Рушењето на напорите на здравствените власти во светот со негирањето на постоењето на пандемијата веќе добиваат се’ појасна цел – да се спречи вакцинирањето на населението. При тоа е видливо дека зад ваквите напори стојат организирани сили. Протагонистите веќе не се ни кријат, се сликаат со камери или мобилни.
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Чипирање на луѓето преку вакцинирање, дигитализација на секој човек кој ќе се вакцинира, илуминати, кабала, некоклку светски милијардери – еден мешпајз од изрази кои треба да се соединат во некаква приказна која треба да предизвика масовен страв кај консумерите… и тоа сега, во пресрет на евентуалното објавување на спаоносната вакцика со која светот би воздивнал пред актуелната пандемија. Ова не очекува ако пребаруваме по Фејсбук и ако налетаме на видео сторија во која некој наш современик креира приказна за тоа дека вакцините се измислица, како и ковидот-19 на т.н. длабока држава. Видеото (https://www.facebook.com/denis.sherifoski.5/videos/828373741261677/), во меѓувреме повлечен о од „промет“, во траење од седум минути секако има измислен наратор, иако самиот се појавува пред мобител кој го снима, веројатно убеден дека ваквите опасни стории сепак остануваат без последици, нешто како „современи македонски народни приказни“. Постирачот се претставува како Денис Басс, инаку име на еден басис кој настапува со поп пејачката Блонди (!), говори со источномакедонски дијалект а стои дека е прилепчанец. Неговиот профил открива дека е музичар, дека учествувал во протестите на овој еснаф пред Владата, дека е „тврд“ противник на постоењето на короната а начинот на кој го читаше „прогласот“ јасно покажува дека изговорениот текст вериојатно течеше некаде, на некој кајрон или слично.
Ова постирање на Фејсбук во однос на кризата со пандемијата со ковид-19 е една форма на „блиц“ архивирање на сите или поголем дел од многуте забелешки што постојат на социјалните мрежи од другата страна на науката на тема на пандемијата и кои обично се дел од алманахот на теориите на заговор.
Ковидот е означен како производ на длабоката државата (означени се двајца претставници на истата – Џорџ Сорос и Бил Гејтси а како нивни наредбодатели „Ротшилдови и Рокфелерови“).Потоа постои директен линк со балкански фактори во здравството кои сите заедно биле членови на „илуминати“ т.е на кабала).
Подземната држава, по овој постирач на тезата, емитувала наводно пари кои се делени на лекарите кои пак здружено треба да ја убедат јавноста дека постои пандемија, која, по потписникот на видеото – Денис Басс инаку ја нема, по што би следело масовно вакцинирање, кое би имало за цел да создаде маса на робови со кои лесно би се манипулирало… Се тоа како дел од длабоката држава, поим кој треба да и даде „академски“ смисол на приказната. Длабока држава се чини постои, но од која страна на приказната? Бидејќи, длабоката држава претпоставува збир на луѓе чиј идентитет е добро сокриен а не на ептен познати и секако богати поединци во светот на капиталот?!
Имено, тука имаме еден обид да се создаде превртена ракавица на длабоката држава која пак со ваквите стории би внесувала немир кај граѓаните, конфузија и тоа преку лажни а приемчиви наративи, за да се шири пандемијата непречено . За ова се користат разни пропагандисти кои веќе се истакнале како лесно обработливи односно податливи за такви цели (како што се антиваксерите!). Фактот што во граѓанството имаме многу сограѓани кои јавно велат дека не веруваат во тоа дека има пандемија и покрај големиот број заболени и починати од овој вирус кај нас и во светот, дека тие се од најразлични социјални групи, јасно покажува дека тие приказни колку и да се филигрански украсени со небулози, сепак успеваат, наидуваат на слушатели и создаваат верници. Тоа може да дојде од таму што токму зад ваквите стории стојат припадници на вистинската длабока држава.
Професорот Џек Голдсмит од Харвард во еден текст за Гардијан
(https://www.theguardian.pe.ca/opinion/local-perspectives/opinion-where-is-the-deep-state-236770/) „длабоката држава“ ја дефинира како „хибридно здружување на елементи на власта и делови од највисоките нивоа на менаџмент на индустријата и финансискиот сектор, кој успева реално да владее … без барање согласност низ било каков формален политички процес“, цитирајќи го Мајк Лофгрен. Меѓу споменатите поединци во видеото ние немаме ниту еден толку богат човек (а има ли таков?) кој би можел да ги купи сите лекари во еден да речеме американски округ, да не говориме за држави, континенти, СЗО…Постои еден голем финансиер на изработката на вакцината против ковидот како што е Гејтс ама се работи за финансирање на процес во една од стотината вакцини кои се работат во лаборатории во светот, во различни држави и сите тие се поттикнувани од различни финансиери (Сзо говори за над 150 издвоени процеси – https://mia.mk/szo-svetot-e-sre-en-shto-ima-tolku-kandidati-za-izrabotka-na-vakcina/).
За Сноуден длабоката држава не се само разузнавачките агенции, туку тоа е групирање на сите оние бирократи од кариера, кои остануваат на своите позиции дури и кога се менуваат претседателите… тие влијаат на политиките, тие влијаат на претседателите.“ Во таа дефиниција лесно увидуваме – познавајќи го ликот и делото на Сноуден – дека длабока држава се токму оние кои можат да продуцираат еден многу поевтин производ како што се овие антиваксерски приказни и токму во квечерината кога спасот за човештвото треба да се појави на хоризонтот.
Голдсмит вели дека „длабоката држава, која е вистински феномен, веќе долго време е закана за демократската политика и нејзин спасител. Проблемот е дека е тешко да се одржи нејзината улога на спасител без притоа да се прифати нејзината улога на закана. Двете одат рака во рака, и тешко е да се раздвојат“.
Така е и со длабоката држава која создава вакви видео обраќања! Најпрвин ќе се направи хаос во државите а потоа ќе се јават – спасителите! Со оглед дека нараторот се обраќа на македонската, српската у бугарската јавност, можеме да помислиме дека приказната има и регионален пристап, каде и треба да се бараат трагите од нарачателот.
Втората новина во овој пост е што имаме директно обраќање до јавноста во форма на еден вид на неприкосновено предавање „на вистината“ што би било карактеристично, да речеме, за било каков авторитет, но не и за човек кој ниту се претставува, ниту ја објаснува позицијата на нам изнесените а надредени (во обид) сознанија..
Спотот изобилува со форми на несомнено непознавање на изнесениото, што би се рекло – елементарно лизгање на факти.и мешање на разни неспоиви категории. На пример се мешаат локални министри и шефови на кризни штабови. Така, српскиот министер за здравје не е доктор Кон, туку е Златибор Лончар. Новина е вметнување на сите креатори на вирусот во мистичниот свет на кабалата. За неа малку се знае, кај обичниот свет терминот има во себе некаква таинствена магија која може лесно да се претвори во фантазморија. Кабалата е (хебрејски: збор и значи „предание, примање“) и нема никакво значење надвор од јудаистичките теолошки расправи бидејќи е само дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот. Претставува збир на езотерички учења наменети за одредување на духовното значење на Танахот (хебрејската библија) и на традиционалната рабинска литература. Врзување на јавни лишности кои се дел од здравствениот фронт во овие сфери е чиста небулоза за религиски расправи а таа говори за нивото на сознанија со кои кои располага нараторот т.н. Бас. Но,за она што тој човек го врши и не е потребно знаење. Може да се именува и како – труба!