Директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев, кој го предводи македонскиот тим историчари и копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров соопштија дека за шест седум месеци направен е напредок

По првичната еуфорија од потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, во јавноста се создава впечаток дека таа е спласната. Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека тој Договор е постигнат со мудрост и посветеност и тој приод се применува и во неговата имплементација. Тој не смета дека преговорите што се водат на експертско ниво се во критична фаза, туку дека преку добра волја и доверба се води овој, како што вели тежок процес.
– Како што требаше мудрост и посветеност за да се дојде до Договорот за пријателство, сличен приод бара и неговата имплемнтација. Постои таа затегнатост што трае со децении, во однос на погледот кон историјата, кон денешнината. Има еден парадокс – ако има закани и притисок да направите нешто што му треба на другиот, тоа наместо пријателство, создава фрустрација. И тоа може да го урне и е ризик за овој процес, вели министерот Димитров во интервју за 1ТВ.
Фокусот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија е на учебниците по историја, за што неодман имаше и средба во Софија. Директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев, кој го предводи македонскиот тим историчари и копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров соопштија дека за шест седум месеци направен е напредок.
Министерот Димитров вели дека со овој процес се работи на поголема самодоверба кај двете страни, а разлики има во очекувањата колку брзо оваа комисија може да работи.

– Комисијата има видлив прогрес досега во делот на антиката и средниот век и во однос на договор за заедничко прославување на важни личности, што ни се важни нам, како што се сесловенските Свети Кирил и Методиј и личности што им се важни и ним. Динамиката како оди овој процес мора да биде во функција на создавање на блискост. Имам впаток дека има разлика во очекувањата колку брзо ова комиија може да работи. Но, практично, процесот наједноставно или најкратко кажано значи, поголема самодоверба кај нас кога се вртиме назад и поголема самодоверба и отвореност кај нив кога ја гледаат денешнината, за тоа кои сме ние, македонскиот јазик – вели Димитров.
Министерот за надворешни работи не смета дека сето ова е во критична фаза, но признава дека има искушенија.
– Ќе има искушенија. Има едно искушение, ќе има и други, ама треба многу добра волја и доверба на политичко ниво и на ниво на членовите, на експертитеза да се одвива еден процес што е многу тежок, ама е важен за да има вистинско разбирање и пријтелство и блискост – вели Димитров.
– Чекор напред може да се направи. Она за што разговараме, мора да оди на разгледување пред двете влади. Неопходна е политичка волја, што може да доведе до промена на учебниците и целокупната интерпретација на минатото. Се надевам дека свој придонес во тоа ќе дадат и медиумите во двете земји, нагласува Димитров. Смета дека и најделикатните прашања можат да бидат решени со обострана добра волја.
Бугарија, вели Димитров, сака добри односи со Северна Макеоднија и силно ги поддржува нејзините аспирации за евроталнатска интеграција.
Се очекува денеска на крајот од дводневната средба во Софија, Димитров и Ѓорѓиев да имаат заедничка средба со новинарите на која ќе информираат за резултатите од рагзоворите.
На средбата, двете страни дискутирале за учебниците и дебатирале околу личноста и делото на Гоце Делчев.
Димитров предложил „да се најде решение за чествувањето на една толку сакана личност во двете земји, како Гоце Делчев“.
Двете страни одлучиле прашањето околи Делчев да биде разгледано на следното заседание, што ќе се одржи во јуни.
– Се надевам дека на следната средба ќе се дојде до решение подобро од тоа кое го направивме за Цар Самоил. Искрено се надевам дека на следната средба ќе завршиме со античкиот период, но ќе направиме солиден чекор напред во постигнувањето на заедничка позиција околу белешките со интерпретацијата на средновековниот период, истакна Димитров.

Драги Георгиев, копретседател од македонска страна, нагласи дека прашањето за Гоце Делчев е „чувствителна тема за една важна личност“.
– Ние денеска дискутиравме за Гоце Делчев и сметаме дека треба да се продолжи разговорот за него како за една личност, која заедно ќе ја за чествуваме, рече Георгиев.
Наведе дека македонската страна ќе подготви свој текст, што ќе го предложи на средбата во јуни.
– Сметаме дека работата на Комисијата е многу сериозна. Неопходно е време, неопходни се консултации со специјалисти, да претставиме една сериозна препорака до Владите, заклучи копретседателот на Комисијата од македонска страна.