Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДОБРЕДОЈДОВТЕ БЕГАЛЦИ

August 27, 2021 Filed Under: Колумни

БИЉАНА СЕКУЛОВСКА

Низ годините, како што поминуваат, многу често се заборава на историјата на оваа земја, но  и на историјата воопшто, светската. Мицкоски заборава колку уметници, писатели, научници, морале да си одат од земјите од каде што се родиле, луѓе на кои им го должиме развојот и воопшто животот, каков што денес го познаваме

Во право е Христијан Мицкоски кога вели дека треба да има солидарност кај богатите држави и да примаат повеќе бегалци Авганистан, од планираните досега. Но, тој потоа додава- неприфатливо е и е погрешен потег Македонија да прима многу повеќе бегалци од побогати држави од нас. Мицкоски тоа го вели, иако многу добро знае дека Америка објави финансиска поддршка за Македонија, токму за бегалците, и токму за луѓето кои работеле за нивната Влада и за нивните сојузници, кои инаку, да не заборавиме- тоа се и наши сојузници и пријатели, особено САД. Или Авганистан, со чија солидарност, како што стои на таблата пред Универзалната сала, е изграден овој храм на културата.

Низ годините, како што поминуваат, многу често се заборава на историјата на оваа земја, но  и на историјата воопшто, светската. Мицкоски заборава колку уметници, писатели, научници, морале да си одат од земјите од каде што се родиле, луѓе на кои им го должиме развојот и воопшто животот, каков што денес го познаваме. Затоа што биле принудени, прогонети и несреќни, затоа штоорале да избегаат од ѕверовите, за да дојдат меѓу своите, меѓу луѓето.

Да не заборави Мицкоски- секоја општествена заедница е создадена на доброволна основа, во која граѓаните освен што имаат привилегии, права и слободи, еднакво имаат и  обврски и одговорност. Тоа подразбира солидарност, емпатија, подадена рака и некаква елементарна милост кон останатите, како цивилизациска придобивка, како потсетување од што се разликуваме од ѕверовите. Понекогаш дури станува збор и за жртвување на сопствените желби и потреби, во име на заедничкото, поголемото, општото добро, кое за возврат, на крајот секогаш подразбира и добро за индивидуата, ако ја погледне поголемата слика.

Тоа е случајот и со вакцинирањето, кога луѓето мислат дека се изолирани острови, запрени со временска машина во средниот век, кога науката немала многу што да понуди, а за возврат научниците добивале прогони, ѕверства и егзекуции, со порака- дека човештвото нема иднина со прогресот. И сепак- револуциите и борбата за развој покажале дека единствената шанса за да успее човештвото е научната мисла, која спасила милиони и милиони од смрт со достигнувањата, меѓу кои секако дека се и вакцините. Колку и да биле прогонувани, малтретирани, убивани научниците, победата ја однеле токму тие, а не ѕверовите.

Денес, со авганистанските бегалци, ние сме тие луѓе од кои се бара да се подаде рака, да се биде човек, што секогаш е единствениот пат, колку и тешко тоа да го прима Мицкоски. Ние, кои нека нема сомнежи, сме вушност сите ние некакви дојденци од некаде, макар се работело за нашите предци, најдалечните и најнепознатите.

И да,  можеби некогаш ќе отидеме којзнае каде и кога, ќе сакаме или ќе мораме, ќе бидеме принудени и гонети, затоа што никогаш не се знае во животот ништо, ама баш ништо. Можеби и некогаш ќе не стигне фатвата, оној проглас кој повикува на смртна казна, како во случајот со Салман Ружди, после неговите „Сатански стихови“. Кога на Ружди од Би-Би-Си Радио му побарале одговор на оваа закана, тој храбро одговорил- „Искрено, би сакал да напишев покритичка книга“.

Во ваква земја во која Мицкоски, како лидер на опозицијата не покажува ни трошка солидарност кон бегалците, нималку емпатија, тешко е да се посакува да се дојде. Никој не би сакал да дојде, ниту минута да остане, во земја во која живее Мицкоски, во ваква земја, во која тие луѓе нема да бидат товар, туку тој, и тоа на сите нас.

Filed Under: Колумни

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet