Во Торонто се одржа Светска конференција за социјални медиуми: што се случува со приватноста на корисниците?
Пред десет години Фејсбук, Твитер и сличните мрежи беа примени позитивно, но денес, довербата кон онлајн просторот е сериозно нарушена. Приватноста на корисниците ќе биде во фокусот на јубилејната, десетта Меѓународна конференција за социјални медиуми што од 19 до 21 јули ќе се одржи во Торонто, Канада.
Во 2010 година, кога се одржа правата ваква конференција, платформите како Фејсбук, Твитер и сличните на нив, беа гледани во исклучително позитивно светло. За разлика од тогаш, ситуацијата денес е променeта.
Главното прашање овој пат ќе биде поврзано со приватноста на корисниците и нивната доверба кон социјалните мрежи. Според Анатолиј Грузд, од универзитетот Раерсон, кој е дел од организацијата на настанот, денес постојат поделени мислења за социјалните медиуми.
„Луѓето го увидуваат значењето на платформите, но и потенцијалното негативно влијание врз нивните животи и заедници. Ефектите можат да бидат социјални, лични, политички“, вели професорот.
Конференцијата се случува во време кога влади, непрофитни организации и корисници се борат со негативните ефекти од социјалните мрежи.
Претседателот Доналд Трамп неодамна во Белата куќа свика самит за социјални медиуми, со тврдење дека Твитер, Фејсбук и другите социјални медиуми се пристрасни и се настроени негативно кон него и кон конзервативците.
Социјалните мрежи пред 2000 година не постоеја како поле на истражување, а денес се дел од речиси секој аспект на животот.
Подвоеност кај тинејџерите за социјалните медиуми
Валери Стивс, професорка на Универзитетот во Отава и една од главните говорници на конференцијата, вели дека тинејџерите и младите лица, за разлика од пред десет години, денес се многу повнимателни во своето експонирање онлајн.
„Во 2000 година, тинејџерите беа на интернет, зашто тоа беше ‘кул-место’. Денес, се закачуваат онлајн зашто веќе е инфраструктура што мораат да ја користат“, вели Стивс.
Таа додава дека младите денес се внимателни за тоа што го објавуваат. Според Стивс, тинејџерите се загрижени дека нивните податоци можат да бидат грабнати од корпорациите.
Скорешна студија спроведена меѓу 5.500 лица во Канада на возраст од 11 до 17 години во покажала 95 проценти од испитаниците не сакаат огласувачите да им ги гледаат објавите на интернет.
Во последните неколку години се намали и довербата кон компаниите што ги водат социјалните мрежи. Причина за тоа се дел од инцидентите, како што беше скандалот на Фејсбук со Кембриџ аналитика. Компанијата дозволи на надворешна агенција да има пристап до податоци на корисниците, кои потоа биле употребени во политички кампањи.
Сепак, социјалните мрежи и натаму имаат голема моќ да ги поврзат луѓето кога станува збор за заеднички интереси. Многу повеќе од која било друга форма за комуникација. Еден пример од конференцијата покажува и како жените во Кина користат кодиран јазик на социјалните медиуми кога станува збор за сексуално насилство, а со цел да ја избегнат цензурата.
Во последните неколку години се намали и довербата кон компаниите што ги водат социјалните мрежи. Причина за тоа се дел од инцидентите, како што беше скандалот на Фејсбук со Кембриџ аналитика. Компанијата дозволи на надворешна агенција да има пристап до податоци на корисниците, кои потоа биле употребени во политички кампањи.
Во друг документ за Конференцијата, се истражува динамиката на поларизацијата за време на претседателката кампања во Бразил во 2018 година. Истражувањето покажало дека консумацијата на лажните вести останале претежно во круговите на поделените политички заедници.
„Лажните вести можат да останат во џебови. Сепак, тоа не ги прави помалку опасни. Тие можат да продуцираат екстреми ставови“, вели Грузд.
Довербата, приватноста, поделеноста и можностите за комуникација и натаму ќе бидат поле на истражување, во новите општествени текови.