Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДИРИГЕНТОТ НА НАПАДОТ ВРЗ „ШАРЛИ ЕБДО“ Е УАПСЕН ДЕНОВИВЕ ВО ЏИБУТИ

December 25, 2018 Filed Under: Свет

„Нашата генерација секогаш веруваше дека нема никогаш да доживееме војна. Но сега кај нас владее војна, толку е очајно, пеколно. Ништо не може да ни донесе ублажување. Ние не можеме непријателот едноставно да го убиеме, зашто терористите се едни од нас” – смета лекарот Пелу

СКИЦА Чериф нацртан на судење од 2011 година

Во саботата беше јавено дека човекот за кого има сомнение дека ја осмислил акцијата на крвавиот напад на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, е уаоен во Џибути и ќе биде испорачан на француските власти. Според Гардијан уапсениот Питер Чериф има 36 години а пред речиси 4 години, на 7 јануари 2015 година бил „мозокот“ нападот во кој загинаа 12 луѓе.

Чериф е познат под псевдонимот Абу Хамра а неговото апсење министерот за одбрана на Франција – Флоренс Перли го оцени како одлучна борба со тероризмот. Тој е роден во Париз, во 90-години од минатиор век е апсен заради ситни кражби а вастиоте веќе обрнувале внимание заради екстремни десничарски ставови.што го застапувал.

Нападот на „Шарли Ебдо“ беше мотивиран со карикатурите за пророкот Мухамед. По тој повод во Глобус го објавивме текстот на Лиза Луис за војната на културите во Франција, што се потврди потоа со уште нзиа слични напади.

Тогаш Луис напиша репортажа за Мариз Волински, која тој 7 јануари го загуби сопругот Жорќ Волински, еден од основачите и карикатурист во „Ебдо“.
„Кратко пред нападот, мојот маж често зборуваше за смртта. Се чини, имаше некое претчувство. Јас не знаев дека има толку смртни закани против ‘Шарли Ебдо’. Ако го знаев тоа, ќе му речев да не оди во редакцијата. Можеше едноставно да ги испраќа карикатурите по електронска пошта, па на тој ден немаше да биде таму,” вели Мариз Волински, вдовица на карикатуристот Жорж Волински.

ПОСЛЕ НАСТАНОТ Весникот доби поддршка од граѓаните а неговиот тираж едно време достигна до 30 милиони примероци по број!

Тоа бил еден среќен брак. И по 47 години, Жорж редовно и’ пишувал на сопругата љубовни пораки. Остаток од заедничкиот живот, од кој Мариз до денес не може да се раздели.
„Кога ќе умре некој со кого толку долго заедно си живеел и си го сакал, е исто како да ти е откинат дел од тебе самиот. Секогаш ме гледаше со тој вљубен поглед, кој ми даваше самодоверба. Тоа навистина ми беше важно. Сега морам сама да го погледнам животот в очи, без неговиот поглед.”

Секако, да го продолжат животот мораа и карикатуристите од “Шарли Ебдо” кои го преживеаја бруталниот напад. Некои решија да тргнат по други патишта, како колумнистот и лекар Патрик Пелу. „Го нема веќе мојот ‘Шарли Ебдо’. Моите пријатели се мртви. Морав да го напуштам ‘Шарли’ за да продолжам да живеам. Секој пат кога одев таму, во мислите ги гледав како седат моите мртви пријатели.”

ЗАМИНА Лекарот Патрик Пелу замина од Ебдо, но тој како лекар потоа многу пати интервенираше кога имаше жртви на терористички напади!

По нападите тој јануари, многумина помислија дека земјата стигна до најниската точка. Но, на 13 ноември 2015 година терористите повторно ја нападнаа француската престолнина и убија 130 луѓе. Лекарот Пелу интервенираше во сите овие атентати.
„Нашата генерација секогаш веруваше дека нема никогаш да доживееме војна. Но сега кај нас владее војна, толку е очајно, пеколно. Ништо не може да ни донесе ублажување. Ние не можеме непријателот едноставно да го убиеме, зашто терористите се едни од нас.”
За Мариз Волински постои само еден одговор кон теророт: со насмевка да се погледне стравот од нови напади во очи.
„Ова е војна на култури. Нашата култура наспроти нивната култура на игноранција. Мора да продолжиме да живееме заедно со нашите обичаи и хобија, нашите пријатели, провокации, со се’ што не’ прави Французи и Европејци.”
Мариз Волински напиша книга за атентатот врз “Шарли Ебдо” и објавува карикатури од својот маж. Но, таа се сомнева оти некогаш повторно ќе го најде својот мир. Болката по нејзиниот сопруг Жорж засекогаш ќе остане дел од неа.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet