Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДИЛЕМА: ЌЕ ПРАВИ ЛИ ТЕ-ТО СТРУЈА ЗА НАС ИЛИ ЌЕ ИЗВЕЗУВА?

September 20, 2022 Filed Under: Македонија

Деновиве Телма се обиде да истражува дали Владата ќе го убеди ТЕ-ТО да продава поефтина струја за индустријата во екот на енергетската криза?

КОВАЧЕВСКИ Се бориме да обезбедиме гас по поволни цени

Телефонски разговори на оперативно ниво. Ова е начинот на кој се преговара соработката и поддршката од ТЕ-ТО во претстојниот период. Струјата на ТЕ-ТО е клучна според Владата и ќе биде потребна за индустријата. Од компанијата се на став, немаме ниту потреба ниту обврска да работиме постојано. ТЕ-ТО има гас за до крајот на овој месец, додека директорот на ЕСМ Ковачевски тврди дека залихите се за еден месец повеќе. Доколку се постигне договор, обврската за набaвка на гас треба да ја превземе државата.

Една консултациона средба досега и телефонски разговори во кои не се вклучени лицата кои треба да го стават својот потпис на евентуален договор е начинот на кој во моментов преставниците на Владата и ЕСМ преговараат со ТЕ-ТО да се стави во погон и да биде поддршка во производството на струја за индустриските капацитети во претстојниот период.  ТЕ-ТО кој од Владата во неколку наврати го посочија како една од двете клучни алки за амртизација на ценовиот шок и недостатокот на струја е стратешки, но приватен, капациет кој освен струја е клучен и за производството на топлинска енергија и парно греењето во Скопје.

Од Владата се децидни дека договор ќе има до крајот на месецов и ТЕ-ТО како и минатата година ќе ја стави електричната енергија која ја произведува, по разумна цена, на располагање на државата.

ТЕ-ТО Приватните компании сакаат да имаат што поголем профит

Од комапнијата остануваат на ставот дека немаат обврска да работата постојано.

– ТЕ-ТО енезависен субјект на отворениот пазар на енергија и своите производи – електричната енергија и топлината ги нуди по економски цени со цел да оствари добивкакако и секоја друга компанија во државата и за да ги подмири своите трошоци и обврски. ТЕ-ТО нема обврски да работи постојано, велат од компанијата за Телма..

Гасот е неопходниот енергенс за работа на ТЕ-ТО. А таму велат дека имаат гас самио до крајот на септември и дека се водат преговори со повеќе добавувачи за октомври!

Сепак, првиот човек на ЕСМ Ковачевски е дециден, доколку се постигне договор, државата ќе го набави гасот и ако успее по пониска цена од пазарната.

Она што е јасно е дека надлежните ќе мора да понудат далеку подобра цена од 170те и 190те евра за мегават час кои ТЕ-ТО ги добиваше во првиот квартал од годината и генерираше 37 милиони евра загуба за да државата да ја добие нивната поддршка.

Filed Under: Македонија

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?
(НE)ОЧЕКУВАНО СЦЕНАРИО
ПСИХОЛОГИЈАТА И ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА: КАКО ДА БИДЕТЕ ВИСОКО ЧУВСТВИТЕЛЕН РОДИТЕЛ

Најново

  • СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ОДИМЕ КОН ДРЖАВИ КОИ НЕ СЕ ДЕМОКРАТСКИ
  • ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО СМЕТА ДЕКА НИЕ БАРАМЕ ЗДРАВСТВО КАКО ДА ИМАМЕ ШВЕДСКИ БУЏЕТ – ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПОКАЖУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ЗДРАВСТВО?
  • ДАЛИ МИЦКОСКИ СЕ СОГЛАСУВА СО ОРБАН ДЕКА БРИСЕЛ Е НЕПРИЈАТЕЛ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet