Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДИПЛОМИРАНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА БУ СЕ ВРАТИЛЕ НАЗАД, АМА САКААТ ТУКА ДА ИДАТ ПРОМЕНИ!

October 1, 2024 Filed Under: Македонија

Зошто младите кои дипломирале во Словенија не сакаат да се вратат во Македонија?

ЉУБЉАНА Се повеќе наши млади луѓе се школуваат во „дежелата“

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според  квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите  Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.

– Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.

На конференцијата насловена „Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво…

На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС,  1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање.

Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.

-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.

Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина.

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet