Очевидно е дека постои компетиција меѓу премиерот на Албанија Рама и премиерот на Косово Курти околу купувањето на симпатиите на дијаспората. Настанот од минатата недела, митингот на Рама не создава поволна атмосфера околу предлогот на Бакојани за прием на Косово во Советот на Европа во грчката јавност. И… Курти доби само одложување на приемот се’ до исполнување на некои услови!
Нешто што не го сретнав во најголем дел од нашите медиуми е прашањето за одложувањето на влезот на Косово во Советот за Европа. Париз и Берлин донеле заеднички заклучок дека Косово не ги исполнува условите за влез во Советот заради непочитување на своите обврски од договорите постигнати во двата документи (Брисел и Охрид), пред сѐ, околу функционирањето на Заедницата на српските општини!
Будимпешта била против отворањето на ова прашање, но на еден поинаков начин, со оценка дека секогаш кога се отворала вратата на Европа за Приштина таа била сѐ полоша кон своите обврски од преговорите со Србија.
Како и да се земе ова е голем пораз за Курти, кој едноставно со својот експанзионистички национализам влезе со две нозе и во нашиот двор, заедно со претседателката на Косово! Ова со Влен секако е негов производ и може да се смета за мешање во внатрешни работи на друга земја. Мислам дека и тоа има влијание на ставот на Европа кон овој политички курс.
Косово, во најдобар случај, ќе може да чукне на вратата на Советот на Европа веќе во ноември, а поверојатно дури до година, секако со претходно коригиран однос кон своите обврски.
Инаку, заврши 133-та седница на Комитетот на министри на Советот на Европа, односно редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на СЕ, кој, според процедурата, се одржува еднаш годишно. Шефовите на дипломатиите имаа дводневни средби. И покрај очекувањата и напорите, Косово не беше на нивната агенда, пишува Коссев, а опренесува Цивил (https://civilmedia.mk/sednitsata-na-sovetot-na-evropa-zavrshi-bez-rasprava-za-priem-na-kosovo/)
На оваа пролетна редовна седница учествуваа вкупно 46 министри.
Заседанието беше и последниот чекор за Косово да стане членка на оваа меѓународна организација, откако претходно извештајот за нивниот прием беше одобрен во Комисијата за политика и финансии, како и во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани кој присуствуваше на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, истакна дека поради неодлуката за членство на Косово е изгубена историска шанса за Приштина, објави Косово онлајн.
„Недонесувањето одлука за членство на Косово на денешниот министерски состанок на Советот на Европа е изгубена историска можност Косово да има заслужено место на масата и посилен глас во формирањето на обединета и демократска Европа“, напиша Хасани на социјалната мрежа Х.
Наслуѓувајќи ги последните одгласи пред министеерскиот самит на Советот на Европа а по неколкунеделен отпор, владата на Аљбин Курти сепак најавуви дека ќе испрати некаков предлог-статут на Заедницата на српските општини до Уставниот суд. Јасно тоа беше задоцнет обид Косово да биде примено во Советот на Европа?.
Шефицата на косовската дипломатија Доника Гервала во мината среда во писмо до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Рузопулос изјави дека предлогот на Владата за статутот на ЗСО ќе го достави до Уставниот суд до крајот на мај.
Тој предлог, како што се наведува, се заснова на нацрт презентиран од германската фондација „Фридрих Еберт“.
Гервала изјави дека „не само што е обезбедено целосно почитување на Уставот и законите на Република Косово, туку истовремено спречуваат неовластени интервенции однадвор, како во општините така и низ Косово“. Таа додаде дека затоа министрите на земјите членки на Советот на Европа немаат повеќе пречки да го примат Косово.
Има најмалку два проблеми со тоа. Прво, западните земји, пред сè Германија и Франција, побараа Приштина да го користи нацрт-статутот на ЗСО што беше испратен како нон-пејпер од земјите од Квинтата.
Второ, не е сигурно дека Уставниот суд на Косово дури и ќе прифати оценка на уставноста на некаков нацрт- статут. Ова до сега беше аргумент на Аљбин Курти – дека Уставниот суд суди закони, а не неформални акти.
Неодамна Вучиќ изјави дека Косово во моментов има поддршка од 29 до 33 земји. Потребно е двотретинско мнозинство, најмалку 31 глас од 46 членови. Во превод, тоа е густо.
