Таа е припадничка на 56-та украинска пешадиска бригада. Нејзиниот син дома го чуваат бабата и дедото. Има двајца браќа со неа на фронтиот
Првата линија на фронтот во источна Украина е покриена со снег, а оружјето од голем калибар е главно тивко. Но, снајперистите се составен дел од белата бездна оваа зима.
Украинските војници кои забораваат да ги наведнат главите во ровови слични на оние од Првата светска војна, ризикуваат да бидат застрелани во глава. Конфликтот овде трае од 2014 година, кога сепаратистите, со поддршка на Москва, окупираа делови од регионот на Донбас. Убиени се најмалку 13.000 луѓе, и војници и цивили.
Сега западните лидери предупредуваат на нешто многу полошо – целосна руска инвазија на Украина. Ако тоа навистина се случи, источниот фронт лесно може да биде почетна точка, при што проруските бунтовници го отвораат патот.
Но, зголемената загриженост во светот не е во согласност со она што можете да го слушнете од некои Украинци.
„Не верувам дека ќе дојдат Русите“, рече социјален работник од истокот, кој не сакаше да ни каже името.
„Верувам во моите очи и уши. Сега е всушност потивко овде отколку минатиот месец. Ова е само војна на информации“. Рефренот „нема што да се види“ редовно го повторува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Марија се труди да не се грижи премногу за ова опкружување.
Овој дваесет и шестгодишен украински војник, зборлест и мал, е во рововите, вооружен со калашников и совршен маникир. Таа е припадник на украинската 56-та пешадиска бригада. (Војската побара да го користиме само нејзиното име за да спречиме провокации и навреди на социјалните мрежи). „Се трудам да избегнувам политика и да не гледам телевизија и се трудам да не се грижам премногу“, вели Марија.
„Но, ние сме подготвени. Поминавме многу тренинзи. Знам дека нема да биде како вежбање, на сите ќе им биде тешко. Но, нашиот морал е висок и нема да се откажеме“.
Во војска се и браќата на Марија. Двајцата служеа во украинската национална гарда. Нејзиниот најмлад брат наскоро ќе биде на првата линија, како дел од екипаж на тенк. Дома, нејзините пензионирани родители се грижат за нејзиниот четиригодишен син.
„Беше многу тешко да го оставам“, рече таа. „Но, од шестата година сонував да бидам во војска. Мислам дека нема да завршам на фронтот, но не жалам што сум тука“.
Во близина, еден од нејзините браќа сече дрва со секира.
Струјата е постојана закана, како и сепаратистите на околу еден километар оттука. Марија оди по тунелот до нејзиниот нов дом, подземен со воен кревет. Детските цртежи со светли бои се прикачени на ѕидот со кал. „Ни беа испратени од различни училишта, во знак на благодарност“, рече таа.
Војната на Марија се води за иднината на нејзината татковина, но на крајот може да виси многу повеќе од судбината на Украина.
Но, некои овде сè уште се плашат.
„Секогаш кога ќе слушнам бучава, срцето почнува да ми чука како лудо“, вели Људмила Момот, 64-годишна прабаба со златен преден заб.
Момот многу добро знае што можат Москва и нејзините сојузници.
Нејзиниот дом во последните 30 години, во селото Невилске, беше уништено во ноември минатата година од сепаратистичко гранатирање.
Таа се врати во Невилске, сега напуштено село, за да ни ги покаже урнатините.
„Ова е рана што нема да зарасне до крајот на мојот живот“, вели таа низ солзи, фрлајќи поглед кон отворот каде што некогаш и била влезната врата.
„Морав да извлечам од урнатините во ноќницаа. Стапалата ми беа крвави. Ние сме во осмата година од војната, до кога ќе траат нашите маки?“
Ја прашав пензионираната млекарка дали би сакала да му каже нешто на претседателот Путин. „Помирете се“, рече таа. „Постигнете договор. Сите сте возрасни, учени луѓе. Договорете се за мир за луѓето да можат да живеат слободно, без солзи и страдања“.
Во модерната верзија на војна и мир, крајната цел на рускиот лидер останува нејасна. Дали собра 100.000 војници долж украинската граница за да изнуди отстапки од НАТО – читај САД – или да окупира уште едно парче од туѓа територија?
Едно можно сценарио е ненадеен упад, со сили испратени само во источна Украина. Кремљ најверојатно ќе ги претстави како „мировници“ кои ги штитат сопствениците на руски пасоши. Москва неодамна беше зафатена со издавање на стотици илјади пасоши на територијата што ја држат сепаратистите.
Украинските војници инсистираат дека ако дојдат Русите, нема да им биде лесно како кога го анектираат Крим во 2014 година. „Овој пат сме подобро подготвени“, рече Аљона, војник распореден на исток.
„Се сомневам дека Русите ќе извршат инвазија. Тие сакаат да создадат паника и да ја користат како лост во преговорите“, рече таа.
Дури и да нема копнена инвазија – а Москва инсистира дека нема да биде – штетата е веќе направена.
(BBC)