Можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека ‚документот’ е балканска ујдурма – вели министерот
На планот на односите меѓу земјава и Бугарија не се случува ништо, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ, каде и се осврна на актуелните теми поврзани со и за Балканот.
Имено, Димитров воп гостувањето истакна дека на планот на односите со соседна Бугарија не се случува ништо ново, бидејќи Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. Оттука, за него нон-пејперот што се појави во јавноста е сосема бесмислен.
„Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека ‚документот’ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите“, вели Димитров за Утрински брифинг.
И бугарската влада се огради од таквиот документ.
Во врска со односите со Бугарија, Димитров вели дека во овој случај, во односите меѓу Македонија и Бугарија, „историјата не е учителка, туку сме влезени во затворот на историјата“.
Секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, така се зголемува интензитетот на лажни вести, конструкции и измислици од страна на опозицијата.
Очигледно е дека фамозниот нон-пејпер е пишуван во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, за да може Димитар Апасиев да шири лажни вести и да се радува на Фејсбук и другите социјални мрежи.
Што друго може да се очекува од политички партии кои наместо конкретни мерки и програми, нудат само лажни вести и невистини.
Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејсбук и тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорно дејствување.