретседателка на ДИК.
Надлежните здравствени власти се задоволни од она што го видоа на симулацијата
Сметам дека е добро оранизирана работата во рамки на тоа што би означувало еден сигурен процес за сите гласачи. Се се спроведува така како што пропиша Комисијата за заразни болести. Има услови да се спроведат превентивните мерки. Верувам дека на самиот ден на гласање, граѓаните ќе излезат не стравувајќи за своето здравје“ изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Симулацијата која ја следеа претставници на меѓународната заедница во практика ќе се примени идната среда кога е главниот изборен ден. В понеделник ќе гласаат инфицираните од ковид-19 и граѓаните кои се во самоизолација кои се пријавиле во ДИК, а во вторник ќе гласаат болните и изнемоштени лица.
„Во упатството е точно наведено што и кој граѓанин треба да исполни услов, како да се пријави, што да прилолжи и да има право на глас на 13 јули.“, вели Јанаќе Витаноски, член на ДИК.
Од 5.000 граѓани кои се во самоизолација, досега само 179 се пријавиле за да гласаат в понеделник, првиот од трите изборни дена за овие парламентарни избори на кои за првпат, поради коронакризата, се воведува и ден на кој ќе гласа оваа категорија лица. Граѓаните, кои треба да гласаат од дома, имаат рок до утре на поноќ да се пријават до надлежните општински комисии – ДИК веќе изготви детално упатство.
„Во упатството е точно наведено што и кој граѓанин треба да исполни услов, како да се пријави, што да приложи и да има право на глас на 13 јули.“, вели Јанаќе Витаноски, член на ДИК.
Изборниот процес на 13 јули ќе го спроведат посебни избирачки одбори.
„Посебниот избирачки одбор ќе прими онолку ливчиња колку што граѓани се пријавиле да гласаат дома -дали болни или позитивни. Истовремено, овие одбори ќе одат со заштитна опрема.“, смета Радица Ристеска, член на ДИК.
ДИК, во присуство на меѓународни набљудувачи, изврши симулација на гласање на едно избирачко место, за да се види како ќе изгледаат безбедносните мерки во ситуација на пандемија. Надлежните уверуваат дека е изготвен сигурен здравствен протокол.
„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност.“, коментира Венко Филипче, министер за здравство.
Паралелно со техничките подготовки за изборите, партиите влегуваат во последната фаза од кампањата која завршува в недела на полноќ. Реториката на обвинувања се засили, на социјалните мрежи се објавуваат прислушувани разговори и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ја турка иницијативата за прв премиер-Албанец… Во ваква ситуација Хелсиншкиот комитет евидентира голем број пријави за говор на омраза на социјалните медиуми од кои дел се предизвикани поради „вжештената предизборна атмосфера“.
Скопје и Тетово остануваат најголеми жаришта во мигот со короната. Надлежните забрзано се подготвуваат за есенскиот бран – нова монтажна болница а студентските домови ќе се користат како капацитети. Дали короната ги загрозува изборите?
„Насекаде има нов бран, кај нас се појави порано, но уште во почеток го детектиравме.Се должи на разлабавување на мерките и недисциплината на граѓаните. Вирусот ќе остане тука а ние мора да бидеме подготвени и мора да профатиме дека ќе трае подолго од она што сите го очекуваа“, изјави министерот Филипче на денешната прес конференција.
Бројката на нови случаи останува висока, но според Филипче бележи намалување и во последните седум дена се регистрирани 860 случаи за разлика од над илјада во изминатиот период. Исто така и инциденцата е пониска како и „Р0“ факторот на преносливост кој во последните неколку дена е 1,1 а во останатиот период е 0,9.
Процентуално старосната група од над 60 години е најчеста меѓу новите случаи – 26 отсто а најголем број од починатите исто така се од оваа група.
Скопје е најголемото жариште а во последните седум дена дури 46 отсто од новите случаи се од главниот град а се почесто новите случаи не се поврзани со ниту еден досега регистриран кластер. Тетово е на второто место со 13 отсто од новозаболените. Како проблем се јавува Штип каде случаите кои се регистрираат деновиве не се од веќе познати кластери.
„Во 15 града во државата бојот на нови случаи е под 20 лица.
Надлежните најавуваат нов силен бран есеноска кој ќе се шири забрзано и затоа уште сега почнуваат подготовките.
Останува претпоставката дека вирусот насесен побрзо и посилно ќе се шири, луѓето ќе мора да седат внатре. Затоа тече подготовка на капацитети за есенскиот период. Имав разговори со директори на клиники во повеќе градови за дополнителни капацитети кои може да се користат како болнички. Студентските домови се една од опциите за зголемување на капацитети. До клиниката за пулмологија ќе се постави уште еден центар за тријажа а доколку има потреба ќе се направи уште една модуларна амбуланта како онаа што е во склоп на Инфективната клиника“, рече Филипче.
Кога станува збор за изборниот процес, Филипче соопшти дека во моментов има над пет илјади луѓе кои се во изолација а неделава ДИК заедно со здравстените работници ќе спроведат сиулација на избирачкиот процес за да се провери поставеноста и капациетот на комисиите.