Неказнивоста во здравството е заради присутниот страв од гонење на лекари, вели директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Во интервју за РСЕ вели и дека успехот на обвинението за Онкологија е важен за целото здравство

Уредничката на Радио Слободна Европа Сања Васиќ во подолгото интервју со директорот на ФЗО на почетокот праша за конекцијата меѓу британскиот кредит и потребите на здравството, со потпрашање дали болниците во Штип, Кичево и Тетово ке ги градат британски фирми?
Клековски рече дека станува збор за доградба на Клиничката болница во Штип, изградба во Кичево и реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Постапката за градба за сите три ќе биде со компетитивен конкурс и не би можел во овој момент да каже. И кредитот и договорот за градба се предмет на натамошно договарање на деталите.
Во однос на болницата во Кочани, каде што во моментов се лекуваат околу 40 од повредените во трагичната несреќа и граѓанските организации алармираат дека условите таму не се погодни, Клековски
Подвлече дека болницата во Кочани функционира во најголем дел од својот капацитет. Прокиснувањето и проблематичните делови не се деловите кај што се третират пациенти воопшто. Во однос на тетманот, сите третмани што се од пообемна природа ги врши и организира Клиниката за пластична хирургија. Кога е направен протоколот за враќање на повредените од странство, во ниеден момент не било речено дека болните ке бидат третирани во Кочани, туку во болницата од која се испратени во странство. Значи, Градската Општа Болница 8 септември, Хируршката болница „Свети Наум“ и Клиничкиот центар, односно Клиниката за пластична хирургија.
Во однос на помагалата за болните Клековски изјави дека ракавиците, мерките ги прават стручњаци од Бугарија и се нарачaни за сите. Силиконските гелови, има доволни количини во болницата во Кочани. Станува збор за нерегистрирани лекови во Македонија, така да се работи и на нивен интервентен увоз.
При прашањето за состојбите во Клиника на Онкологија, интервјуираниот подвлече дека Клиниката за онкологија добила историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем. Оно што сега во моментот се случува како недостаток на лекови е исклучиво заради дистрибутерски дефект, односно каде што дистрибутерите не можат да го испорачаат лекот. Значи, ние не сме изолирани, независен сад, ако е прекинато производството во содветната фабрика и го нема достапен лекот, најчесто се обидува да се позајми лекот од каде го има на залиха, меѓутоа некогаш го нема никаде така да се случуваат превремени дефектури. Во моментот нема ни еден лек кој недостасува, а за кој нема замена, бидејќи во основа клиниката се труди да пациентите бидат покриени цело време… оваа година обезбедени се лекови за сите пациенти со цистична фиброза. А подвлече дека ке бидат покриени сите пациенти со мултипла склероза, на клиниката за гастро исто така покриени се многу поголеми количини. Призна во интервјуто дека има недостаток на клиниката за кожни болести, за тешки случаи на псоријаза. На хематологија има комплетна покриеност, дефектурите што се случуваат на онкологија, има замени за тие лекови. Стегањето на процесот значи дека нема сите пациенти да добијат лек, не зашто нема лек, току затоа што тој лек не одговара на нивниот стадиум на болест.
Зошто за дијабетичарите се уште се увезува терапија која на Западот одамна е исфрлена од употреба? – беше прашањето секако интересно за најголемата групација на осигуреници во земјава.
– Овде мора во еден момент да кажеме сите групи очекуваат светска нова терапија, меѓутоа Македонија во ништо не е во врвот на светските ранг листи. Со БДП на 80 место пер капита, во повеќето други критериуми меѓу 60 и 80 место. Со десетина долари или евра придонеси здравствени, не можете да очекувате здравство како што има во Шведска и лековите што се достапни во Шведска – гласеше одговорот.
Потоа додаде дека Фондот за здравство мора да има некаков концепт на еднаквост – не може да донесе најмодерна терапија за една група пациенти, а друга група пациенти да остане заборавена само зашто нема здружение на пациенти кои ќе ги застапува интересите.
Го спокена и гонењето на криминалот во здравството со оценка дека „неказнивоста во здравството е заради присутниот страв од гонење на лекари. Мислам дека тоа е културошки присутно“.
На ова интервју (целото прочитајте го на https://www.slobodnaevropa.mk/a/onkologija-obvinenie-lekari-lekovi-/33428947.html) во СДСМ испратија коментар со прашање – дали фалат пари од Фондот затоа што две фирми добиваат огромни буџети?
„Во само 11 месеци, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ го турнаа Фондот за здравство во бездна. Болниците не функционираат, фондот е празен, а системот е на колена. Во Кочани – нема ниту завои, ниту инфузии, ниту лекови. Луѓе легнуваат по ходници, се чека со месеци за терапија, а владините партнеру уште не може да се договорат кој ќе биде министер откако диловите во здравството им пропаднаа. Наместо да ги расчисти криминалните тендери, да обезбедат лекови во болниците, да обезбеди вработувања и услови – Владата најавува зголемување на придонесите!
Тоа значи: повеќе ќе ви земаат, а уште помалку ќе добиете… нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик. И на ова се додаде дека зголемување на здравственото осигурување не е реформа. Тоа е обид за покривање на неспособноста. Затоа СДСМ бара оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски.