Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДНЕВНО СЕКОЈ ГРАЃАНИН ПРОИЗВЕДУВА 1,1 КИЛОГРАМИ ОТПАД

December 31, 2019 Filed Under: Македонија

Скоро секоја општина во земјава има своја депонија. Официјалните податоци од статистичко истражување покажуваат дека на територијата на целата држава се активни 45 општински депонии, но постојат уште  1.000 други диви депонии. Од вкупниот број на официјални депонии, 14 депонии се во првата група според површината – до 5.000 метри квадратни

АНЕТА ДОДЕВСКА

Минимум Само Дрисла исполнува минимални критериуми за чување ѓубре

Од 2011 година официјалните мерења покажуваат постојан тренд на зголемување на отпадот во земјава. Само за четири години комуналниот отпад е зголемен за 90 000 тони. Најголем „произведувач“ на отпад е скопскиот регион, а најмало количество на создаден комунален отпад има во југоисточниот регион, пишува неделната анализа на Порталб. Најновото истражување на Заводот за статистика посветено на состојбите со животната средина покажува дека на територијата на целата држава има 45 официјални депонии и уште 1 000 диви, нерегистрирани, но активни депонии на кои секојдневно се трупа ѓубре.

Секој граѓанин во земјава дневно создава по 1,13 килограми отпад  или 412 килограми годишно.

Најновото истражување на Заводот за статистика посветено на состојбите со животната среднина, а со кое е опафатен дури и период од 2011-та година па наваму,  покажува дека на територијата на целата држава лани биле создадени 854.865 тони отпад, од нив  625.386 тони се собран комунален отпад

„Најголемо количество комунален отпад е собрано во скопскиот регион, а најмало количество во југоисточниот регион. Иста е состојбата и со количеството на создаден комунален отпад.“ – се наведува во истражувањето кое покажува и дека даноците за загадување имаат и најмал удел во вкупните даноци што се плаќаат по различни основи за животна средина.

„Во 2017 година, најголемо е учеството на даноците за енергенти со 64.4 %, потоа учеството на даноците за транспорт со 34.7 % и најмало е учеството на даноците за загадување со 0.9 %“.

Од 2014 година до 2018 година, количеството на создаден комунален отпад е во постојан раст. Во 2014 та биле регистрирани 765 156 тони комунален отпад, четири години подоцна ова количество на отпад се зголемило за скоро 90 000 тони.

Создаден комунален отпад:

 

2014 година              765 156 тони

2015 година              786 182 тони

2016 година              796 585 тони

2017 година              786 881 тони

2018 година              854 865 тони

ПРОИЗВОДСТВО Скопскиот регион – најголем “произведувач“ на отпад

 

На годишно ниво расте количината на создаден отпад, сразмерно на тоа е зголемено и количеството на отпад по глава на жител па така  од 2014 година до крајот на 2018 година, годишното количество на отпад по жител се зголемило за 42 килограми.

Годишно количество на отпад по глава на жител:

 

2014 година     370 тони

2015 година     380 тони

2016 година     376 тони

2017 година     379 тони

2018 година     412 тони

 

Податоците покажуваат постојан пораст на отпад од пакување. Се работи за амбалажно пакување пуштено во промет, и од домашно производство и од увоз. Во 2011 година отпадот од амбалажа во која имало производи дистрибуирани на пазарот бил 48 341 тон. Следните години овој вид на отпад е во постојан пораст, со што во 2017 година доаѓа на ниво од 68 920 тони. Охрабруваат податоците дека расте процентот на рециклирање на овој тип на отпад ( во најголем дел хартија). Така во 2011 година рециклирањето на материјалот (отпадот од пакување) бил 11,7% а во 2017 година се искачува на 42,1%.

Според економската дејност, најголем создавач на отпад е рударскиот сектор кај кој од 2014 година до 2016 година количеството на создаден отпад се зголемило од 75 198 тони на 700 549 тони. На второ место според количината на создаден отпад е секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со регистриран отпад во 2016 година од 443 043 тони а на трето место е преработувачката индустрија со 215 010 тони создаден отпад. Податоците покажуваат дека скоро 96% од создадениот отпад од компаниите, односно индустриите е неопасен додека 4% се сметаат за опасен вид на отпад кој пак најмногу се генерира во рударството и енергетиката.

Скоро секоја општина во земјава има своја депонија. Официјалните податоци од статистичко истражување покажуваат дека на територијата на целата држава се активни 45 општински депонии, но постојат уште  1.000 други диви депонии. Од вкупниот број на официјални депонии, 14 депонии се во првата група според површината – до 5.000 метри квадратни.

„Особено е важно да се нагласи дека има околу 1 000 општински „диви“ депонии, особено во руралните области. Во Република Северна Македонија, само скопската депонија „Дрисла“ исполнува минимум критериуми од стандардите на ЕУ пропишани во Директивата за депонии“ – наведуваат од Заводот за статистика.

Анализирано според географската положба по плански регион, податоците покажуваат дека најголем број на депонии, вкупно 9, се позиционирани во Источниот плански регион со вкупна површина од 1 206 метри квадратни.

ДИВА ДЕПОНИЈА Депонии – 45 официјални и уште 1 000 диви ….

Број на депонии според плански регион:

Вардарски              8 депонии

Источен                  9 депонии

Југозападен            6 депонии

Југоисточен            8 депонии

Пелагониски           7 депонии

Полошки                 1 депонија

Североисточен       5 депонии

Скопски                   1 депонија

Со годинешниот Буџет за заштита на животната средина се одвоени околу 6 милиони евра, со новиот Буџет за 2020 година сумата во апсолутен износ значајно се зголеми, на 20 милиони евра но како процентуално учество, со само 0,5%  во вкупниот буџет, државната логистика за реашавање на горливите проблеми со загадувањето и наму се смета дека е на ниско ниво.

Алармот постојано доаѓа од невладиниот сектор и граѓанските активисти кои бараат не само значајни финансии за решавање на проблемите туку и конкретни и применливи политики. Во очекување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, токму поглавјето 27 за животна среднина ќе биде едно од потешките и проблематични бидејќи земјава ќе биде соочена со обврската за исполнување на бројни еко-европски стандарди.

 

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet