Разбирањето на настанати два јазика не значи дека тоа е еден и ист јазик. Италијанците и Шпанците меѓусебно се разбираат, ама не тврдат дека тоа е еден јазик. Норвежаните, Данците и Швеѓаните исто така се разбираат многу добро
МАРИЈА ВЕСОВА
Се разликуваме, не сме еден народ како што тврдат многу бугарски националисти. Но, најблиски сме. Вие зборувате македонски, а јас бугарски, вели во интервјуто за „Утрински печат“ бугарскиот историчар Димитар Атанасов од Институтот за етнологија при БАН.
„Нема разумен човек кој се сомнева во тоа. Разбирањето на настанати два јазика не значи дека тоа е еден и ист јазик. Италијанците и Шпанците меѓусебно се разбираат, ама не тврдат дека тоа е еден јазик. Норвежаните, Данците и Швеѓаните исто така се разбираат многу добро, дури на Скандинавскиот полуостров има конвенција според која студентите од секоја од овие земји би можеле испитите да ги полагаат на својот мајчин јазик, независно од која од овие земји одат да учат. Но, тоа не значи дека јазикот им е еден идентичен, јазиците се шведски, норвешки и дански“ вели Атанасов.
Во интервјуто, Атанасов говори и за тоа како неговите политички ставови од колеги од историската и научна јавност се третирани за национално предавство, кукавичлук и дека тоа се случува со сите негови истомисленици кои не се процент за потценување и и припаѓаат на бугарската интелегенција, која смета дека Македонија и Бугарија треба да имаат една порационална позиција, базирана на научни стандарди и почит кон другите, а не реторика која ги потхранува националните комплекси.
Спомнувајжи ја неодамнесната петиција за грагански патриотизам, иницирана од проф.Александар Косев, поддрзана од над 1600 грагани, овој бугарски историќар со свое видување за заначењето патриотизам.
„Граѓанскиот патриотизам, почитта кон другиот, откажувањето од омразата кон другиот, е вистински патриотизам. Патриоти сме и добри Бугари, кога ги почитуваме соседите, а не кога ги терориризраме“, смета Атанасов.
Според него, бугарската држава треба да престане да бара вклучување на Бугарите во македонскиот Устав, оти таа не е во состојба да даде впишување на Македонци во бугарскиот Устав, поради неговата чистограѓанска концепција.
„Ако сметаме дека граѓанската нација е далеку подобра идеја од етничката, тогаш да не ги впишувате Бугарите во вашиот Устав, а ние да не ги впишуваме Македонците“.
Тој смета дека иако тоа стана дел од официјалниот ЕУ предлог, не би било проблем бугарската држава да се откаже од тие условувања, кога ќе дојде „друга, ненационалистичка, политичка гарнитура“.
За честите провокации на политичари од неговата земја дека Македонија е „втора бугарска држава“, Атанасов вели дека тие не се рефелксија на граѓанското општество во Бугарија. „Национализмот си дозволува двојни стандарди.Често е покритие за корупциски шеми и бизнис интереси. Си дозволува да бара, а да не дава. Државните граници какви што се сега се непроменливи“.
Во интервјуто за „Слободен печат“, го потенцира значењето од политичка емпатија кај политичките гарнитури, како и за способноста за согледување на погрешните чекори низ историјата.
„Ако ние Бугарите не сме способни да кажеме каде згрешивме, ако вие Македонците која е вашата вина, тогаш ќе се обвинуваме постојано, со вперен прст. Сакаме нормални релации со соседите. Бугарите и Македонците на Балканот се најблиски“ вели Атанасов.
А за тоа што треба да направи официјална Софија за да го тргне горчливото чуство кај македонците дека Бугарија, за акт на агресија го смета и самото постоење на Македонија, историчарот Атанасов вели дека не е крајно оптимист оти тоа ќе оди лесно.
„Има луѓе кои сакаат Македонија да е бугарска и за кои самото нејзино опстојување е проблем. Така и кај вас има такви кои сакаат да доказат дека македонската нација е од Адам и Ева. Треба да вложиме напор тие две страни да ги маргинализираме за да не го диктираат дневниот ред на општеството, и да се договориме дека тоа не одговара на научните стандарди“.
Осврнувајќи се на работата на мешовитата македонско бугарска комисија, Атанасов смета дека таа требало да ја договори само генералната рамка, а не и целосната содржина на учебниците. Тврди дека ако бугарскиот дел од комисијата не бил даден на Красимир Каракачанов да ја искористи како „пропаганден и бизнис инструмент“, туку да им се даде фокус на современи мислители од академската и научна заедница, тогаш улогата на оваа комисија би била поплодотворна и пореспектабилна.
„Сакаме македонското членство во ЕУ да не е поврзано со учебниците по историја. Посакувам политичката рамка која е поврзана со кандидатурата и приемот на Македонија во европското семејство да не биде поврзано со образованието, со академската наука, со нешта кои всушност се друг проект“.