Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДИМИТРОВ ЗА ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ: НE БАРАМЕ НАГРАДИ, САМО ВАЛОРИЗАЦИЈА

September 4, 2018 Filed Under: Македонија

Не бараме скратени патишта или незаслужени награди. Но, би сакале успешните приказни и шанси да бидат соодветно валоризирани и искористени истакна Димитров во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи во ЕП

ДИМИТРОВ ПРЕД ТЕТОВЧАНИ Министерот беше задоволен од средбата со граѓаните

Политичарите можат да направат цела кариера и да живеат од нерешен спор, а можат и да се вложат и да го решат, заштитувајќи го најважното за двете страни, за граѓаните на нивните држави да живеат подобро, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, елаборирајќи за актуелностите во Македонија во пресрет на референдумот.

Димитров се осврна на текот на имплементација на клучните реформи во земјата и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија. Притоа ја нагласи ефективноста на преговорачкиот процес во реформските придвижувања и важноста на препознавањето на исклучителните исчекори на Република Македонија, особено имајќи го предвид регионалниот и геополитички контекст.

ПОДДРШКА Старите луѓе умеат да оценат што е добро за нивните внуци

– Не бараме скратени патишта или незаслужени награди. Но, би сакале успешните приказни и шанси да бидат соодветно валоризирани и искористени, особено во време кога на регионот, но и пошироко му требаат такви примери, истакна Димитров во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи во ЕП, на чија агенда е и првото читање на предлог резолуцијата на ЕП за Република Македонија.

РЕГИОН На регионот му треба нашиот пример

МНР соопшти дека за време на дискусијата, европратениците изразија поддршка и честитки за извонредниот дипломатски успех – решавањето на деценискиот спор со Грција.

Министерот Димитров изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, рефлектирана меѓу другото и преку Жан Моне процесот на соработка со Собранието на РМ, како и во резолуциите за Република Македонија.

Димитров во Брисел имаше средби и со евро-пратениците Удо Булман (Претседавач на групата на социјалисти и демократи во ЕП), Андреј Ковачев (потпретседавач на групата ЕПП), Иво Вајгл (известител за РМ во ЕП, член на групата на Европски либерали и демократи), со Јоханес ван Бален (претседател на Групата на пријатели на РМ во ЕП, АЛДЕ), како и со Дејвид МекАлистер (претседавач на АФЕТ, член на ЕПП). Од страна на соговорниците е изразена силна поддршка за правецот на движење на Република Македонија и надеж дека нашата земја конечно ќе се најде целосно во семејството на ЕУ.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet