Ништо не може да ја сопре енергијата која зрачи од оваа 97 – годишната уметничка која неодамна и по втор пат е наградена на фестивал во Варна
Ништо не е невозможно: Добрила Чабриќ беше најдобра на фестивалот во Варна, имаше посебен адут за триумф. Да, таа е истата онаа наша уметничка која победи во во третата сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“, Добрила Чабриќ со својот глас и духовитост го освои регионот и иако има 97 години, патува низ регионот и настапува на музички фестивали.
Добрила неодамна учествуваше на меѓународниот фестивал во Варна, и повторно освои вредна награда.
– Пред 6 години бев победник на тој фестивал. Овој пат настапувам во конкуренција на натпреварувачи од 14 земји – изјави Добрила непосредно пред патувањето во познатото бугарско одморалиште, каде што се одржа оваа манифестација.
Добрила подготви и нова песна „Не сум кажала се“ со која настапи на фестивалот, а се покажа како полн погодок, бидејќи од Варна потоа се врати со награда.
Да потсетиме, актерката и пејачка живее во склад со својот младешки дух, а неодамна за Гранд призна дека решила да прифати уште еден нов предизвик.
– Сега се прави сценарио да играм монодрама за мојот живот, во Народниот театар Скопје, и особено ме радува тоа. Оттаму почнав како актерка и тие се среќни што успеав да ја играм и што воопшто можам да ја играм. Планирам подоцна да го изведам на српски јазик во Србија – откри неодамна Доби за Гранд.
Добрила Ивановска-Чабриќ (р. 1 февруари 1928 во Бариќ) е, да нема забуна македонска театарска и филмска глумица и пејачка.
Добрила Ивановска-Чабриќ е доајенка на Македонски народен театар и пејачка. Во Македонски народен театар се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик, „Платон Кречет“. Во МНТ за единаесет години активна глумечка кариера, остварила 29 улоги. Покрај МНТ таа гостувала и во Драмски театар – Скопје.
Добитничка е на наградата на Народна Република Македонија, за најдобра женска улога, и тоа за улогата на ликот Графира во „Волци и овци“, како и наградата за Радиодифузијата на денон на југословенското радио. На Радио Скопје заедно со Петре Прличко ја воделе емисијата „Весела вечер“.
Театарската кариера ја продолжува во Театарот „Терезије“ во Белград. Потоа ја започнала нејзината кариера како пејачка. Со „Дуото Нанос“, 20-години патувале и настапувале во: Македонија, Србија, Кипар, Русија, Франција и Бугарија, каде две години се на второто место на бугарската топ листа. Добрила Ивановска-Чабриќ доживува голем успех во грузиската група „Диело“, со различен репертоар на неколку јазици. Во 1970 година Добрила повторно продолжува со својата самостојна кариера и повторна патува низ светот. Во 1980 година се сели во Дојран, каде живее и денес. Била омажена за Миленко Чабриќ со кого има еден син.
Во 2012 година, на 85 годишна возраст, Добрила по долгогодишна пауза се враќа на театарската сцена со монодрамата „Методот на Мис Маргарида” од Роберто Атајаде, во режија на сега покојната Виолета Џолева со која добива специјална награда на Меѓународниот фестивал на монодрама во Битола. Во 2018 година на 90 години победува на телевизиското музичко шоу „Никогаш не е доцна” со најголем број гласови од публиката. На 22 издание на “Еврофест” и беше доделена наградата за севкупно музичко творештво.