ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Миле Јанакиески, реално, не доби ништо со тоа што му беше изречена условна казна за „шамарите во Центар“, оти нему допрва ќе му бидат изрекувани пресуди, ама барањето тој да биде прогласен за жртва на незаконското прислушување е чиста перверзија
На толку многу настани кои се случија минатата недела, мене најголем впечаток ми остави поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Првото нешто со што Миле „ме освои“ беа неговите завршни зборови дадени на судењето за насилствата во Општина Центар. Имено, Јанакиески цени дека тој не треба да биде осуден, бидејќи никој никому не мќудрил „неколку жешки шамари“. И кога веќе нема шамари тогаш нема ни кривично дело, а кога нема дело не може да има каква било осудителна пресуда?!
Малку чудно размислување, но тоа е одбрана – негова одбрана и негово право. За „Шамарите во Центар“, судечки совет од скопска „единица“ на Јанакиески му изрече условна осуда. Нему, како што е веќе познато, судијата Душан Јосифов му изрече затворска казна во траење од една година која се заменува за условна доколку Јанакиески не стори ново кривично дело во следните четири години.
Пресудата, само навидум, е нешто што може да му одговара на Јанакиески, бидејќи „неговото време допрва доаѓа“. Точно е тоа дека Миле, барем засега, успеа да избегне одење во затвор, но таа негова „среќа“ може многу скоро да се пртетвори во негов пораз, само ако се земе предвид дека на Јанакиески му претстојат уште неколку судења и нови казни.
Немам намера да ја коментирам пресудата за „шамарите“, во смисла на тоа дали со неа е задолена правдата или се задоволени обвинетите, но ред е да се спомене дека судијата кој ја донесе е истиот оној кој, на двапати за една недела, вршеше увид кај клучката „Хиподром“, односно на местото каде што загина Никола Младенов. Ова вреди да се спомене, бидејќи за многумина увиодот кој го направи Јосифов е еден од најлошите во историјата на судството, а„лошиот увид“ тој, поради одредени пропусти, го повтори после неколку дена, откако на местото продефилираа десетици новинарски екипи. Епилогот од увид е познат и за смртта на Младенов беше одржана и прес-конференција на која учествуцаа лица кои не смееше да бидат таму!
Но, да се вртатам на Миле, бидејќи и мене „ми текна“ на него, а Јанакиески не застана со пресудата. Неговото второ, големо изненадување (секако тука не го бројам неговото обвинување упатено на адреса на владиката Агатангел, како човек кој стоел зад протестите и случувањата од 27. април 2017 година), е неговото писмо до судот. Всушност, Миле на судот му појаснува дека треба да му каже на Обвинителството дека тој е најголема жртва на незаконското прислушување, дека претрпел штета и дека имал „нарушена емотивна стабилност“.
Умно му е тоа што сака да биде прогласен за жртва, но тоа да го правиш на судење за случајот „Таргет – Тврдина“ е во најмала рака перверзија.
Она што се наметнува како проблем не е моментот на прислушувањето, туку тоа што зборува за „пет посто оде целото“, а тоа е некаде околу 20 (милиони евра) од целото. Миле има проблем и со уривањата и казнувањата на поединци и фирми, тоа што сакаше да им ја е.е мајката на дуќанџиите, тоа што сакаше да има „пиштејне и вриштејне“, што сакаше да помесува цели згради во центарот на Скопје, што сакаше да крати пари за спомен домот на Тоше Проески, што сакаше да отвора вреќи во кои се гласачкиот материјал со потпишаните записници.
Бројни се зулумите на Јанакиески и тешко е сите да се набројат. Но едно е факт: за сите нив слушнаваме од устата на Миле, а устата му е баш погана!
Малку време ќе помине и Миле Јанакиески ќе ја добие и првата ефективна казна, а по неа ќе дојде и втората и третата, па условната ќе биде преинчаена во ефективна….
Миле сега делува мирно и сталожено. Веројатно и нему „му текна“ дека оној кој што го тераше да го прави сето тоа што не смееше да го прави не е во затвор, туку во Будимпешта!
Требаше Миле да се сети на сопствените зборови:„лесно е да си ‘дил ориентид’ кога не ставаш потпис на штетни договори“, бидејќи во затвор оди оној кој ем знае дека се штетни, ем ги потпишува!
Чинам дека сега е предоцна за Миле?
Друго ништо не ми текнува!