Вучиќ не беше единствениот кој драматично зборуваше за претстојното изјаснување на министрите. Германскиот социјалдемократ од SE Франк Швабе рече дека шансите се педесет – педесет. Во исто време, Швабе нема причина да шири дефетизам. Тој неодамна беше опишан од „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ како берлинскиот „мотор“ на приемот на Косово во Советот на Европа.
Но, се чини дека ниту тој „мотор“ не беше доволен да го убеди партискиот пријател и канцелар Олаф Шолц. Иако Вучиќ ги обвини Германците за „брутална кампања“ за прием на Косово. Некои српски експерти кои на Твитер влегоа во дебата со нив, потегот на Курти го гледаат само како смоква за да најдат дополнителен аргумент за прием на Косово во Советот на Европа.
Собирот на албанската имиграција организиран од Еди Рама пред десет дена во арената „Галаци“, предизвика нови тензии во грчко-албанските односи, бидејќи е доживеана како шлаканица за Грција поради однесувањето на Дора Бакојани и предупредување дека Грците ја заборавиле Големоалбанската аспирација, смета историчарот и политички аналитичар за Новости – Срѓан Граовац. Тој објаснува дека овој собир е само показател дека големоалбанските националистички идеи не се претставени само од екстремистичките кругови во Приштина, туку и од оние во Тирана, кои не се изразиле толку агресивно. „Тоа ривалство меѓу Курти и Рама доведе до натпревар околу тоа кој ќе заземе поекстремна позиција“, вели Граовац.
Тој оценува дека на овој начин Рама решил да му парира на Аљбин Курти и да се претстави како голем албански лидер.
„Ова е шлаканица за Грција поради однесувањето на Дора Бакојани и предупредување дека Грците заборавиле на големоалбанската аспирација. Тоа ги принудува и Србите и Грците да се помират“, вели Граовац.
Албанскиот премиер Еди Рама им се обрати на мигрантите од Албанија, партиските активисти и нивните поддржувачи во Атина за време на митингот што се одржа во локалната спортска сала со огромни безбедносни мерки.
„Катемирини“ наведува дека овој собир се одржал вчера во атинското предградие Галачи. Се наведува дека собирот почнал порано изутрината, а Рама овој митинг го рекламирал на својот Фејсбук профил.
Грчкиот весник наведува дека овој настан разгорува нови тензии во односите меѓу Грција и Албанија.
Се потсетува дека Рама на толпата и рекол дека „Грција е демократска земја“ која „не може да спречи лидер да дојде во приватна посета и да им се обрати на своите сонародници“.
„Ова привлече повеќе внимание отколку што можеби требаше, но не во вистинско време пред изборите за Европскиот парламент“, рече Рама пред митингот. „Тирана пост“ наведува дека Рама на собирот на албанските мигранти во Атина рекол дека пристигнал во грчката престолнина за да се сретне со оние кои се „рамноправни господари“ во таа земја, а не со „поранешните слуги на Грција“.
„Некој кажа дека не требаше да ви дојдам на посета, но тие можеби, откако ќе го видат ова искажување на семејна среќа, ќе разберат дека не дојдов да се состанам со нивните поранешни слуги. Дојдов да се бориме заедно со еднаквите газди на оваа куќа. Вие, Албанците од Грција, денес носите дополнителна вредност во работата, знаењето и културата на оваа благословена земја која пред 25 века била колевка на филозофијата и демократијата, а со која сме поврзани не само по тоа што сме соседи“, рекол Рама. Тој го цитирал албанскиот писател Наим Фрашери кој во поема на грчки јазик порачал дека вистинската желба на Албанците е да живеат во мир и хармонија со своите соседи.
„Ние сакаме со нашите соседи, Словените и Грците, да живееме во хармонија, во ред и мир. Да не станеме непријатели и да се бориме, претрпевме доволно патење и тиранија“, рекол Рама.
Италијанската агенција наведува дека Рама со митингот во Атина ја започнал турнејата низ земјите во кои живеат негови сонародници
Според тврдењата од Тирана, на собирот во грчката престолнина имало околу 10.000 Албанци кои живеат во таа земја. Оние кои не успеале да влезат во полната сала останале надвор и го следеле обраќањето на Рама на големиот екран кој бил поставен тука.
Агенцијата наведува дека Рама по Атина ќе ја продолжи турнејата по албанската дијаспора и на 26-ти мај ќе отпатува во Милано. Таму ќе се состане со сонародниците кои живеат во тој град на северот на Италија, а после тоа на 2-ри јуни ќе отпатува во британската престолнина Лондон, додека за 25-ти јуни е планирана посета на Рама на германски Дизелдорф.