Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДОКТОР

July 9, 2018 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Концентрацијата на вниманието на самиот чин на докторирањето на бившиот премиер ја фрли во сенка докторската супстанца на трудот, односно одговорот на прашањето во што таа работа претставува научен пробив, интелектуален и научен исчекор во областа што ја обработува, која е новата научна вредност што ја донесува.

Груевски е малку повеќе оптоварен со судски рочишта, но тој е (се уште) слободен човек и да има пасош, би можел да се обиде да докторира и на Ломоносов. Но, концентрацијата на вниманието на самиот чин на докторирањето на бившиот премиер ја фрли во сенка докторската супстанца на трудот, односно одговорот на прашањето во што таа работа претставува научен пробив, интелектуален и научен исчекор во областа што ја обработува, која е новата научна вредност што ја донесува.

Или е тоа ниво на дневните забелешки за феномените за кои се пишува, лоша компилација на средношколско или приправничко новинарско ниво, политичко обраќање на некој семинар. Јас имам основи да се сомневам дека Економскиот факултет денеска издаде лажна докторска лиценца, без адекватно научно покритие во трудот што беше бранет.

Тоа претставува морална и стручна деградација на Факултетот. Како единечен случај, а и како продолжена пракса, тоа бара од културната и стручна јавност да ги симне сите препораки за студирање на оваа високошколска установа.

Трето, политичкиот, интелектуалниот и човечкиот профил на Груевски, со кој имавме можност да се запознаеме во детали за време на неговото единаесетгодишно владеење, па и потоа, со разурнувачки последици врз економскиот, финансискиот, институционалниот и правниит поредок, како и врз културно-историската и образовна основа на заедницата и на државата, на особен начин го уриваат интегритетот на факултетот и на комисијата и прават од нив инстанци ослободени од какви било општествени одговорности и морални скрупули.

…..

Наџиб Разак ќе присуствува на одбраната на докторската дисертација на својот поранешен колега. Ако го пуштат властите во Малезија. И ако знае која чантичка да ја одбере од збирката од триста „хермеси”. И дали да ги стави „мајбасите” од три милиони евра, да не би да биде тоа малку потценувачки кон македонскиот ѕвер.
„Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на криминалот, со посебен осврт на Република Македонија”
Докторска дисертација на Груевски.
Со оваа тема би можел да докторира и на Харвард.
Разак ме замоли да пуштам некоја убава песна како честитка за новиот доктор. Од него, од мајка му Надао, братучедот Сашао, вујната Мара, и останатата родбина. Па, еве, јас ја одбрав песната на Забрането пупење “Ја сам гузоњин син”

Filed Under: Колумни

БУЈАР МУЧА: ПОЧНА СО ШИЛЕГОВ, ЗАВРШИ СО ЉУТКОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (144): ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА ОДИ НАДОЛУ, НАРОДОТ СЕ УШТЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВА ТОА
БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА
ПОРАНЕШЕН ЈУГО-ПАЗАР НА ТРУДОТ: УСЛОВИ, ВРАБОТЕНОСТ, ПЛАТИ….
КАЛАЈЏИЕВ ЗА ТРИЛИНГ: ВЛАСТА НЕМА ИНТЕРЕС ДА ОБЗНАНИ КОИ КОМУНИКАЦИИ СЕ СЛЕДЕНИ КАЈ МИЦКОВСКИ

Најново

  • БУЈАР МУЧА: ПОЧНА СО ШИЛЕГОВ, ЗАВРШИ СО ЉУТКОВ
  • ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (144): ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА ОДИ НАДОЛУ, НАРОДОТ СЕ УШТЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВА ТОА
  • БРИТАНИЈА ПРЕПЛАВЕНА СО НАЦИОНАЛНИ ЗНАМИЊА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet