Националистите и национал-популистите во Бугарија и во Република Северна Македонија немаат интерес за добри односи меѓу нашите две држави. По иронија на судбината, и тука, и таму, тие имаат едно и исто име -ВМРО
Денот на сесловенските просветители – светите Кирил и Методиј, повторно ги врати на сцена дебатите за азбуката, јазикот и бугарските „дијалекти“, а во контекст на Договорот за добрососедство и решавањето на прашањата од заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија. Бугарскиот професор по културна антропологија, Ивајло Дичев, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, во национализмот ги лоцира причините за темите кои ги одалечуваат двете земји, https://bgnesagency.com/nocomment//проф-ивайло-дичев-националистите-раз/)
Националистите и национал-популистите во Бугарија и во Република Северна Македонија немаат интерес за добри односи меѓу нашите две држави. По иронија на судбината, и тука, и таму, имаат едно и исто име – ВМРО. Тие прават сé што е можно за да се разделиме, да не бидеме заедно. Националистите кои ја поддржуваат Владата сакаат да покажат дека заштитуваат некаква национална гордост. На крајот, тие ќе ја уништат најголемата тема што ја имаме во овие години – да и помогнеме на Северна Македонија да влезе во ЕУ, да ги подигнеме границите меѓу нас и да станеме дел од едно политички простанство за кое мечтаеле нашите предци“, вели Дичев.
Тој истакнува дека со поставувањето апсурдни пречки и услови пред Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, значи дека тој што ги става тие пречки, игра туѓа игра. Дичев ги повикува новинарите да ја постават „пред одговорност Владата на „Граѓаните за европски развој на Бугарија’ (ГЕРБ)“ – да не ја запира Северна Македонија кон ЕУ со имагинарни и глупави аргументи.
Што точно сакаме од нашите соседи? Кога ќе го отвориме и прочитаме Договорот за пријателство и добрососедство, ќе востановиме дека тие не прават ништо што не е во спротивност со него. Таму не пишува дека треба да се откажат од јазикот и свечено да го прогласат Гоце Делчев за Бугарин“, вели Дичев.
Проф. Дичев посочува дека во ЕУ се уште има држави како Франција или Холандија кои се скептични во однос на приемот на земјит од Западен Балкан , со аргумент дека и не се подготвени за тој чекор. Сппоред него Софија треба да вложи напори да ги убеди во спротивното.