Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДКСК: БЕЗ ЗАПИСНИЦИ СЕ ВРАБОТУВАНИ РОДНИНИТЕ НА КИРАЦОСКИ, БЕКТЕШИ, АДЕМИ

April 30, 2019 Filed Under: Македонија

Антикорупционерите објавија дека нема нерегуларности при вработување на ќерката претседателот на собранието Талат Џафери, Бесијана во ЕЛЕМ. Истото важи и за вработувањето на синот на пратеникот Мисовски, Кристијан, во Агенцијата за супервизија

МЕРИ ЈОРДАНОВСКА

ИВАНОВСКА Се злоупотребува дискреционото право на директорите при избор на кандидати за вработување

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции во петокот беше обелоденет на седницата на Државната комисија за спречување на корупцјата (ДКСК). Новинарите добија листа од 18 предмети од кои три беа за вработувањата на ронини на пратен ичката Мира Стојчевска и исто толку за пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски. Од овие предмети за половината постојат сериозни сомнежи за влиојание на непотизам и влијание за вработување на татковци и други роднини по доаѓањето на СДСМ на власт. Еклатантен пример беше предметот за вработување на сестрата на министерот Крешник Бектеши, Влора Бектеши, која во октомври 2018 се вработи во „Мепсо“. Вкупно 73 кандидати се пријавиле а пет биле избрани во потесен круг без записник за бодирање. Од избраните во птесен круг генералниот директор на „Мепсо“ ја избрал токму сестрата на министерот.

„Не се знае точно како токму сестрата на министерот е избрана бидејќи не постои записник од бодирањето. Владата треба да извести за овој случај а Надзорниот одбор на Мепсо треба да изврши увид во работата на овој случај. Воедно иницирам прекршочна постапка против Бектеши, бидејќи тој и неговата сестра живеат во исто домаќинство а тој не пријавил дека член на неговото семејство е вработен во државна институција“ – рече Владимир Ѓеорѓиев, член на ДКСК.

На седницата се провлекоа низа случаи за кои п на ист начин – институциите не доставувале записници од постапката за прием на кандидатите, нема подтоци за бодирање на кандидатите, причини зошто останатите кандидати се одбиени и зошто е избран токму роднина на висок функционер.

СЕДНИЦА НА АНТИКОРУПЦИСКА Јавно за функционерите кои ги вработуваат најблиските „преку врска“

Сличен случај е и вработувањето на сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, Хидајете Алили, која е вработена во ЕЛЕМ. Работното место не постоело преходно, било креирано, недостига нг листа на пријавените, немало бодирање ниту воопшто се знаело дали е извршен разговор со кандидатите. И за овој предмет, комисијата ќе јаизвести Влаата, а ќему предложи на НО на ЕЛЕМ да изврши увид во целокупните документи За вработувањата на сопругот, синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска, индиции за постоење на непотизам има само во случајот за вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски во ЕЛЕМ.

На врвот на листата по случаи за непотизам е  пратеникот и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. Ка него и вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци и вработувањето на сестрата Мирјана Јосифовска во Централен регистар и мајката на сопругата на Кирцовски Мери Поповска се со со индиции за непотизам.

МЕТА Најчеста мета за непотизам се државните фирми МЕПСО и ЕЛЕМ

За вработувањето на мајката на пратеникот на СДСМ Костадин Костадиновски во струмичкиот Централен регистар е со индиции за непотизам. За овој случај Нури Бајрами од ДКСК наведе дека треба да се преземат и мерки „и за директорот на Централниот регистар, бидејќи, не се преземени мрки за се согледаат сите околности за да се направи избор“. За овој случај, Бајрами предложи да се извести Владата како и УО на Централниот регистер.

Антикорупционерите објавија дека нема нерегуларности при вработување на ќерката претседателот на собранието Талат Џафери, Бесијана во ЕЛЕМ. Истото важи и за вработувањето на синот на пратеникот Мисовски, Кристијан, во Агенцијата за супервизија.

(А1 он.мк)

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet